За Гути саботното суперкласико последно во кариерата

Хозе Марија Гутиерез, или попознат како Гути во сабота ќе го игра последното големо шпанско суперкласико во кариерата, откако објави дека во јуни си заминува од Реал Мадрид.

 |  Маја Савиќ  | 
Guti
Гути

gutiХозе Марија Гутиерез, или попознат како Гути во сабота ќе го игра последното големо шпанско суперкласико во кариерата, откако објави дека во јуни си заминува од Реал Мадрид
Гути, кој има 33 години во Реал е од 1995 година.

– Ова дефинитивно е мое последно класико. Сега не гледам никаква можност да продолжам. Решив да си одам – рече Гути, кој има уште една година од договорот.

Тој најави дека уште две години ќе трае неговата кариера, а кариерата ќе ја продолжи на три можни дестинации, Англија, Италија или Блискиот исток.

Заминувањето на Гути е очекувано и се шпекулираше веќе половина година, а ако се остварат најавите суперкласикото во сабота може да биде последно и за иконата Раул, кој посред најавите би можел да замине во Премиерлигата.
{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top