Фелпс не му се враќа на пливањето

Најуспешниот олимпиец на сите времиња, американскиот пливач Мајкл Фелпс, кој стави крај на својата успешна кариера, ги демантираше наводите дека ќе се врати во базенот и ќе се подготвува за настап на ЛОИ 2016 во Рио де Жанеиро.

 |  Голабовски Крсте  | 
Michael Phelps
Мајкл Фелпс

Најуспешниот олимпиец на сите времиња, американскиот пливач Мајкл Фелпс, кој стави крај на својата успешна кариера, ги демантираше наводите дека ќе се врати во базенот и ќе се подготвува за настап на ЛОИ 2016 во Рио де Жанеиро.

Телевизиската станица „NBC2“ деновиве објави дека Фелпс има план да му се врати на пливањето, а шпеулациите се засилија затоа што тоа беше сторија на Питер Буш, синот на националниот тренер по пливање на репрезентацијата на САД, Франк Буш.

Michael Phelps„Зошто се уште читам и гледам приказни дека ќе му се вратам на пливањето? Нема ништо од тоа, мојата пливачка кариера е завршена“, изјави Мајкл Фелпс.

Во март Фелпс беше во Рио де Жанеиро во улога на промотер на следните Олимписки Игри во 2016 година, но и тогаш напомена дека нема да му се врати на активното пливање.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top