Ако е кинеско, незначи дека не е квалитетно

Внимавајте какви играчки им купувате на вашите деца. Играчките со ознака ЦЕ се оние кои се произведени според дефинирани стандарди.

 |  Колоска Билјана  | 
logo
лого

Внимавајте какви играчки им купувате на вашите деца. Играчките со ознака ЦЕ се оние кои се произведени според дефинирани стандарди.

OPMНе е важна цената туку квалитетот на играчките.
Дали можеби досега сте се запрашале колку пати сте му купиле на вашето дете играчка без да знаете дека тоа всушност не е играчка? Колкумина купиле новогодишни украси, без размислување дека  можат да им наштетат на најмилите? Овие прашање се позачестено се поставуваат посебно во овој период од годината, кога за празниците е зголемена потрошувачката и на децата им се купува по некој подарок. Стручните лица порачуваат играчките да бидат дизајнирани и произведени според стандардите за  хигиена но и да се избегне било каков ризик од инфекција или болест. Во јавноста кружат информации дека најштетни или пак опасни играчки се оние чие производство е кинеско, стручните лица имаат свој став по ова прашање.
„Немора да значи дека не се квалитетни. Има и такви кои се изработени според сите стандарди. Многу фабрики за производство на квалитетни играчи се преселени во Кина, бидејќи работната сила таму е поефтина“-вели од Татјана Тасевска ОПМ.
Една од работите кои треба да се запази при купување играчки е возраста на детето за кое е наменета. Оние за деца до 1 година треба да бидат изработени од материјал што може да се дезинфицира, односно врие, а при тоа да не го менува квалитетот. Играчките да не се минијатурни за децата да неможат да ги голтнат. Доколку ги протресите и од нив паднат влакенца тие не се препорачливи.
Овие услови стого запазени се посебно во детските установи. Внимаваме какви играчки имаме, материјалот од кои се изработени и да се соодветни за возраста на децата, вели директорката на детската градинка „Сонце“,  Симонка Јаканоска.
„Веруваме дека играчки кои се продаваат се според сите критериуми, но има такви кои се придаваат на тезги. Нивниот квалитет никој не може да го гарантира, велат од ОПМ. Доколку се сомневаат во нивниот квалитет тогаш нека пријаватдо надлежните институции или пак во општинските Организации на потрошувачи“-вели Тасевска.
Освен при купување на играчки, граѓаните треба да бидат внимателни кога купуваат и козметички производи.
Денеска од ОПМ ги презентираа двете брошури за безбедност на козметички производи и детски играчки. Истите беа презентирани на трибина во Струга.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top