Американско катче во Струга

Денес во просториите на старото ОУ. „Браќа Миладинови“,  во присуство на американскиот амбасадор Филип Рикер се отвори катче во кое американската култура ќе биде поблиску до стружани.

 |  Билјана Николовска  | 
Filip Riker
Филип Рикер

amerikansko katce strugaАмериканскиот амбасадор Филип Рикер во обиколка на Струга. Цел на посетата беше свеченото отварање на американското катче. Ова е можност плус стружани нешто повеќе да дознаат за американската култура. Ново адаптираната просторија во старото О.У. „Браќа Миладиновци“, е уште еден доказ дека кога се сака се се може. Градоначалникот на општина Струга Рамиз Мерко во негово име како и во име на целата општинска администрација, изрази голема благодарност кон амбасадорот Рикер, поради неговото присуство на свеченото отварање на американското катче и напомена дека истото е од големо значење за општината.

Американскиот амбасадор Филип Рикер со задоволство ја пресече црвената лента на американското катче во Струга. Тој рече дека на рафтовите во просторијата во училиштето веќе ја гледа американската култура, која од денес ќе биде достапна за сите стружани.

Американското катче во Струга е финансирано од амбасадата на САД во Р. Македонија и од Локалната самоуправа. Веднаш после отварањето на катчето, Рикер ги посети двете струшки гимназии, кои деновиве ги финишираа работите околу поставувањето на оградата и видео мониторингот во училиштата.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top