Со целовечерен концерт викендов во Вилнус, Литванија, КУД „Дримкол“ од Вевчани го презентира македонскиот фолклор и традиција.
Со целовечерен концерт викендов во Вилнус, Литванија, КУД „Дримкол“ од Вевчани го презентира македонскиот фолклор и традиција. Овој концерт беше дел од проектот „Денови на македонската култура во Литванија“ во организација на Европскиот универзитетот за хуманистички науки од Вилнус.
Македонскиот фолклор во Вилнус беше презентиран преку Вевчански изворни кореографии и преку сценски обработки од различни етнички предели на Македонија. Во рамките на овој проект свои настапи имаше и соло пеачот Викторија Чочороска, апсолвент на Академијата за музички уметности во Скопје која изведуваше македонски традиционални изворни песни.
Овој проект е резултат на соработката и пријателството со проф. др. Надежда Черепан, редовен професор по културно наследство на Европскиот универзитет за хуманистички науки во Вилнус. Таа во последниве години редовно учествува на конференцијата за култура и туризам која се одржува во Охрид. Таа е голем љубител на Македонија и македонското културно наследство и посака барем дел од истото да биде презентирано од страна на КУД „Дримкол“ во Вилнус, изјави м-р Тошо Чочороски, претседател на КУД „Дримкол”.
Во рамките на ова патување, КУД „Дримкол” реализира и три концерти во градовите Здунска Вола и Ширац во Р. Полска и еден концерт во Стара Пазова во Р.Србија.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град