Во пост на Фејсбук се содржани дезинформации според кои корона вирусот не е опасен. Покрај ова, неаргументирано се тврди дека пандемијата има цел да ја уништи средната класа. Но, од друга страна, не се понудени никакви факти и докази за ваквите тврдења.
Во пост на Фејсбук се содржани дезинформации според кои корона вирусот не е опасен. Покрај ова, неаргументирано се тврди дека пандемијата има цел да ја уништи средната класа. Но, од друга страна, не се понудени никакви факти и докази за ваквите тврдења.
Во постот стои:
$ 1 БИЛИОН неделно е штетата од карантинот во Сиднеј. (според моја претпоставка, имат голема веројатност карантинот да продолжит до Септември.) Штетата по здравјето на луѓето и економијата е поголема од мерките за заштита одколку од “опасниот” вирус.
Дезинформација е тврдењето според кое „штетата по здравјето на луѓето и економијата е поголема од мерките за заштита отколку од “опасниот” вирус“. Мерките за заштита кои ги предлагаа комисиите за заразни болести составени од врвни доктори, епидемиолози, професори даваа резултати на светско ниво и тие беа единствената можност да се забави ширењето на вирусот, сè до масовна имунизација. Целосниот карантин ниту една земја не го препорачува или применува како трајно решение, туку само како една преодна оперативна мерка на здравствените власти, сè со цел да не дојде до колапс на здравствените капацитети за лекување на заболените од Ковид-19. Впрочем, со карантинот и останатите рестриктивни мерки, како што се носење заштитна маска, полициски час, држење дистанца и слично, научно е потврдено дека се намалува ширењето на корона вирусот, а, воедно, овие мерки не причинуваат штета врз здравјето на луѓето.
Авторот во постот корона вирусот намерно го опишува како „опасен“ вирус, ставајќи го во наводници за да го потенцира спротивното. Неодговорно е да се тврди дека вирусот не е опасен кога над 4 милиони луѓе во светот до денес, токму од последици од ковид-19 го загубија животот.
Понатаму во постот стои:
Само големите корпорации бележат огромен профит. Ова е огромен трансвер на капитал од средна класа кон глобалистите.Накратко, целта е финасиско уништување на средната класа. Гратис, експериментална вакцина.
Не е точно дека поради пандемијата само големите корпорации бележат огромен профит. Впрочем, има факти и докази дека и големите корпорации бележат огромни загуби. Намалувањето на приходите е независно од големината на фирмата. Факт е дека хотелско-угостителските компании, авио компаниите, градежништвото, транспортните компании, занаетчиството, текстилната, преработувачката индустрија претрпеа огромни загуби и пад на приходите.
Според анализите на УНКТАД, Конференцијата на Обединетите нации за трговија и развој „економијата забележа најголем пад во 2020 година, откако во првата половина на 40-тите години почна да се води статистика за агрегатната економска активност“. Пандемијата ќе ја чини економијата 10.000 милијарди долари до крајот на оваа година, што е приближно двојно поголема од вредноста на јапонскиот БДП, посочуваат од УНТКАД.
Негативното влијание врз авиоиндустријата се одразува преку пад на приходите и намалување на патничкиот сообраќај за повеќе од 60-70% поради различните забрани и ограничувања што ги воведуваат земјите од целиот свет, велат од ТАВ.
Нема доказ дека големите корпорации бележат само профит, а малите и средните трпат само загуби. Впрочем, загуби претрпеа речиси сите компании.
Не е точно и дека „целта е уништување на средната класа“ и „трансфер на капиталот кон глобалистите“.
Имено, нема факти и докази за трансфер на капиталот. Всушност, сите држави во светот преку различни пакет мерки го помогнаа опстанокот на компаниите подеднакво независно дали се мали, средни или големи. Финансиска помош за надминување на економската криза добија сите погодени сектори.
Глобално погледнато, во последните 40 години значително порасна бројот на оние кои економски спаѓаат во средна класа. Причината за тоа, пред сѐ, е економскиот развој во земјите како Кина, Индија и Бразил. Но, во индустриските држави, трендот е обратен. Во САД, во средната класа некогаш се вбројуваа 60 отсто од населението, а во 2017 само 50 проценти. Впрочем, две години пред пандемијата забележено е намалување на средната класа, а главна причина, според експертите за проблемите на средната и работничката класа не се ни глобализацијата, ниту дигитализацијата, ниту пандемијата, туку децениската неефикасност на политиката и тоа во целиот свет.
The New York Post уште во 2018 година објави „Средната класа на Америка полека се брише“. Можеме да заклучиме дека ковид пандемијата нема врска со уништување на средната класа, односно нема докази за тоа.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град