Авг 3, 2021

ПЦР тестот не е исфрлен од употреба

Тврдењето изнесено во постот што се споделува на Фејсбук дека, наводно, ПЦР тестовите повеќе не можат да се користат, е невистинито. Напротив, тие се златен стандард во детекцијата на Сарс Ков 2, односно коронавирусот, преку научна метода. Освен тоа, тие се употребуваат и како доказ за отсуство на коронавирусот во организмот и при патување и се услов за влез во речиси сите земји од светот, покрај вакциналниот картон со кој се докажуваат примени две дози вакцинаВо постот што го рецензираме се тврди дека ПЦР тестовите не можат да се користат, а во линкот под објавата, пак, критикуваниот канад…

Авг 3, 2021

ЕМА не издала нова препорака вакцината „АстраЗенека“ да не се дава на постари од 60 години

Објава на Фејсбук, преку насловот на текстот што се споделува, шири невистини дека има нова препорака од Европската aгенција за лекови (EMA) да не се вакцинираат постарите од 60 години. Повод за ваквиот наслов е интервјуто  на лидерот на работната група на ЕМА за ковид-19, Марко Кавалери за италијанскиот весник „Ла Стампа“, но тој потоа за „Ројтерс“ изјави дека бил погрешно интерпретиран. По ова,  „Ла Стампа“ го промени насловот на интервјуто и сега тој гласи: ,,Кавалери(ЕМА): Изборот за употреба на АстраЗенека е оставен на секоја држава засебно”. Во содржинскиот дел на написот што го рецен…

Авг 3, 2021

Пандемијата е вистинска, а спортските натпревари се одвиваат по протоколи

Рецензираме пост на Фејсбук во кој се изнесени дезинформации за тоа кои услови треба да бидат исполнети за да се работи за вистинска пандемија. Во постот се тврди: Да беше вистинска пандемија… Г7 ќе се случеше онлајн. Кралскиот аскот (коњските трки во Аскот) ќе беше откажан. Тенисот на Вимблдон би бил стопиран. Но ,,реалниот ризик” е децата да спортуваат или да има матурски, верски услуги, собирања на семејство итн. Според ова тврдење, пандемијата со ковид 19 не е вистинита, затоа што се одржуваат коњски трки, тениски турнир и самит. Потоа се инсинуира дека спортувањето на децата, соб…

Авг 3, 2021

Не треба да бегате од вакцинираните како од чума

Спајк протеинот, кој се создава во организмот на вакцинирано лице, воопшто не е истиот како спајк протеинот на коронавирусот, а дури и кога би бил, тој по вакцината е во количество 100 илјади пати помало отколку она потребно да направи штета! Не постои шанса ни начин ковид-19 вакцинираната личност да ја ,,шири вакцината”, изјавија од Центарот за контрола и превенција на болести во одговор за „Ројтерс“. Вакцините не содржат метали и не е точно дека спајк протеинот е магнетизирачки. Дозата на вакцината е помала од еден милилитар. Стандардната доза на Фајзер содржи 0.3 милилитри. Тоа не е дово…

Авг 3, 2021

Вакцината за децата нема да е задолжителна, исто како што не е ни за возрасните!

Рецензираме пост на Фејсбук, во кој се изнесени дезинформации во врска со вакцинацијата. Во постот се вели дека ,,фашизмот продолжува со планирани измами, за втерување страв кај младите после летното опуштање од апсурдните мерки”.Постот сугерира дека делта варијантата е измама, односно дека поради неа од „есен ќе следува истата гнасна игра на страв, болест и умирачки“, иако оваа варијанта е официјално регистрирана од Светската Здравствена Организација. Ги спремаат младите за ваксајнс. Делта сој на вирус. Фашизмот продолжува со планирани измами, за втерување страв кај младите, после летно…

Авг 2, 2021

Не е точно дека пандемијата има за цел уништување на средната класа

Во пост на Фејсбук се содржани дезинформации според кои корона вирусот не е опасен. Покрај ова, неаргументирано се тврди дека пандемијата има цел да ја уништи средната класа. Но, од друга страна, не се понудени никакви факти и докази за ваквите тврдења. Во постот стои: $ 1 БИЛИОН неделно е штетата од карантинот во Сиднеј. (според моја претпоставка, имат голема веројатност карантинот да продолжит до Септември.) Штетата по здравјето на луѓето и економијата е поголема од мерките за заштита одколку од “опасниот” вирус. Дезинформација е тврдењето според кое „штетата по здравјето на луѓето…

Авг 2, 2021

Во Индија 17 деца не починале од вакцина против ковид-19, туку од постковид симптом

Објава на Фејсбук објавува дезинформација дека 17 деца во Индија починале и уште 2.000 деца страдаат од инфламација на организмот, откако примале ковид-19 вакцина. Нашата проверка покажа дека веста за починатите деца е точна, но не е вистина дека починале од вакцина против коронавирус.Постот споделува фотографија од напис објавен на сајтот „The BL“ на 09.07.2021 година. Уште во првата реченица, написот, повикувајќи се на „локален извештај,“ нагласува дека „многу мали деца починаа откако им беше инјектирана вакцината ковид-19 во Индија“. Повеќе од 2.000 деца низ Индија сега страдаат од му…

Авг 2, 2021

Нема докази дека 460 научници и лекари во Јапонија барале од владата да престане вакцинацијата

Рецензираме пост на Фејсбук во кој се тврди дека 460 научници и професори од Јапонија пред 2 дена до јапонската влада испратиле документ, во кој бараат итно да сопре вакцинацијата против ковид-19, која, исто така, во постот се нарекува и „генетска терапија“.Во постот се претставува настанот како нешто што традиционалните медиуми го прикриле од јавноста, а информацијата се претставува како да била добиена од наводен македонски државјанин што живее во Јапонија. Нормално на вести и телевизија ни збор за овој чин, меѓутоа има интернет, има и видеа од овие луѓе да не мислите дека е приказна з…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top