Вакцините против ковид 19 не предизвикуваат имуносупресија. Ова е дезинформација слична на тоа дека земјата е рамна плоча. Овие вакцини веќе се администрирани на милиони луѓе во светот и податоците покажуваат дека се екстремно ефективни и безбедни дури и кај луѓе со претходни состојби на ослабен имунолошки систем, вели Пабло Пеналоза МакМастер, професор по микробиологија и имунологија на Универзитетот Нортвестерн.
Рецензираме пост на Фејсбук во кој се тврди дека целосно вакцинираните развиваат имунодефицитарен синдром.
Или по нашки, стануваат сидаши. Тоа е нов вид на СИДА или отворена…
Наводниот цитат од Мулис, кој го измислил ПЦР методот во 1985 година, а потоа добил Нобелова награда за хемија во 1993 година, не е негов. Тврдењето е земено од текст напишан од Џон Лауритсен во декември 1996 година за ХИВ и СИДА, а не за ковид-19. Лауритсен не вели дека ПЦР тестовите не функционираат, туку појаснува дека идентификуваат супстанци квалитативно, а не квантитативно. Наспроти тврдењето во постот, молекуларните дијагностички тестови, како што е ПЦР тестот, се златен стандард како метод за идентификување активна вирусна инфекција, како што е Сарс Ков 2, во респираторниот тракт…
Голем број медицински и научни извори се согласуваат дека спајк протеинот во вакцината не е ист како тој на коронавирусот и го има во многу мали количества, а телото го отстранува без последици откако ќе се создаде имун одговор.
Рецензираме пост на Фејсбук кој тврди дека cпajк пpoтеинот од вакцините е отров кој предизвикува вocпаление на белите дробови. Ова не е точно. Имено, спајк протеинот што се создава по вакцината против ковид-19 не е ист како тој на коронавирусот и тоа го потврдуваат многу домашни и странски специјалисти епидемиолози.
Во постот се споделува излагање на д-р Рајан К…
Не е вистина дека во Германија завршила пандемијата со коронавирусот. Напротив, земјата се соочува со рекордни бројки на новозаразени, што е закана за нејзиниот здравствен систем. Тоа го покажува епидемиолошката состојба во земјата, рекордниот број на новозаразени со омикрон во Германија во периодот пред и по 14 јануари 2022 година, препораките за вакцинација со трета доза за младите, а се воведиваат и порестриктивни мерки за влез на странски посетители кои не се вакцинирани или прележани.
Рецензираме пост објавен на Фејсбук во кој се тврди дека на 14 јануари 2022 година, е прогласен кр…
Експериментот прикжан на видеото не покажува радиоактивно зрачење, но покажува колку опасни може да бидат манипулативните анонимни видеа со лажни тврдења во нив. Уредот во видеото е тестер за електромагнетно зрачење SoeHong DT 1130, којшто на Амазон може да се купи за 25 евра. Сите ПЦР тестови се стерилизирани со етилен оксид, гас за кој неосновано се тврдеше дека го прави тестот ,,отровен”. Како што веќе пишувавме на „Вистиномер“, етилен оксидот не е опасен зашто додека да дојде ПЦР тестот до човекот кој се тестира, тој веќе е изветреан и не постои.
Рецензираме пост на Фејсбук во којшто…
Овие протеини не се единствени за коронавирусот и се вообичаен извор на вируси кај огромен број заболувања предизвикани од различни причини. По генетска анализа, користејќи подетална база на кодови за генетско секвенционирање, научниците откриле не само сличности помеѓу ковид-19 и ХИВ, туку и најмалку 100 идентични или многу слични кодови во гените од цицачите, инсекти, бактерии и во голем број вируси предизвикани од различни причини, пишува „Хелт деск“.
Фејсбук објава шпекулативно го поврзува коронавирусот со ХИВ вирусот, тврдења кои се неточни и побиени од научната заедница.
Знаете …
Секоја крема којашто се користи за медицински цели и се пушта во промет, треба да биде регистрирана во Регистарот на лекови на Агенцијата за лекови и медицински средства. Истата треба да подлежи на одредени испитувања за да се потврди нејзиниот квалитет, безбедност и ефикасност. Посочената крема за лице која во рекламниот матријал по социјалните медиуми се претставува како лек за повеке кожни болести, нема ниту име, ниту состав и воопшто не може да се води во Регистарот на МАЛМЕД. Дерматолозите апелираат на внимантелност со ваквите креми кои не можат да бидат лек за повеќе кожни промени.
…
Наспроти невистините што ги шири оваа објава на Фејсбук, во Африка не само што има утврдено присуство на коронавирусот, туку од ковид-19, според податоците од СЗО, досега заболеле 6. 564.819 милиони луѓе, а починале 153.808 лица. Официјалните податоци покажуваат дека процентот на вакцинирани во Африка е многу низок и изнесува 7,3 отсто и таму досега целосно се вакцинирани околу 101 милион луѓе. Новата варијанта на коронавирусот – омикрон, беше пријавена до СЗО на 24 ноември, а за првпат беше откриена кај примероците собрани на 11 ноември во Боцвана. Европскиот центар за превенција и конт…