Ковид-19 вакцините не се генетска терапија затоа што не се дизајнирани на ниеден начин да ги променат вашите гени. Генската терапија вклучува правење на намерни промени во ДНК на пациентот за да се излекува генетска состојба. мРНК од вакцината не влегува во нуклеусот на клетката и воопшто нема интеракција со ДНК, така што не претставува генетска терапија. Центарот за контрола и превенција на болести на САД официјално потврдува дека вакцината против ковид не влегува во интеракција со нашата ДНК на каков било начин. Исто така, во постот не е наведено дека вакцината за децата нема да биде задо…
Сиднеј воведе карантин поради брзото ширење на делта сојот на коронавирусот и тврдењето дека воведувањето на мерки е со цел присилна вакцинација, е неточно. Исто така, вакцинирањето во Австралија е на доброволна основа и граѓаните сами може да изберат дали сакаат да се вакцинираат против ковид-19. Неточно е и тврдењето дека нема починати од корона вирусот. Таму се регистрани 910 смртни случаи. Постот манипулира и со процентот на заболени со коронавирусот, тврдејќи дека заразени се 0.018 % од популацијата. Австралија има речиси 26 милиони жители и кога ке се земе бројот на заболени со кови…
Заложба за неносење маски и порака да не се вакцинирате зашто сето тоа било дел од операција за контрола врз луѓето преку уништување на средната класа – се главните елементи преку кои во статус на Фејсбук се шират дезинформации поврзани со пандемијатаОбјава на Фејсбук поттикнува класичен антиваксерски став и секаков друг отпор против мерките за справување со пандемијата на корона вирусот, врз основа на една од теориите на заговор.Во објавата може да се прочита тврдење на авторот на постот дека „целата поента била целосна контрола врз населението“, а како главен доказ се нуди изјава од неиме…
Објава на социјалната мрежа Фејсбук шири страв и паника, нарекувајќи ја вакцинацијата „експериментирање од страна на лажговци, тендераши“, а за граѓаните кои ги вакцинираат своите деца се вели „не заслужуваат ни да имаат деца“ . Наспроти ова, непобитен научен факт е дека вакцините го спасуваат животот и спречуваат ширење на болести. Светската здравствена организација (СЗО) внимателно го следи воведувањето на сите вакцини за ковид-19, а ефикасноста и безбедноста на вакцините секојдневносе потврдува со нови научни студии. Постот манипулира дека „глобалистичка секта“ ја измислила пандемиј…
Неточно е тврдењето во постот дека изумителите на вакцините признале оти составен дел на вакцините е крвта од деца. Не навлегувајќи во религиозните аспекти на постот, ниту, пак, во верските чувства, фактичките медицински информации од науката негираат постоење на крв или крвни продукти во вакцините, ниту од возрасни, ниту од деца. Како невистинити ги оценуваме и наводите дека вакцинацијата е задолжителнаРецензираме пост на Фејсбук во којшто лажно се тврди дека вакцинирањето е задолжително. Временскиот контекст во којшто е споделен статусот, односно датумот на неговата објава – 30 јуни 2021 …
Полицијата во Лондон за Ројтерс вели дека нема никаква кривична истрага за ковид-19 вакцините и дека ниту еден вакцинален центар не е затворен.
Рецензираме пост на Фејсбук во кој се изнесува тврдење дека во Велика Британија, од 23 јануари 2022 година е издадена наводна наредба за заплена и стопирање на работата на сите ковид центри за вакцинација во државата. Во објавата исто така се тврди дека има 11 илјади докази за смртни случаи од вакцините и издадена е наредба за апсење на сите вклучени во ова „злодело против човештвото“.
Потенцирано е на полицијата дека тие работат за народот,…
Тоа што го соопштува насловот како информација, не може да се најде во содржинскиот дел на текстот што се споделува на Фејсбук. Податоците од истражувањето, пренесено во написот, покажуваат дека дури и вакцинираните може да појават симптоми односно да се заболат, со тоа што вакцините спречуваат развивање на потешка клиничка состојба, хоспитализација и смрт од овој и другите соеви на коронавирусот. Заклучокот, пак, изнесен во насловот дека „има луѓе на коишто делта сојот на вирусот не им може ништо“, е паушален и неточен.Сè почеста тема на пишување во медиумите и на социјалните мрежи е делта…
Вакцинацијата за децата не е задолжителна, туку опциона, а вакцинираните наставници не можат да ги загрозат нивните ученици, односно да ги контаминираат, како што се тврди во постот, ниту на друг начин некому негативно да му повлијаат на здравјето. Спајк протеинот што се создава по вакцинацијата не е ист со тој на коронавирусот и е во 100 илјади пати помала количина од онаа што е потребна да предизвика штета.Во време кога е и повеќе од јасно и повеќе пати повторувано и официјално наведено дека вакцинацијата во С. Македонија е на доброволна основа, односно дека доколку некој не сака да се ва…