Кандидатките за пратенички на ОК на ВМРО – ДПМНЕ, Љилјана Затуроска и Надица Николовска презентираа над петстотини пораки напишани од граѓаните на Струга, а упатени до лидерот на СДСМ Бранко Црвенкоски.
Граѓаните на Струга во изминативе неколку дена имаа можност преку пишани пораки да се обратат до лицето кое им нанесе големо зло, велат кандидатките за пратенички на ОК на ВМРО – ДПМНЕ, Љилјана Затуроска и Надица Николовска. Тие задоволни од одзивот за акцијата за прибирање на ваквите пораки, констатираа дека граѓаните во голем број ја искористиле можноста да се обратат до лицето Бранко Црвенковски и да му кажат што мислат за тоа што тој му го направил на овој град, на овој народ.
Кандидатката за пратеник, Надица Николовска истакна дека на оваа прес конференција нема да имаат можност ни време да ги презентираат сите пораки, па затоа прочита само неколку од нив. Николовска потенцира дека во пораките стружани го искажуваат тоа што мислат за Бранко Црвенковски и за она што тој им го направил со неговата погубна политика.
Инаку пред само неколку дена, стружани имаа можност на три пункта во градот да го искажат своето мислење за Бранко Црвенквски. Сите пораки уредно во плико ќе бидат испратени на негова адреса, за да може самиот да се увери каде му е местото во македонската историја, вели кандидатката за пратеник, Љилјана Затуроска.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град