Видеото кое е пренесено во постот, нуди нејасни и нецелосни информации. Во него се слушаат луѓе како зборуваат на француски јазик, но нејасно е кои се тие. Дали навистина се француски научници, како се викаат, каде и што работат? „Вистиномер“ досега неколкупати дебанкираше вести кои тврдат дека во составот на вакцините против ковид-19 има графен оксид. Тоа може едноставно да се провери доколку се погледне составот на вакцините, кој е јавно објавен на официјалните веб-страници на нивните производители, а истиот во форма на документи го има и на страницата ковид19вакцинација.мк. Како што може…
Пост на Фејсбук неосновано тврди дека вакцините против ковид-19 содржат графен оксид. Постот е придружен со видео за кое се тврди дека прикажува снимка на бели дробови од лице вакцинирано против ковид, а во кои е најдено присуство на графен оксид.
Ужас… Графен оксид во белите дробови на „вакциниран“ човек со наводните „вакцини“ против наводниот корона вирус – ковид-19“, се вели во постот што го анализираме.
Видеото под постот на кое наводно се гледа снимка бели дробови е нејасно, односно нема информации кога и каде е направена снимката и за кој пациент станува збор. Нема никакви фак…
Постот шири невистини дека има лажна пандемија од ковид-19 и дека таа е проект за којшто Светската банка, наводно, ,,пресметала да заврши во 2025 година”. Исто така, дезинформација е дека Светската Банка „до 2025 година планира да ги избоцка сите по секоја цена“, со оглед на тоа што вакцинацијата е доброволна, а во програмата за стратешка подготвеност и одговор на ковид-19, којашто е јавно достапна, не се споменува вакцинацијата како нешто што ќе биде планирано на глобално ниво како задолжително. Во секој случај, повеќето земји во светот, апелираат на вакцинација за да се создаде колективен…
Рецензираме пост на Фејсбук во којшто се тврди дека директорот на „Фајзер“, Алберт Бурла, е уапсен поради подмитување на влади за да го земат нивниот лек. Не се прецизира на кој лек точно се мисли, но во постот е споделен напис од „Conservative Beaver“, некредибилен портал кој објавува лажни вести во континуитет. Кога ќе се посети таканаречената вест објавена на овој портал, се доаѓа до деталите кои, исто така, се лажни, за наводното апсење и причините за апсењето.
Во текстот е наведено дека директорот на „Фајзер“ е уапсен на 5 ноември во неговиот дом во богата населба во Њујорк, задржан…
Во постот што го рецензираме искористена е техника за манипулација која се вика дискредитација на личноста, односно ад хоминем атак, каде што всушност, се доведува во врска вакцинацијата против ковид-19 со „Рокфелер“ фондацијата, како наводен заговор, и тоа преку грбот на доктор Жарко Караџовски, кој учествувал со свој придонес во научен труд сосема неповрзан со вакцинацијата. „Рокфелер“ фондацијата само го објавила трудот во кој се говори за еднодецениското работење на Здравствената мрежа на југоисточна Европа, а во кој Караџовски е претставник на Институтот за јавно здравје.
Рецензираме …
Бројот на новозаболени сега не е поголем отколку минатата година во истото време. Ако се споредат двата периода се доаѓа до заклучок дека оваа година имало речиси двојно помал број на новозаразени на речиси четирипати поголем број на тестирања.
Преку Фејсбук објава се тврди дека истиот овој период минатата година имало помал број на новозаболени со коронавирусот отколку сега. Ова не е вистина.
Објавата се состои од фото исечок од медиумски напис на порталот Инфомакс со наслов: „Повеќе новозаразени отколку лани ова време“. Притоа, во објавата се прави инсинуација дека за ова се виновни вак…
Објава на Фејсбук опасно дезинформира дека делта варијантата не постои и дека вакцината е штетна. Според Светската здравствена организација, делта варијантата на коронавирусот е официјално идентификувана во 124 земји. Здравствените авторитети постојано укажуваат дека бенефитите од ковид вакцината се поголеми отколку ризиците од неа. И покрај тоа што е можно вакцинирано лице да се зарази со коронавирусот, сепак, вакцината штити од тежок тек на болеста и во висок процент спречува хоспитализации и смртност.
Додека вакциналниот процес се трка со високо преносливата делта варијанта на коронавир…
Постот што ги рецензираме изнесува неточни и манипулативни тврдења дека невакцинираните ќе бидат подложени на репресии и присилни тестирања, кои наликуват на дехуманизираниот однос на нацистите кон Евреите за време на Холокаустот и дека вакцинацијата ќе стане задолжителна. Засега, пак, има само најави за можни рестрикции за невакцинираните лица, исклучиво заради заштита на јавниот интерес и општото здравје на населението, а вакцините се овластени за итна употреба и ги имаат поминато сите фази на клинички испитувања, кои ги оценуваат како безбедни и ефикасни против сериозни последици на коро…