Овој пост што се споделува на „Фејсбук“ е невистинит. Вакцините немаат магнетизирачко дејство, немаат магнетизирачки компоненти. Предмети на раката може да се залепат поради фрикција (триење), лепило, селотејп, природната пот на кожата на раката, но не и поради вакцинација. Истите луѓе кои можат да залепат магнетни предмети на нивните тела може да залепат и немагнетни предмети со истата леснотија. Наводните магнетски моќи исчезнуваат ако им се прекрие кожата со пудраПрилично распространетата теорија на заговор, во којашто се тврди дека лажици, метални парички и други слични предмети се лепа…
Научни вистини и актуелни статистички показатели, кои укажуваат за опасноста од т.н. индиски сој или делта варијанта на корона вирусот, искажани од професор и признат медицински експерт, во објава на Фејсбук се претставени како ширење страв, паника и „психопандемија“, што е очигледна дезинформација.Објава на профил на Фејсбук на македонски јазик невистинито прикажува дека изјава на познат и признат експерт од РСМ за вируси и бактерии е всушност „психопандемија“ или ширење страв од моменталната пандемија во светот и кај нас со ширењето на корона вирусот.Во објавата под наслов Психопандемија …
Невистинит е овој пост во којшто се тврди дека Сингапур открил оти ковид-19 е предизвикан од бактерија, а не од вирус, како и тоа дека ја променил терапијата за лекување. Исто така, не е точно дека обдукцијата била извршена спротивно на протоколите и насоките од СЗО, затоа што СЗО не ги забранува обдукциите на починатите од ковид. Ковид-19 е предизвикан од вирус, а не од бактерија и ова е третото лажно тврдење во постот. Фактот што овие дезинформации им се атрибуираат на официјални медицински власти на Сингапур, покажува колку пропагандата и машината за лажни информации не води сметка за ј…
Вакцинацијата во С. Македонија е доброволна и никој никого не присилува да се вакцинира. Вакцинираните луѓе, наспроти тврдењето во овој пост, не претставуваат никаков ризик по здравјето на невакцинираните. Постот предизвикува нетрпеливост и го загрозува јавното здравје, промовирајќи наратив во кој се жигосуваат поединците кои решиле да го заштитат своето здравје и да го искористат правото да се вакцинираат. Сето ова се прави со употреба на навредлив речникРецензираме пост на Фејсбук со следната содржина:
Давидова ѕвезда.За сите вакцинирани малоумни полтрони треба јасно и на видливо место…
Вакцината нема магнет во неа. Второ, како што пишува „Форбс“, ниедна вакцина против ковид не содржи траги од железо, никел, кобалт, литиум. мРНА вакцините на „Фајзер“ и „Модерна“ имаат липиди, соли, шеќери и киселини и киселински стабилизатори. Ниту една од овие состојки не е магнетска и како што нотира Центарот за контрола и превенција на болести, дури и кога би биле, големината на вакциналната доза е премала за да предизвика магнетите да се лепат на местото на инјектирање. Конспирацијата за микрочипови во вакцината, пак, започна кога компанијата „АпиЏект“ од САД, објави дека размислува за…
Во оваа објава се тврди дека вакцините против ковид-19 ја влошуваат крвната слика на луѓето и дека тоа го утврдила докторка која ја споредувала крвната слика на пациентите пред и по примањето вакцина. Но, тука не е прецизирано за која вакцина конкретно станува збор. Понатаму, докторката која дошла до ваквите „шокантни“ податоци нема име и презиме, нема нејзина изјава, не е јасно каде таа доктoрка работела, колку пациенти испитала. Нема податоци на која возраст и пол се луѓето од кои наводно земала крв, дали имале некакви претходни заболувања и со кои вакцини се вакцинирале. Со други зборов…
Информацијата дека четоврица пилоти на „Бритиш ервејз“ починале е точна, но не е вистина дека нивната смрт е поврзана со вакцината против ковид-19 и дека авиокомпанијата е во некакви кризни разговори со Владата за тоа дали да дозволи летање на вакцинирани пилоти. Од „Бритиш ервејз“, во изјава за „Ројтерс“, рекле дека ниту еден од смртните случаи не е поврзан со вакцините и ги демантирале тврдењата дека компанијата водела кризни разговори со Владата .Пост на Фејсбук ја дезинформира јавноста дека откако четворица пилоти на „Бритиш ервејз“ (БА) починале по примена ковид вакцина, компанијата е …
Тврдењето дека празните листови во медицинските пакувања на вакцините се со цел да се сокријат информациите за безбедноста и за ефикасноста на вакцината, се невистинити. Листот е намерно оставен бел, затоа што содржи кју-ар код и веб-страница за да може да ги погледнете најновите и апдејтирани информации за вакцинатаРецензирамe пост на Фејсбук со содржина која се однесува на вакцината на Џонсон и Џонсон.
На видеото во склоп на постот женско лице во рацете држи затворена кутија од вакцината на Џонсон и Џонсон и откако ја отвора кутијата, од неа го вади упатството за употреба и странични е…