Post Views: 7
Специјализирани возила два до три пати во месецот ќе им носат лекови на жителите во руралните средини каде живеат до 1 000 жители.
Проектот е наменет за хронично болните но бенефит ќе имаат вкупно 266 илјади луѓе во 1400 населени места.
Во соработка со руралниот доктор и руралните аптеки жителите ќе може да ги добиваат сите лекови по иста цена кои може да ги купат во секоја друга аптека.
Министерството за здравство овој новитет ќе го спроведе за три до четири месеци до кога треба да заврши правната регулатива околу доделувањето на 24 лиценци на фармацевтски компании.
Министерството...
Post Views: 2
По повод Светскиот Ден на храна, 16 октомври и Недела на борба против гладта (17-23 октомври), под мотото „ПОМИСЛЕТЕ И НА НАС” Црвен крст Охрид спроведува кампања за помоШ на најсиромаШните наши сограѓани.
Активностите се насочени кон прибирање на финансиски средства преку продажба на вредносни бонови и прибирање на доброволни прилози наменети за набавка на прехрамбени производи за подготовка на хуманитарни пакети за социјално најзагрозените семејства од Охрид.Во текот на Неделата на борба против гладта од 17-23 октомври, во поголемите маркети во Охрид Ќе бидат поставени...
Post Views: 2
Мала црквичка односно параклис денес беше осветен во стариот дел на градот, Варош, во непосредна близина на саат кулата. Прекрасната икона на мајката Св. Богородица во златна боја изработена од рацете на нашиот сограѓанин Климе Митрески не случајно осамна денес на ова место.
„Ова е по заповед на мајката Божја, Св Богородица и како што таа заповедуваше, откако таа ми се појави така правев, се со моите раце изградено, јас сум само нејзин слуга. Додека го направив јас си знам . Не сум некој богат човек не очекувам признание и слава, не сакам преку тоа да постигнам нешто,...
Post Views: 10
26ти Август 1944 година, Караорман, место Рудина. На многу од нас овие неколку податоци не ни значат ништо. Но на храбрите борци од Четвртата албанска ударна бригада им значат многу. Токму на овој датум пред точно 78 години била формирана нивната бригада.
Претседателот на сојузот на борци од Струга, Ајредин Мемеди вели дека ослободителната борба била општонародна и во неа рамо до рамо се бoреле и македонци и албанци и власи и македонци-муслимани и турци.
„При заминувањето на бригадата на Сремскиот фронт, бригадата броеше 501 борец и тоа борци од Струга, Охрид и Дебар,...
Post Views: 0
Денес беше отворена првата мртовечница во Охрид. Станува збор за современо уреден објект кој ги исполнува Европските стандарди, велат од погребалниот оператор „Мирен Сон“. Денис Шибакоски, открива дека оваа дејност требало многу порано да функционира во нивното претпријатие, бидејќи условите во кои работеле досега само ја усложнувале оваа активност, бидејќи биле принудени починатите лица да ги носат во ладилниците во Скопје и Битола. Даниела Кузмановска вработена во ова претпријатие појасни кои се олеснителните околности, од кои се разбира најголем интерес би имале граѓаните...
Post Views: 2
Нормално е вирусите со текот на времето да се менуваат и еволуираат додека се шират меѓу луѓето. Секојпат кога вирусот се реплицира (прави копии од себе), постои потенцијал да има промени во неговата структура – „мутации“. Единствениот начин да се идентификуваат и карактеризираат новите варијанти е со геномика. Секвенционирањето на целиот геном е важен метод за генетско карактеризирање на вирусите со кој може да се направи споредба со други циркулирачки соеви. Коронавирусот се пренесува преку вдишување на респираторни капки од некој што е заболен, кои се исфрлаат преку...
Post Views: 16
50 годишен континуитет на адвокатската дејност продолжена во Адвокатското друштво Гоџо, Кичеец и Новаковски. Традицијата започнала уште во далечната 1967 од страна на нивните родители кои исто така биле адвокати за со тек на време да добива различни форми на организирање на адвокатурата за конечно од пред седум години овие три презимиња да се соединат во едно Адвокатско друштво.
Се носевме подолго време со таа идеја нашите посебни канцеларии да ги интегрираме во едно друштво бидејќи светските трендови се преселија и кај нас и се јави објективна неможност поединец или...
Post Views: 3
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги утре ќе ја одреди новата цена на горивата.
Основни елементи според кои се одредува максималната малопродажна цена се движењето на цената на нафтата на светските берзи и вредноста на доларот.
Новите цени на горивата ќе почнат да се применуваат од утре по полноќ, а ќе важат една недела.
Post Views: 11
Рехабилитација и надградба на колекторски систем, пречистителна станица и фекална канализација во Трпејца , Рехабилитација, реконструкција и доградба на канализациона мрежа за собирање на отпадните во Охридскиот регион, најави на денешната прес конференција кандидатот за градоначалник од ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата, Митко Тилевски. Со цел заштита на водите во Охридското Езеро, изготвена е студија на изводливост од врвни експерти и утврдени се приоритетни активности, кажа Тилевски.
„Согласно утврдената динамика на приоритетност, ќе се преземат активности за изградба на...
Post Views: 0
„Искрено верувам дека изборите на 15 октомври ќе завршат со најдобрите резултати за охриѓани. Нашите сограѓани ќе добијат соодветни услуги, услуги какви што заслужуваат. Продолжуваме да ја следиме нашата патека, со ваша целосна поддршка, со истатата љубов и посветеност како првиот ден, истакна на денешената завршна прес конференција др. Митко Тилевски, кандидат за градончалник од ВМРОДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“.
„Работа за сите, економски пораст и развој на Охрид, создавање нови работни места и намалување на стапката на невработеност и унапредување на...
Post Views: 7
Цените во онлајн продавниците се често поповолни отколку во вистинските дуќани, а со условот детално да ја проверите веб-продавницата, купувањето по пат на интернет е најисплатливо. Но, пред да купувате преку интернет важно е да ги прочитате неколкуте совети кои можат да бидат од полза.
-Проверете го добавувачот, односно онлајн продавницата и неговата репутација. Пред да се одлучите за купување и да впишете било каква информација за картичката, проверете ја веб-продавницата. Повеќето страници имаат рубрика “најчести прашања” – прегледајте ги и додатно информирајте се...
Post Views: 0
Охрид да биде отворена и услужна општина, била една од главните цели на СДСМ и коалицијата „За живот во Македонија“, истакна кандидатот од оваа советничка листа, Филип Јовановски, на денешната прес конференција. Јованоски рече дека во нивната програма предвидено било развојот на Охрид да биде со максимална употреба на паметни технологии, со што ќе се овозможело граѓаните на Охрид да добиваат побрзи и поквалитетни услуги од јавната администрација.
„Паметниот урбанистички развој на градот обезбедува максимален квалитет на живот со минимално трошење на ресурсите. Сето тоа...