Ана Столеска новиот директор на О.У.„Јосип Броз Тито“

Од трите кандидатки, најсоодветна за оваа функција. Од локалната самоуправа велат, бираме по професионалност, а не политичка определеност.

 |  Билјана Ќосеска  | 
O.U. Josip Broz Tito
O.U. Josip Broz Tito

ОУ „Јосип Броз Тито„ од Струга доби нов директор. За прв човек на училиштето на местото на досегашната в.д директорка  Александра Башуроска, е поставена Ана Столеска. За директорската фотеља покрај Столеска, конкурирале Виолета Џутеска,  како и екс в.д.  директорка, Башуроска.

Трите кандидатки ги исполнувале условите за директорското место, но предност имала Столеска, бидејќи покрај положениот директорски испит,  имала искуство и како тренинг менаџер, за  обука на директори.

Инаку актуелната директорка на „Јосип Броз Тито“, Ана Столеска има претходно искуство бидејќи  околу три години беше директорка и на О.У „Гоце Делчев“ во село Јабланица. Инаку Столеска е  наставник по математика и физика.

O.U. Josip Broz TitoРаководителот на одделението за образование при општина Струга, Џејми Хајредини, за Столеска вели дека е голем професионалец со искуство во својата работа. Токму тоа е и причината поради која таа е избрана за директор на ова училиште, вели Хајредини.

Политиката на локланата самоуправа е да се назначууваат директори по својата професионалност, а не по политичката определеност. Ова се практикувало досега така ќе биде и во иднина, додаде раководителот.

Инаку на директорското место на Столеска, во ОУ “Гоце Делче“’ во Јабланица, моментално за вршител на должност е назначена Маја Маркоска, оделенски наставник.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top