Помор на риби во Коселска река

Фекалиите  од септичка јама во селото Орман, причина за угинувањето на јата плашици  и грунци. Еколошкиот инцидент кај локалниот инспекторат го пријавија екологистите од Грашница.

 |  Татјана Маленкова  | 
ribce
рипче

plashicaЕколошки инцидент во селото Орман. Претпладнево по  самостојно и нестручно чистење на сепричка јама се случи помор на риби во Коселска река која директно се влива во Охридското езеро.  „Ова не се случува по прв пат и не само овде, велат екологистите од Грашница кои го пријавија инцидентот. Кај сите  природни водотеци од Орман, Горно и Долно Лакочереј и Косел има чести појави од излевање на септичките јами во природните токови, обвинува Ванчо Стојаноски од Грашница.

„Конкретно овде имаме чистење на јами, што допринесе да се случи помор на рибите“, вели Ванчо Стојаноси од ЕД Грашница.

Утрово кога го увидовме овој еколошки проблем  бевме приморани веднаш да го известиме локалниот инсекторат, вели Борче Стојаноски.

„Го известивме локлниот инспекторат. Направија записник. Денешниот пример е показател дека мал ваков инцидент може да биде кобен за езерото“, вели Борче Стојаноски од  ЕД Грашница.

Стојаноски додава дека очекува инспекторатот  почесто да излегува на терен,  како и конечно средба на градоначалникот со владата со цел конечно да изнајдат решение за проблемот со колектрскиот систем.
Тој уште кажа дека во Еколошкото друштво имаат информации дека во автокампот Андон Дуков има целосно излевање на фекалии  од шахтите. Тој додава дека поморот на рибите во Коселска река е мал пример за тоа  што ни се случува со езерото.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top