Основното јавно обвинителство – Струга поднело обвинение против Б.Б. и Е.Б., кои се товарат за убиство, кое се случи во декември минатата година на локалниот пат Струга – Долна Белица.
Основното јавно обвинителство – Струга поднело обвинение против Б.Б. и Е.Б., кои се товарат за убиство, кое се случи во декември минатата година на локалниот пат Струга – Долна Белица.
„По спроведена сеопфатна истражна постапка, Основното јавно обвинителство Струга поднесе обвинение против две лица. Обвинетите Б.Б и Е.Б се товарат за сторени кривични дела убиство од член 123 и недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 од Кривичниот законик“, стои во соопштението на јавното обвинителство.
На 13 декември минатата година, на патот меѓу Струга и Долна Белица се случи престрелка меѓу две групи, во која едно лице беше убиено, а две беа ранети.
Двајцата обвинети, Б.Б. (45) и Е.Б. (30), се жители на селото Велешта.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град