На луѓето со вакцинацијата не им се инјектира отров, затоа што спајк протенот по вакцинацијата не е ист со виралниот и се содржи во исклучително мали дози кои брзо по вакцинацијата се чистат од телото. Спајк протеинот што се создава во организмот по вакцинацијата не е ист со оној на коронавирусот. А, дури и кога би бил ист, тој е во многу, многу помали дози отколку оној на коронавирусот. Студијата што ја цитира доктор Бирам Бридл во своето контроверзно интервју, кое се споделува на Фејсбук, е спроведена на глувци, а не на луѓе. Иако Бридл се обидува да дезинформира дека експериментите во ст…
Медицински експерти во повеќе наврати се изјаснија дека вакцините немаат магнетизирачко дејство и немаат магнетизирачки компоненти. Предмети на раката може да се залепат поради фрикција (триење), лепило, селотејп, природната пот на кожата на раката, но не и поради вакцинација. Истите луѓе кои можат да залепат магнетни предмети на нивните тела може да залепат и немагнетни предмети со истата леснотија. Наводните магнетски моќи исчезнуваат ако им се прекрие кожата со пудра. Во постот што го рецензираме, уште еднаш е претставен предмет (лажица) залепен на рамото на наводно вакцинирано лице. Во…
Јапонската студија, што е предмет на нашиот интерес од постот што го рецензираме, веќе наголемо е злоупотребувана од антивакциналните кругови ширум светот.
Најнапред, со оваа студија за биодистрибуцијата на мРНК, си поигра канадски доктор, лажно тврдејќи дека со вакцината се вбризгува спајк протеин во организмот, кој се таложи на органите и предизвикува проблеми. Меѓутоа, освен тоа што спајк протеин не се вбризгува со вакцината, (туку инструкцијата за неговото производство во форма на мРНК доаѓа само во цитоплазмата на клетките, а не во јадрото), спајк протеинот што ќе го произведе клеткат…
Рецензираме пост на Фејсбук за процесот на вакцинацијата, што во земјава се спроведува против ковид пандемијата, во обид да се постигне колективен имунитет, а во контекст на се поактуелната и крајно заразната делта варијанта на вирусот.Постот е илустриран со фотографија од вакцина, а во описот на фотографијата пишува:
Ако некој ти предлага нешто бесплатно, знај дека ти си стока! Aлберт Ајнштајн
Од оваа инсинуација читателот треба да заклучи дека ова е некој од умните цитати на Ајнштајн, меѓутоа, таков цитат не постои, односно Ајнштајн никогаш не споменал ништо во контекстот на статусо…
Објава на Фејсбук погрешно претставува истражување од Јапонија, по што се вади заклучок дека вакцината на Фајзер-Бионтек влијае на создавање негативни ефекти врз човековиот организам.
Рецензираме пост на Фејсбук во кој што се изнесуваат податоци кои се надвор од контекстот. Во постот авторката тврди дека во збирниот извештај за особините на лекот нема податоци за фармакокинетиката на вакцината од Фајзер и приложува наводна тајна студија која ,,протекла” во јавноста, а според која, наводно, честичките од вакцината се наталожуваат на јајниците кај жените. Ова првично е објавено на форум во г…
Објава на Фејсбук дезинформира дека спајк протеинот од вакцината мРНА може да предизвика тромбови во крвотокот, што ќе доведе до смртни последици. Спајк протеинот од вакцината и спајк протеинот на коронавирусот не се исти. Тоа го потврдуваат медицински експерти докажани во својата работа. Така што, тврдењето дека вакцинираните против ковид-19 ќе починат за неколку години не е ништо друго освен уште една антиваксерска дезинформација.Пост на Фејсбук шири паника дека вакцинираните против ковид-19 ќе починат за неколку години. Ваквите тврдења се темелат на лажни и непроверени информации.Постот …
Рецензираме пост на Фејсбук во којшто е даден линк до статија на „Ројтерс“. Авторот на постот вели:
Ројтерс тврди дека 60 проценти од хоспитализираните биле пелцовани со две дози. Нели штитеше од хоспитализација и тешки форми на болеста?
Текстот на „Ројтерс“, се однесува на состојбата во Велика Британија и во него, наспроти изнесеното во постот, се тврди дека 60 проценти од лицата во Британија кои се хоспитализирани се невакцинирани. Ваквата исправка на своето тврдење ја дал советникот за наука на Велика Британија, Патрик Валанс, откако претходно учествувал на прес-конференција со б…
Рецензираме пост на социјалната мрежа Фејсбук, во којшто се тврди дека зборовите „вирус“ и „зараза“ се измислени за да се создава страв кај безбожните луѓе.
Единствено постои зборот отров. Народот е затруен од сите можни страни, се труе храната, се труе водата, се труе воздухот. Отсекогаш прво го труеле народот со полесен отров, за да му продадат појак отров во шишенце, наречен вакцина. Сите алергии, ,,автоимуни” заболувања се добиени од труење на организмот со овие таканаречени вакцини. Фармацевтските компании се најголемиот непријател на здравиот организам. Сите милијардери во…