Нејасно е каква врска има вакцинацијата против ковид-19 со Холокаустот, како систематски, масовен државен прогон на Евреите во текот на Втората светска војна, кога од страна на нацистичкиот режим во Германија беа убиени околу шест милиони Евреи. Уште помалку е јасно која е врската меѓу Адолф Хитлер и Бил Гејтс, кој, пак, во антиваксерските кругови и кај теоретичарите на заговори е омилен дежурен виновник за сѐ што е поврзано со коронавирусот, вакцините и „чипирањето“. Се разбира дека станува збор за тотално неповрзани нешта. Но, оваа манипулативна објава намерно креира ваков опасен линк, заплашувајќи ги луѓето дека вакцината е отров и убива. Со тоа прави огромна штета по јавното здравје во ситуација кога сите здравствени авторитети повикуваат на масовна имунизација за што поскоро да стекнеме колективен имунитет на коронавирусот.
Нејасно е каква врска има вакцинацијата против ковид-19 со Холокаустот, како систематски, масовен државен прогон на Евреите во текот на Втората светска војна, кога од страна на нацистичкиот режим во Германија беа убиени околу шест милиони Евреи. Уште помалку е јасно која е врската меѓу Адолф Хитлер и Бил Гејтс, кој, пак, во антиваксерските кругови и кај теоретичарите на заговори е омилен дежурен виновник за сѐ што е поврзано со коронавирусот, вакцините и „чипирањето“. Се разбира дека станува збор за тотално неповрзани нешта. Но, оваа манипулативна објава намерно креира ваков опасен линк, заплашувајќи ги луѓето дека вакцината е отров и убива. Со тоа прави огромна штета по јавното здравје во ситуација кога сите здравствени авторитети повикуваат на масовна имунизација за што поскоро да стекнеме колективен имунитет на коронавирусот.
Ова е уште една од низата антиваксерки објави на социјалната мрежа Фејсбук, којашто шири невистини дека луѓето намерно се трујат со вакцината. Притоа, самата вакцинација ја споредува со холокаустот, а нацистичкиот водач Адолф Хитлер со основачот на Мајкрософт, Бил Гејтс!
Кој е поселективен Гејтс или Хитлер
СТОП-ВАКЦИНАЦИЈА ТРОВЕЊЕ
Хитлер бил заслужен за оваа ужасна децимација на народите. Во метафизиката, овие настани претпоставуваа дека ги ужаснуваат луѓето толку многу што ќе стават крај на суровоста што човекот му ја прави на човекот. Беше однесено на степен, така што ќе ги натера луѓето да имаат доволно. Душата на Хитлер доброволно се пријави да влезе и да направи најголем гест како овој за да обезбеди најшокантни убиства. Над шест милиони луѓе загинаа; жртви на толку многу души. Тоа беше демонстрација. Дали луѓето би продолжиле да бидат толку сурови?, се вели во постот.
Самата објава е илустрирна со фотографија на која се гледа рака на повозрасна личност со истетовиран број, што личи на броевите кои им биле тетовирани на затворениците во концентрационите логори во нацистичка Германија. Со пребарување на Гугл може да се види дека фотографијата е објавена на веб-сајтот посветен на Холокаустот и, како што е наведено, на неа е прикажана раката и логорскиот број на Полјакот Мејер Хак, кој го преживеал Холокаустот.
Нејасно е каква врска има вакцинацијата против ковид-19 со Холокаустот, како систематски, масовен државен прогон на Евреите во текот на Втората светска војна, кога од страна на нацистичкиот режим во Германија беа убиени околу шест милиони Евреи. Уште помалку е јасно кое е равенството меѓу Адолф Хитлер и Бил Гејтс, кој пак, во антиваксерските кругови и кај теоретичарите на заговори, е омилен дежурен виновник за сѐ што е поврзано со коронавирусот, вакцините и „чипирањето“.
Се разбира дека станува збор за тотално неповрзани нешта. Но, оваа манипулативна објава намерно креира ваков опасен линк, заплашувајќи ги луѓето дека вакцината е отров и убива. Со тоа прави огромна штета по јавното здравје во ситуација кога сите здравствени авторитети повикуваат на масовна имунизација за што поскоро да стекнеме колективен имунитет на коронавирусот.
Ризикот од ковид-19 наспроти ризикот од вакцина
Безбедноста на вакцините е гарантирана од Светската здравствена организација (СЗО ), како и здравствените власти во секоја држава посебно, вклучително и нашата земја. Вакцинацијата е безбедна, а несаканите ефекти обично се мали и привремени, како што се болки во раката или лесна треска. Можни се посериозни несакани ефекти, но тие се исклучително ретки. Наспроти тоа, ризиците од болеста ковид-19 и можните сериозни компликации, хоспитализација и смрт, се далеку поголеми.
Податоците од Светската здравстена организација (06.07.2021) и на „Сајтот на „ворлдометар“, говорат за 185 милиони заболени и 4 милиони починати од коронавирусот на глобално ниво.
Во светот најпогодени од ковид-19 се САД со над 34 милиони заболени и повеќе од 620.000 починати лица. Случите на смрт, пак, по вакцинција против ковид-19 во САД се ретки, тоа го покажуваат официјалните податоци на Центарот за контрола и превенција на болести. Во периодот од 14 декември 2020 година до 28 јуни 2021 година во САД биле администрирани повеќе од 324 милиони дози на вакцини против ковид-19. За тоа време, ВАЕРС (американскиот федерален систем за пријавување несакани ефекти од вакцинација) добил 5.718 извештаи за смрт што претставува 0.0018% од вакцинираните со ковид-19 вакцина.
ФДА бара од давателите на здравствени услуги да пријават каква било смрт по вакцинацијата ковид-19 на ВАЕРС, дури и ако не е јасно дали вакцината била причината. Извештаите до ВАЕРС за несакани ефекти по вакцинирањето, вклучително и смртни случаи, не мора да значат дека вакцината предизвикала здравствен проблем. Прегледот на достапните клинички информации, вклучително и посмртници, обдукции и медицинска евиденција, не утврди каузална врска со вакцините против ковид-19, пишува на веб-страницата на Центарот за контрола и превенција на болести на САД.
Важно е да се напомене и тоа дека вакцините штитат и од новите мутации на коронавирусот. Тоа официјално го потврдија од Светската здравствена организација СЗО, Европската агенција за лекови (ЕМА), а го покажуваат и спроведените истражувања и научни студии.
За важноста на имунизацијата и одговорноста на секој поединец во ширењето на непроверени информации и креирање негативна атмосефра којашто може да му наштети на процесот на вакцинција, предупредуваат македонските здравствени власти. Министерството за здрваство денеска повторно апелираше дека „вакцинацијата е единствен начин да се спречи ширењето на делта сојот“. И министерот за здравство, Венко Филипче вчера преку неговиот официјален Фејсбук профил повика на масовна вакцинација и побара одговорен пристап од граѓаните:
Во период кога се бориме да вакцинираме што повисок процент граѓани, исклучително е важно да се споделуваат само проверени и научно издржани податоци поврзани со вакцинацијата. Апелирам до медиумите, поединците кои имаат пристап до самите медиуми, како и сите граѓани кои на социјалните мрежи ги споделуваат своите ставови, да бидат максимално одговорни. Навистина не смееме да дозволиме со непроверени инфомрации, непрецизни формулации или научно неиздржани анализи да го поткопаме процесот на вакцинација. Уште еднаш информирам дека сите вакцини кои ги имаме се безбедни, но, пред сè, ефикасни и штитат од развивање на тешки симптоми на болеста или смртен исход од сите соеви. Вакцинацијата е единствен начин да ја победиме пандемијата.
Во меѓувреме индискиот сој (делта варијантата на коронависусот), којшто се смета за далеку попренослив од оригиналниот, е регистрирн во околу 100 земји во светот, а „тропна“ и на нашата врата.
Но, наспроти сериозноста на болеста и тоа што го говорат фактите, намерата на оваа тенденциозна објава е преку произволни толкувања и споредување на неспоредливи работи, да шири дезинформации дека вакцините се отровни. Целта е да се заплашат луѓето, да се предомислат и да не се вакцинираат. Иако, бројките на заболени и починати во светот и кај нас, јасно укажуваат дека вакцината е најефикасното решение да се спречи ширењето на коронавирусот и што поскоро да се стави крај на пандемијата.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град