70 години од битката кај Српница

Денес со полагање на свежо цвеќе на споменикот на паднатите борци од НОБ во с.Лешани и споменикот кај Српница се одбележа 70-годишнината од битката кај Српница.

 |  Голабовски Крсте  | 
igor trajkoski
игор трајкоски

Денес со полагање на свежо цвеќе на споменикот на паднатите борци од НОБ во с.Лешани и споменикот кај Српница се одбележа 70-годишнината од битката кај Српница.

споменикНа овој настан присуствуваше делегација од општина Дебарца на чело со градоначалникот Игор Трајкоски и делегацијата на сојуз на борци на општините Охрид и Дебарца. За значењето на овој настан пригодно обраќање пред присутните имаа Гоце Георгиески претседател на ОО на СБ и Крсте Крстаноски- учесник во НОАВМ.

Германските и бугарските окупаторски војски заедно со балистичките формации против едниците на НОВ и ПОМ ја превзеле пролетната офанзива која траела од 24 Април до 19 Јуни 1944год.Во рамките на оваа офанзива при крајот на Април Првата-Македонско-Косовска- Ударна бригада го отпочнала походот од Егејска Македонија кон Дебарца за да ја поврати територијата и да го ослободи сопствениот народ од теророт, грабежите и убиствата.

Во борбата на бригадата при пробивот на бугарскиот непријателски обрач на 29 Април 1944 г.  во месноста Српница, животите ги положиле 13 борци, кои со своите млади животи и пролеана крв се втемелија во создавањето на првата слободна македонска држава.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top