Не е точно дека оние кои се вакцинирале против ковид-19 не смеат да даруваат крв, ниту, пак, е точно дека Меѓународниот црвен крст објавил дека нема да прима крв од вакцинирани, како што се тврди во постот. На веб-страницата на американскиот Црвен крст има објаснување коешто демантира дека тие што примиле вакцина не смеат да донираат крв.
Пост на Фејсбук лажно тврди дека Меѓународниот Црвен крст објавил оти нема да прима крв од вакцинирани лица, бидејќи крвта на вакцинираните била згрутчена и густа. Ова не е точно.
Меѓународниот Црвен Крст пред неколку недели објави дека нема да прима…
Фактите говорат дека ниедна авторизирана вакцина против ковид-19 не содржи жив вирус кој предизвикува ковид-19. Така што вакцината не може да ве зарази со ковид-19. Симптомите кои се јавуваат после вакцинација се краткотрајни и се доказ за градењето на имунолошки одговор, а имунитетот не се создава инстантно, туку во период за неколку недели после втората доза. Во тој меѓупериод е можно да се заразите со ковид-19, но од самиот вирус кој би предизвикал инфекција, а не од вакцината.
Рецензираме пост на Фејсбук, во кој е изнесено анонимно наводно лично „искуство“, а коешто медицински и на…
Не постои сомнеж, а уште помалку официјална потврда дека Монтение бил ликвидиран. Засега не е објавена точната причина за смртта, но повеќе од сигурно е дека тој починал откако бил хоспитализиран поради влошена здравствена состојба. Смртта настапила во време кога тој бил опкружен со своите најблиски, со што е исклучена секаква можност за ликвидација.
Објава на социјалната мрежа Фејсбук тврди дека францускиот виролог Лук Монтение е ликвидиран поради неговите тврдења против вакцинацијата. Ова е целосна дезинформација.
Во објавата пишува:
Пред да биде ликвидиран го кажа ова:
Лук Монтањ…
Не е вистинито тврдењето во постот дека Македонија сама решила да го продолжи рокот на фајзеровата вакцина и дека тоа не е случај никаде во светот каде што вакцините се фрлаат. Напротив, Македонија е само една од земјите кои глобално го прифатиле фактот што производителот по своите истражувања, утврдил дека ако не е одмрзната, вакцината може да се користи до 9 месеци од датумот испишан на опаковката. Кај нас тоа е направено во координација со Европската агенција за лекови (ЕМА) и Агенцијата за лекови и медицински средства МАЛМЕД, по претходно одобрение издадено од европскиот медицински ре…
Наспроти тврдењата во постот, сè уште нема официјални податоци колку постоечките вакцини штитат од омикрон варијантата. Тоа го потврдија и СЗО и ЦДЦ, нагласувајќи дека се вршат анализи за овој сој на коронавирусот. Првичните сознанија за оваа варијанта се дека иако вирусот има голема преносливост, сепак, заразените имаат полесни симптоми.
Во пост на Фејсбук се шират низа дезинформации дека постоечките вакцини против коронавиусот нема да се признаваат и ќе бидат потребни сосема нови вакцини за новиот сој – омикрон.
Во постот стои:
Шефот на Модерна вакцината (меѓу редови)
Сегашните ва…
Од само една болница во Велика Британија и состојбата со хоспитализациите во еден ден, не може да се извлече заклучок дека вакцината шири вирус. Во државата 37.650.239 луѓе примиле трета доза вакцина. Британските здравствени власти во своите извештаи наведуваат дека бустерот на Фајзер кај постари од 50 години е ефикасен против хоспитализација кај 98,8 отсто од луѓето кои претходно примиле две дози АстраЗенека или Фајзер.
Рецензираме пост споделен на социјалната мрежа Фејсбук во кој се тврди дека вакцините против ковид 19 „шират вирус“. Ова тврдење е изведено како заклучок, откако е споде…
Ковид-19, болеста која ја предизвикува коронавирусот, постои и е реална и не станува збор за лажна пандемија. Тоа го потврдуваат секојдневните бројки на заболени луѓе и починати од вирусот низ целиот свет во последната година и половина.Тоа што симптомите на грипот и ковид во одреден дел може да се слични, не значи дека настинка, грип и ковид се една иста работа. А со оглед дека симптомите за сите овие три заболувања се слични, тестирањето и натаму е најдобрата опција за да се утврди од што е некој заразен. ПЦР тестот исклучиво го пронаоѓа коронавирусот и тоа според единствено за Сарс Ков…
Во текстот што се споделува на Фејсбук погрешно се чита Извештајот на „Фајзер“ за пријавени несакани реакции од вакцините аплицирани до 28 февруари 2021 година. Во Извештајот не се наведува колку вкупно вакцини се аплицирани, туку бројката од 42.086 случаи е само за пријавени негативни ефекти. Во документот се посочува дека „Фајзер“ идентификувал 42.086 извештаи за случаи на несакани настани по вакцинацијата, собрани од извештаи испратени до самиот „Фајзер“ и од националните здравствени власти ширум светот (не само во САД). Од нив, регистрирана била смрт кај 1.223 случаи. Но, ова не значи…