Во домот на културата во Вевчани со спектакуларен концерт, КУД „Дримкол“ прослави значаен јубилеј за Вевчани, „70 години организиран фолклор“.
Во домот на културата во Вевчани со спектакуларен концерт, КУД „Дримкол“ прослави значаен јубилеј за Вевчани, „70 години организиран фолклор“.
На самиот почеток на програмата беше прикажан документарен филм кој преку фотографии и видео материјали, живи сведоштва на стари луѓе и изјави на сите досегашни раководители на фолклорните групи во Вевчани, предизвика силни емоции кај публиката.
Покрај филмот, уште поголема возбуда кај присутните предизвика настапот на фолклорниот ансамбал ,,Дримкол,, кој на еден достоинствен, професионален начин, презентира воклани и орски изведби од западна Македонија, Повардарието, од Пиринска и Егејска Македонија и секако обредни сценски адаптации од Вевчани.
Со програмата на сцената синоќа раководеше позната актерка од МНТ, Снежана Конеска Руси која внесе дополнителна енергија и убавина во целокупниот амбиент.
„Вечерва беше величентсвено, бидејќи најдоброто, најквалитетното и најкарактеристичното од фолклорот на етничка Македонија беше најуспешно презентирано од страна на вештите играорци, свирачи и пеачи на КУД „Дримкол“ од Вевчани. Киткастата и во голем дел оригинална и уникатна носија која што може да ја има фолклорен ансамбал од највискок ранг, Дримкол ја поседува и достоинствено ја презентира на сцена. Ова е и својствено за Вевчани кое јас секогаш го нарекувам тврдина на македонштината и македонската држава. Вечерва од име на СОФАМ-ЦИОФФ за Македонија дојдов со најголемо задоволство да честитам еден голем јубилеј „70 години организиран фолклор“, и да им признаам на Вевчанци дека горди сме што „Дримкол“ постои во Македонија – изјави синоќа претседателот на сојузот на фолклорни ансамбли и ЦИОФФ за Македонија, г-динот Антонио Димитровски.
Поради големиот интерес, синоќа беја одржани два концерти во Вевчани, а од КУД „Дримкол“ најавуваат и приказ на синоќениот јубилеен концерт во Скопје и други градови во Македонија.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град