Клуч на врата на канцеларијата на Агенцијата за подршка и промоција на туризмот во Струга. Вработените не ќе можат веќе да го користат канцеларискиот простор во кој беа сместени досега. Тие од в понеделник не знаат каде ќе ги извршуваат своите работни задачи.
Вработените во Агенцијата за подршка и промоција на туризмот кои работат во Струга, на улица. Тие не ќе можат веќе да го користат канцеларискиот простор во кој беа сместени досега. Тие од в понеделник не знаат каде ќе ги извршуваат своите работни задачи.
Спратот од зградата на Кеј 8ми Ноември, каде се наоѓа канцеларијата на Агенцијата вчера беше продаден на јавно наддавање преку извршител за подмирување на долг на општина Струга кон проектанска фирма. Во оваа канцеларија функционираше Комисијата за доделување на субвенции во туризмот која е составена од три члена и двајца заменици. Каква ќе биде судбината на овие луѓе и каде тие понатаму ќе бидат сместени, сеуште не се знае. Информација околу тоа не добивме бидејќи директорот на Агенцијата, Јордан Трајков е на саем во Полска. Инаку, ова не е единствениот проблем на вработените во оваа канцеларија. Тие сеуште не знаат каков е нивниот правен статус дали станува збор за регионална канцеларија или поддружница. Овој проблем се наметна откога во мај 2011 со одлука на Владата седиштето на Агенцијата од Струга се префрли во Скопје. Дополнителна неизвесност за судбината на струшката канцеларија внесува и владиниот предлог за формирање на 8 регионални канцеларии. Некои од заложбите на политичарите се една таква регионална канцеларија за струшко-охридско – преспанскиот регион да биде лоцирана во Охрид, наместо во соседниот град.
Она што пак е поврзано со работата и финасирањето на оваа Агенција е посебна приказна. Вкупниот буџет на оваа институција за 2013 година е проектиран на 2,5 милиони евра или десет пати повеќе од оние средства кои се издвојуваа претходните години, а кои изнесуваа околу 250 000 евра. Евидентно е дека од работата на оваа Агенција во изминатите две години државата, а и туризмот не видоа некој посебен бенефит. Ниту е зголемен бројот на гостите, ниту пак се зголемени приходите во туристичкото стопанство, велат туристичките работници. Останува да видиме што Агенцијата ќе сработи и како ќе ги оправда не така малите стедства од 2,5 мил. евра кои ги има на располагање оваа година.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град