40 години од првата хемодијализа во Струга

Пред скоро половина век во Струга беше извршена првата хемодијализа. Заводот за нефрологија изминативе 40 години прерасна во регионален здравствен центар . Во план е воведување на нова хируршка процедура  –  трансплантација на бубрег, асе работи и на развој на здравствениот туризам.

 |  Соња Рилковска  | 

Заводот за нефрологија од 1978 година до денес прерасна во здравствена установа која брои 209 вработени од кои 25 специјалисти и друг високостручен кадар.

Во план е воведување на нова хируршка процедура – трансплантација на бубрег, за што веќе има операциона сала, но недостига медицинска опрема.

„Треба да се доопреми, инаку имаме нова операциона сала во уролошкото одделение во заводот која што може да се искористи и дури сега мислам дека сме во можност да правиме и посттрансплантациона нега. 0258 Опрема имаме, но мора да се освежи опремата со нови апарати со потребен ни е ехо апарат за ултразвучна дијагностика. Имаме многу пациенти во тој ехо кабинет од Струга, регионот и пошироко. Нови апарати за дијализа секако потребна е нова опрема“, вели Александар Попоски в.д. директор на Завод за нефрологија.

Во овој момент во болницата се дијализираат 120 пациенти на хемодијализа. Ги има од цела Македонија но и од Албанија и регионот. Заводот веќе развива здравствен туризам. Има дел за холидеј – дијализа во летните месеци, на брегот на Охридското езеро е изградена рибарска куќа во која се сместуваат околу 70 пациенти.

„Струга располага со одлични капацитети во поглед на здравствен туризам , во поглед на гастрономски услуги се надевам дека во иднина тоа мора да го заживееме пациентите да имаат квалитетна дијализа и добри услови и добри сместувања. Струга располага со убава клима и многу сончеви денови се надевам дека тоа во иднина ќе се оствари“, вели Попоски.

До крајот на 2017 година во оваа институција направени се над 900.000 дијализи.Најстариот пациент е Миле Кулески, кој цели 32 години се лекува во Заводот за нефрологија.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top