Авг 2, 2021

Во цртан филм од пред 30 години не се зборува за ковид пандемијата

Во цртаниот филм од деведесеттите, што се споделува во овој пост на Фејсбук, ниту се зборува, ниту, пак, е можно тој да се однесува на глобалната пандемија на коронавирусот, која ќе настапи триесетина години подоцна. Во видеоматеријалот од цртаниот филм не постојат никакви специфики карактеристични исклучиво за ковид-пандемијата, туку во нарацијата се споменува инфлуенца и затворање на сите локални училишта, како што е случај со сите епидемии на заразни болести, кои се пренесуваат по респираторен пат. Цртаниот филм само е злоупотребен за да се минира процесот на вакцинација и да се создаде …

Авг 2, 2021

Jавен документ, стар четири децении, лажно се претставува како план на СЗО за убивање луѓе

Во постот се изнесуваат дезинформации опасни по јавното здравје. Иако, експлицитно не се споменува вакцинацијата против ковид-19, сепак, актуелниот контекст во којшто се изнесува меморандум стар 36 години, кога во некои земји се размислува за трета бустер доза од ковид- вакцината, имплицира дека наративот е споделен со цел да се поткопа вакциналниот процес во услови на масовна имунизација.Рецензираме пост на Фејсбук, во кој лажно се обвинува Светската здравствена организација (СЗО), дека, наводно, во 1972 година објаснила како вакцините да се употребат за убивање луѓе.Во постот се тврди: …

Јул 29, 2021

Постигнување колективен имунитет е причина за масовната вакцинација

Тврдењето изнесено во постот, дека причината поради којашто невакцинираните треба да се имунизират, е за да не ги заразат вакцинираните, не е точно. Апелите до невакцинираните, да одат да се вакцинираат, се упатуваат и за нивно добро, како и за да се постигне колективен имунитет, кој ќе го сопре ширењето на вирусот од еден на друг човек. Болеста ќе престане да се шири ако има голема пропорција од населението, која е имуна на болеста и тоа се причините заради кои се бара што поголем број граѓани да се вакцинираат. Рецензираме пост на Фејсбук, којшто манипулира со вакциналниот процес, односн…

Јул 29, 2021

Вакцините не се опасни и досега нема пријава за смртни последици

Вакцините не се експериментани, а уште помалку опасни по здравјето на луѓето. Постојат научни студии дека вакцините против ковид-19 се ефикасни, досега не е најдена последична врска помеѓу вакцинацијата и смртните случаи. Процентот на вакцинирани граѓани секојдневно се менува, бидејќи процесот на имунизација е во тек. Од неодмана започна и теренска вакцинација во руралните и непристапните средини во земјава. Во МАЛМЕД не е пристигната ниту една пријава на несакана реакција со смртен исход за која е утврдена причинско-последична поврзаност со вакцинацијата во земјава. Сите пријавени случаи с…

Јул 29, 2021

Вакцините со кои се врши теренска вакцинација се на Синовак и не треба да се чуваат на минус 75 степени

Теренската вакцинација засега се одвива само со „Синовак “ и тоа во претходно наполнети шприцови. И, наспроти она што се сугерира во постот што го рецензираме, оваа вакцина воопшто не се чува на минус 75 степени.Рецензираме пост на Фејсбук, кој се однесува на теренската вакцинација која во земјава се спроведува на повеќе локации, со цел да се допре до граѓаните кои се од руралните средини. Теренската вакцинација се спроведува со мобилни екипи од здравствените домови ширум земјава и Министерството за здравство секој ден ги објавува локациите на кои се спроведува вакцинацијата.Во постот кој г…

Јул 29, 2021

Фотографија од прославата за светски шампион во фудбал, претставена како протест во Париз против мерките на Макрон

Постот свесно манипулира со јавноста доведувајќи ја во заблуда преку лажно претставување на фотографија од прославата во Париз по победата на француската репрезентација во финалето на Светското првенство 2018 година против Хрватска. На тој начин намерно дезинформира за протестите кои се одржаа во Париз на 17 јули годинава против мерките на Макрон. Објава на Фејсбук лажно претставува фотографија од прослава во Франција по победата на француската репрезентација во финалето на Светското првенство 2018  како протест против мерките за борба против пандемијата кои ги воведе францускиот претседат…

Јул 29, 2021

Нема да има никаков отстрел на невакцинираните со вакцинална муниција

Невистинито е тврдењето изнесено во постот што го рецензираме, дека е можен вакцинален отстрел на граѓаните кои не сакаат да се вакцинираат преку „безопасни куршуми“ на чиј врв ќе има ампула за имунизација. Техника за имунизација како гореспоменатата не постои никаде во светот. Рецензираме пост на Фејсбук којшто инсинуира присилна вакцинација на населението со непостоечка метода, во која, наводно, би биле вклучени и војската и полицијата! Во постот се вели: Друга мерка е далечинска имунизација со помош на војската, полицијата и шинтерските служби. Односно лов на невакцинирани и нивен от…

Јул 29, 2021

Сценариото од Рокфелер фондацијата, објавено во 2010, не е план за ковид-пандемија

Сценариото за кое се говори во видеото што се споделува на Фејсбук, не е никаков таен документ, туку е јавно објавен на интернет пред 9 години. Извештајот не содржи едно, туку четири сценарија за иднината, кои не се ни планови, ни предвидувања. Локстеп сценариото што е објавено во извештајот на „Рокфелер“ фондацијата се однесува на 2012 година, но тогаш се случи таков настан.Така што, како невистинити ги оценуваме тврдењата изнесени во видеото дека „Рокфелер“ фондацијата ја испланирала ковид-пандемијата уште во 2010 година.Рецензираме пост  на Фејсбук со видео материјал, во којшто се навест…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top