Тимот на Марч се враќа во Ф1

Се чини дека нема крај, барем кога се во прашање екипите кој сакаат или кој аплицираа за наредната сезона да учествуваат во Ф1 светското првеснтво.

 |  Крсте Голабовски  | 
bolid
болид

Се чини дека нема крај, барем кога се во прашање екипите кој сакаат или кој аплицираа за наредната сезона да учествуваат во Ф1 светското првеснтво.

Марч е нов кандидат, поточно тоа е екипата која мешу првите поднесе апликација за наредната сеозна.

bolidСопственикот е Андру Фитон, богаташ, кој има свој посед и во англискиот нисколигаш Свиндон. За разлика од останатите екипи, Марч веке има солидно искуство во Формула 1.
Екипата се појави во 1970година како независна екипа и добавувач на болиди. Така за овој тим во 1970година возеа Австриецот Крис Амон и Швајцарецот Џо Шиферт, додека во нивниот болид под името Турелов, Џеки Стуард беше победник на ГН на Шпанија во 1970година на 19-ти Април. Пет години подоцна, Виторио Брамбила е најдобар во Австрија возејки токму за Марч Форд, а наредната година Рони Петерсон прв ја пројде целта на ГН во Италија.

Тимот на Марч се повлече од Ф1 во 1992г кога првата трка во сезоната ја отворија Карл Вендлингер и Пол Белмондо, додека во Австралија на последната трка за овој тим во Формула 1 возеа Јан Ламерс и Емануеле Наспети. Тимот на Марч во периодот кога настапуваше во Ф1 ги користеше моторите на Алфа Ромео, Форд Косворт, Џуд и Илмор.

Името Марч е скратеница од имињата и презимињата на луѓето кој учествуваа со создавањето на оваа екипа во 1969година, а тоа се Макс Мозли, Алан Рес, Робин Херд и Грахан Коакер.

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top