8 години во потрага по „киднапираниот“ Мемети

Надежта на роднините последна умира, велат ќе бидат упорни до крај додека не се расветли случајот.

 

 |  Билјана Колоска  | 
Ramiz Merko
Рамиз Мерко

Надежта на роднините последна умира, велат ќе бидат упорни до крај додека не се расветли случајот.

8 години, ни трага ни глас од исчезнатиот албанец, Султан Мемети, од село Радолишта-струшко.
Неговито семејство, роднините  и сограѓаните
упорно години наназад се борат за правда.
Мемети, исчезна  на 6 мај 2001 година за врема на конфликтите во Македонија. Сограѓаните тврдат дека бил приведен, односно киднапиран од страна на струшката полиција, иако како што велат  не постоела причина за тоа. Од тогаш до денес нема информации  каде е исчезнатиот Мемети.

„Секое дете иам право да зане каде се неговите родители, така и јас саам некој да ни каже каде е мојот татко. Осум години се во потрага да дознаеме каде се наоѓа и дали е жив нашиот татко“-вели Азрем Мемети, синот на исчезнатиот.

semejstvoДека Мемети е киднапиран од полициски лица, тврдат 13 сведоци, но очигледно тоа не е доволен факт за да се аргументира тоа, кажуваат жителите од Радолишта. Велат дека имале средба со покојниот претседател на државава ,Борис Трајкоски. И тој им потрдил оти и неговите сознанија говорат дека  Мемети бил приведен од страна на  струшката полиција.

„И покрај овие информации, сепак никој не ја превзема одговорноста за киднапирањеро на нашиот сограѓанин“- вели Вердат Коруња, секретар на м.з Радолишта.

За обвинувањата на роднините и пријателите како и сограѓаните на Мемети, оти полициските службеници се инволвирани во овој случај, од таму ги отфрлуваат овие тврдења. Портпаролот на СВР-Охрид,  вели дека полициските службеници интервенирале по претходно пријавување од страна на граѓани, за исчезнувањето на Мемети и оти работат на откривање на случајот.
Роднините и пријателите на исчезнатиот стружанец потенцираа дека нема лесно да се откажат се додека не се разоткрие, каде е според нив киднапираниотсограѓани. Тие ова му го пренесоа и на првиот човек на Струга, градоначалникот Рамиз Мерко на денешната средба со него.

 

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top