Бенитез на кормилото на Наполи

Претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис на својот профил на Твитер потврди дека Рафаел Бенитез е новиот тренер на фудбалерите од Неапол.

 |  Голабовски Крсте  | 
Rafael Benitez
Рафаел Бенитез

Претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис на својот профил на Твитер потврди дека Рафаел Бенитез е новиот тренер на фудбалерите од Неапол.

Rafael Benitez„Рафа Бенитез е новиот тренер на Наполи. Човек со огромно меѓународно искуство. Вистински водач“, напиша Де Лаурентис и публикува слика заедно со менаџерот.

Воедно информацијата беше објавена и на официјалната интернет страница на шпанскиот стратег каде беше објавена и негова фотографија во друштво со првиот човек на Наполи Аурелио Де Лаурентис.

Наполи ќе биде десетиот тим за популарниот Рафа кој го има предводено. Претходно Шпанецот ги водеше тимовите на Челзи, Ливерпул, Валенсија, Интер, Тенерифе, Екстремадура, Осасуна, Ваљадолид и Б составот на Реал Мадрид.

Нашиот репрезентативец Горан Пандев и Рафаел Бенитез имаат соработувано во 2010-та кога двајцата беа дел од Интер и кога го освоија ФИФА клупското првенство и Суперкупот на Италија.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top