Јул 28, 2021

Со мРНА вакцината нема да се променат нашите природни биолошки тела

Рецензираме пост на Фејсбук во кој што се тврди дека вакцината против ковид (мРНА вакцината на Модерна поконкретно) е оперативен систем, кој може да ја програмира вашата ДНК, а со тоа и самите луѓе. Цитирајќи го производителот Модерна од неговата официјална веб страница, авторот погрешно го толкува објаснувањето за тоа како функционираат мРНА вакцините, наведува дека ,,нашите природни биолошки тела ќе се променат и ќе им се инфилтрираат синтетички ствари, вклучително и наночестици“. Ова не е вистина. Само за појаснување, производителот Модерна, нема да дистрибуира од своите вакцини во Мак…

Јул 28, 2021

Ковид пасошите не се планирани 7 месеци пред да избие пандемијата во Вухан

Во пост објавен на Фејсбук, се тврди дека ковид пасошите биле планирани 7 месеци пред да избие пандемијата во Вухан. За оваа дезинформација да се направи поуверлива за читателот се инсинуира дека ова тврдење е поткрепено со „документи“. ШОКАНТНИ ДОКУМЕНТИ. (КОВИД ПАСОШИТЕ ПЛАНИРАНИ СЕДУМ МЕСЕЦИ ПРЕД ДА ИЗБИЕ ПАНДЕМИЈАТА ВО ВУХАН). Ковид пасошите кои денес ни ги сервираат, како единствен начин да се отворат границите всушност однапред планирани за контрола на човечката популација – НЕОПХОДНА ПАНДЕМИЈА! Дури не се потрудиле документите да ги отстранат, затоа што знаат дека мнозинството луѓ…

Јул 28, 2021

Дезинформација е дека во вакцината има магнетни микрочипови

Во пост на Фејсбук, објавени се четири видео клипови, на кои се гледа дека магнет се лепи за рамото на луѓето. Во сите четири видеа се тврди дека причината за тоа што магнетот се лепи за рамото е тоа што овие луѓе примиле вакцина против ковид-19 и дека таа, всушност, предизвикува магнетизирачка реакција. Во постот што е предмет на нашиот интерес, се оди чекор понатаму и се кажува дека во ковид-19 вакцинираните има магнетни микрочипови. Ковид вакцинирани. Магнетни микрочипови. Ковид е измама,план за депопулација на човештвото.Одбивајте вакцини, тврди авторот.   Оваа ,,мантра” за одби…

Јул 28, 2021

Не, во вакцините нема чип со кој се следи каде сте во реално време

Рецензираме пост на Фејсбук, во кој што има придружен видео материјал. Во овој видео материјал, лице кое е претставено како руски хакер, објаснува дека на дарк веб, односно делот на интернет преку кој глвно се вршат нелегални активности и кој е надвор од досегот на пребарувачите како Гугл, Бинг и другите, нашол дата база на вакцинираните Руси со Спутник В вакцината. Руски хакер на Дарк нет, пронајде база на податоци што прикажуваат информации за вакцинираните лица (како што се нивните витални знаци, нивните точни GPS координати, без разлика дали спијат или се будни), а кои се претставув…

Јул 22, 2021

Индонезиски пример како лажна слика на успешна борба со ковид-19

Вест со наслов „Прекрасна вест за вакцината Синовак која ја очекуваме во 500 000 примероци: Индонезија се спаси од пандемијата со оваа вакцина, податоците досега велат дека е 98% ефективна против смртни последици и 96% ефективна против хоспитализација!“ на читателите им сервира сознание дека кинеската вакцина Синовак претставувала спас од пандемијата за Индонезија. Веста се става во контекст на нашите очекувања дека ќе добиеме пратки од вакцината во количество од наводни 500 илјади парчиња. Таа е споделена на социјалната мрежа Фејсбук преку вирален пост кој има над 280 интеракции. Генералн…

Фев 22, 2022

Нобеловецот Монтање не открил, туку само се сомневал дека коронавирусот потекнува од лабораторија

Точно е дека Монтање во април 2020 година изразил сомневање дека коронавирусот протекол од лабораторија. Но, претпоставка и откритие не е исто. Да претпоставува некој дека коронавирусот протекол од лабораторија не може да биде исто со тоа дека некој го открил истото. Американски разузнавачи во својот извештај за потеклото на коронавирусот тврдат дека светот можеби никогаш нема да може да го утврди точното потекло на ковид-19. Рецензираме пост на Фејсбук кој преку кликбејт наслов шири дезинформации со цел да привлече што е можно повеќе кликнувања на објавата. Постот споделува напис со на…

Јан 27, 2022

Не е точно дека сите жени кои биле дел од клиничките испитувања за вакцината на „Фајзер“ доживеале спонтан абортус

Во светот постои вообичаена стапка на спонтани абортуси. Тие се случуваат без вакцинација или со вакцинација, односно независно од вакциналниот статус на жената. Вакви абортуси со дадената стапка во светот се случувале и пред да постои вакцина против ковид-19. Рецензираме пост на Фејсбук во кој се вели дека разоткриени податоци на Фајзер откриваат дека сите бремени жени кои биле дел од клиничките испитувања за вакцината доживеале спонтан абортус. Во склоп на постот објавен е текст од сајтот Коловрт, кој во текот на целата вакцинална кампања заговара против нејзиното спроведување. Конкре…

Дек 22, 2021

Манипулација – жолтите ленти во Германија не се наци-ленти за невакцинираните

Германија е една од земјите со строги антиковид мерки, каде невакцинираните имаат изразени рестрикции и можат да влезат на малку места, како аптеки и маркети, додека на работа секојдневно приложуваат тест, кој го обезбедува работодавачот. Токму покраината Хесен, каде живее нашинецот кој ја споделил фотографијата со жолтата лента, има едни од построгите правила. На интернет страната на Министерството за труд и социјала на Германија, а и на сајтот на Владата на покраината Хесен има широки инструкции за правилата за вакцини кај вработените, односно компаниите и работодавачите, но никаде не с…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top