Јан 18, 2022

Поради печатна грешка, книга за омикрон-варијантата влезе во барабанот на теории на заговор

„Вистиномер“ не најде ниту еден доказ дека книгата постоела пред декември 2021 година. Таа ексклузивно се појавува на Амазон за продажба на 5 декември 2021 и има уникатен код за издаваштво познат како интернационален стандарден број на книга од 13 цифри кој се користи за идентификација на книги. Бројот на книгата открива дека станува збор за книга што авторката ја објавила сама (self-publishing). Понатаму, не постојат никакви податоци за копирајтинг на оваа книга во 2020 година. Корицата има дури и чуден наслов на кого му недостасува еден збор, а внатрешноста изобилува со печатни грешки. …

Дек 12, 2021

Дезинформација е дека не може да излезете од земјава ако не сте вакцинирани

Според информациите објавени на сајтот на МНР, односно протоколите за С. Македонија, Владата на седница, одржана на 31 август 2021 година донесе одлука, според која еден од документите што овозможуваат влез или излез од земјава е и „негативен резултат од брз тест за антиген, направен 48 часа пред влез или излез од територијата на Република Северна Македонија“. Оваа одлука на Владата е се уште во сила, што значи не е точно тврдењето во рецензираниот пост дека ПЦР тестот „не важи“. Сосема друга работа е какви одредби има во државите во кои ќе патувате. Рецензираме пост на Фејсбук во кој се…

Фев 11, 2022

Во вакцините против ковид-19 нема „зачудувачки нечистотии“

Вакцините против ковид-19 не содржат никакви нечистотии, како што се тврди во постот што е предмет на нашата анализа. Во вакцините против ковид-19 нема никакви објекти, ниту живи организми, ваквите тврдења не се научно поткрепени, ниту пак, се докажани. Текстот што се споделува во постот е преземен од веб сајт што шири антиваксерски теории на заговор и дезинформации, познат по промовирање на алтернативна медицина, псевдонаука и десничарски екстремизам. Пост на Фејсбук пласира вест околу составот на вакцините против ковид-19 што не соодветствува со фактите. Според постот, вакцините содржа…

Јан 17, 2022

Демонстранти во Ирак, прикажани како вакцинирани луѓе со експлодирани глави по вклучување на 5Г мрежата

Нашата проверка покажа дека не станува збор за луѓе од Израел кои примиле вакцина против ковид на кои им експлодирале главите кога била вклучена 5Г мрежа, туку се работи за видео од демонстранти погодени од солзавец во Ирак во 2019 година. Според видеото објавено на 12.11.2019 година на Јутјуб, снимките всушност го прикажуваат одговорот на демонстрациите против владата на поранешниот ирачки премиер Адел Абдул Махди. За време на демонстрациите, безбедносните сили испукале солзавец директно во демонстрантите, при што загинале најмалку две лица. Исто така, не е точно дека во вакцините има чи…

Дек 12, 2021

Не е точно дека за операција во Градска болница – Скопје се бара трета доза вакцина

Рецензираме пост на Фејсбук во кој се тврди дека човек со гангрена на стапалото, со две примени дози бил одбиен за операција во Градска болница – Скопје, зашто не примил трета бустер доза. Ова тврдење е невистинито. Вистиномер стапи во контакт со директорот на Градска Болница доктор Љубен Арсенков. Тој тврди дека трета доза вакцина не е задолжителна и не постои протокол според кој што, при хоспитализација, се бара трета доза примена вакцина. Доктор Арсенков, исто така вели, дека на пациентот пред операција му се прави анкета и ако примил две дози вакцина против ковид-19, само му се прав…

Фев 11, 2022

Не е точно дека вакцината на Фајзер нема трајно одобрение за употреба

Вакцината на Фајзер од август 2021 година е целосно одобрена за користење. Таа стана првата вакцина во светот која доби целосна дозвола за употреба од aмериканската Aгенција за храна и лекови (ФДА). Комесарот на ФДА, Џенет Вудкок, рече дека јавноста може да биде сигурна дека вакцината ги исполнува највисоките стандарди на безбедност, ефикасност и високи стандарди во начинот на производство. Во објава на социјалната мрежа Фејсбук се тврди дека вакцината на „Фајзер“ не е тестирана и нема одобрение за употреба од американската Агенција за храна и лекови (ФДА), туку дека истата се користи са…

Јан 17, 2022

Вакцините не можат да ве разболат од ковид-19

Коронавирусот е респираторен вирус кој се пренесува преку контакт со заболено лице, односно преку неговите респираторни секрети кои се распрскуваат во вид на ситни капки кога заразениот кашла и кива, преку плунка или течење од носот. Вакцината против ковид-19 никако не може да ве зарази со коронавирус. Вакцината не содржи никаков жив или активен дел од вирусот ковид-19 и нема да предизвика позитивен тест со кој се тестира активна инфекција со ковид-19. Факт е дека вакцината штити од разболување со коронавирусот, од тешки хоспитализации и смртен исход, а тоа го покажува и статистиката во М…

Дек 11, 2021

Човекот на ова видео починал по откажување на бубрезите, а не пет минути после вакцинација

Точно е дека пациентот починал пред болницата во Мексико Сити, точно е дека медицинска грижа не му била пружена веднаш, а вратата на болницата била затворена, но не е точно дека ова се случило ,,пет минути после вакцинација”. Сите релевантни извештаи од мексиканските медиуми споменуваат дека причината за смртта на мажот е откажување на бубрезите. Во пост споделен на Фејсбук преку споделувањето на видео клип на кој се гледа членови на семејство как осе борат за животот на својот близок, кој сепак, починува, како и преку зборовите во текстуалниот дел од постот „пет минути по вакцината“ се …
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top