Аферата Изгрев добива нов тек

Синоќа ослободени од 20 месечниот притвор браќата Миладинови. Тие во наредниов период ќе се бранат од слобода. Бранителот на Миладинови, Драган Гоџо задоволен од одлуката на вишиот обвинител.

 |  Билјана Николовска  | 
Izgrev
хотел Изгрев

Dragan GodzoБраќата Миладинови ослободени од притвор. После 650 дена тие ќе се бранат од слобода. Како што веќе е познато на почетокот од годинава браќата Ѓорги и Димитар Миладинови беа осудени на 6 и пол годишна затворска казна за перење пари, измама со кредит и издавање исправа со лажна содржина. Ваквата одука беше донесена вчера на седницата на апелација кога вишиот обвинител се откажал од жалбите против нив и побарал од судот да ја укине одлуката. Бранителот на Миладинови Драган Гоџо задоволен од укинувањето на првостепената одлука.
Гоџо дециден во својот став дека не стравуваат од ново судење, бидејќи настанот му бил познат а доказите в рака. Тој рече дека аферата Изгрев полека се расплетува и ја открива вистината.
Во врска со тоа како се чуствуваат Миладинови после долгиот притвор, Гоџо рече дека нема потреба од никакви коментари бидејќи тоа се подразбира. Во моментов најголема сатисфакција за нив е што се меѓу најблиските.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top