Незаборавен концерт на Горан Трајковски во Охрид

Post Views: 15 Бројни охриѓани, но и гости  од земјава и странство синоќа уживаа во концертот на неповторливиот Горан Трајкоски, што се одржа на градскиот плоштад во Охрид. На концертот беа изведени дела од неговиот најнов проект „Тешкиот глас на новите химни“. Трајкоски има зад себе долгогодишна музичка кариера, а го има ставено својот потпис и врз неизбришливи музички големини како „Анастасија“, „Падот на Византија“ и „Мизар“. Со настапот на Трајкоски и официјално започнаа свеченостите   по повод одбележувањето на   еден милениум од основањето на древната Охридска архиепископија. Централната...

Continue reading

Sv.Gjorgija

Денеска се празнува Св.Ѓорѓи Победоносец-Ѓурѓовден

Post Views: 3 Житието вели дека Св. Ѓорѓи е роден во Кападокија во Мала Азија од богати, но чесни и побожни родители. Уште во детството останал без татко и мајка му заедно со него се преселила во Палестина каде што била родена. Таму го минал детството посетувајќи ги местата во кои Исус го проповедал своето учење и се стекнал со образование. Бил висок, убав и храбар поради тоа добил висока служба во војската. На 20-годишна возраст добил чин трибун, а подоцна императорот Диоклецијан го поставил за член на државниот совет. Подоцна кога умрела и мајка му целиот имот им го поделил на сиромашните....

Continue reading

Германска делегација во посета на општина Охрид

Post Views: 10 Градоначалникот Јован Стојаноски, денеска имаше средба со делегација од градовите Тутлинген и Меринген од германската покраина Баденвитенберг, предводена од  Клингештајн  Хервиг градоначалник на Меринген.На средбата гостите најмногу се интересираа за заштитата на Охрид, како светско природно и културно наследство, на што градоначалникот Стојаноски објасни дека локалната и централната власт деновиве ги интензивираат активностите за решавање на забелешките на УНЕСКО, а паралелно се работи на стратегија за одржлив развој на целиот регион. Заеднички беше констатирано дека...

Continue reading

koalicija

ВМРО- ДПМНЕ и СДСМ, Струга, сепак ќе коалицираат

Post Views: 4 ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, се договорија. на престојните локални избори ќе настапат како коалиција. Двата политички блока ќе го поддржат др Владо Кочоски кандидатот за градоначалник на ВМРО – ДПМНЕ. Исто така настапуваат со заедничка листа на кандидати за советници. Носител на советничката листа е Ристе Ќушкоски од СДСМ, па следува Никола Затуроски од ВМРО ДПМНЕ, Николина Велкоска СДСМ, Перо Петкоски ВМРО – ДПМНЕ и така наизменично. Мотивот на коалицирањето бил да се изнајде најдоброто решение за Струга, рече во краткиот телефонски разговор Ристе Ќушкоски носителот на зедничката...

Continue reading

Словачкиот амбасадор на средба со градоначалникот Стојаноски

Post Views: 5 Делегација на Република Словачка, предводена од амбасадорот на Република Словачка во Република Македонија, Н.Е. Хенрик Маркуш, во придружба на потпретседателот на Жилинскиот самоуправен регион, Милан Лауренчик, генерелниот викар на епархијата на Жилина, како и градоначалникот на Терхова, Јозеф Давидик и директорот на градскиот културен центар Терхова, оствари средба со градоначалникот на Охрид, Јован Стојаноски. На средбата се разговараше за остварување на соработка во областа на културата со поставување на изложба во Охрид како почеток на една подлабока соработка во...

Continue reading

Честитка од Градоначалникот за Националниот ден на Власите

Post Views: 2 Почитувани сограѓани и припадници на влашката етничка заедница во Република Македонија,Прославувањето на Националниот ден на Власите како празник, претставува симбол за почит кон Влашката култура и Влашкото малцинство што живее на овие простори. Влашката заедница, која дава свој придонес во општествениот и културен прогрес во Охрид и Македонија е важен дел од македонското општество.Власите во Македонија, се составен дел од историјата на Република Македонија и нераскинлив дел од сегашноста и иднината на државата.Националниот ден на Власите е можност да ја одбележиме и...

Continue reading

Денеска во Охрид сончево време со температура до 28 степени

Post Views: 0 Времето денеска во Охрид сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од северен правец. UV индексот ќе биде 6, а максималната температура во Охрид ќе се искачи до 28. степени. Следува период на значително топло време за овој период од годината. Кон крајот на работната недела и особено во сабота ќе се зголемат условите за појава на нестабилност и пороен дожд проследен со засилен ветер – информираат од УХМР. 

Continue reading

Светската оперска дива Елена Мошуц ќе го отвори овогодинешното Охридско лето

Post Views: 2 Светската оперска дива Елена Мошуц ќе го отвори овогодинешното Охридско лето. На свеченото отварање заедно со неа ќе настапи тенорот Калин Братеску и симфонискиот оркестар на Македонската филхармонија под диригентската палка на Николае Молдовеану. Со настапот на Мошуц продолжува традицијата најголемите светски ѕвезди да настапат на отварањето на овој реномиран фестивал. Охридското лето со својата доследност и светски квалитет е вистински репрезент на обединувачката сила на културата. Ова лето ќе имаме одличен фестивал, полн со концерти и претстави, кои што очекуваме...

Continue reading

Уличните кучиња касаат граѓани и никако да се стави крај на оваа појава

Post Views: 5 Уличните кучиња касаат граѓани и никако да се стави крај на оваа појава. Билтенот на Центарот за здравје во Охрид говори дека неделно дури до два случаи на луѓе каснати од куче бараат интервенција кај нив односно примаат соодветна вакцина против беснило. Др Јованка Стурлакова Коровешоска потврдува дека во најголем дел граѓаните се каснати од куче скитник. А такви во градов ги има многу и е не е нешто ново ако се каже дека надлежните досега не мрднале ниту со малиот прст да се справат со овој сериозен и опасен проблем. „Последниве 4 години е зголемен бројот на пациенти...

Continue reading

Влезот на Охрид од сеуште не е уреден

Post Views: 4 Северозападниот влез на Охрид сеуште не е хортикултурно уреден. Освен куќарката во стилот на старата охридска архитектура и една стрелка која е направена од левата страна на патот кога од Скопје доаѓаш за Охрид нема ништо друго што би асоцирало на тоа дека тука е влезот во најголемиот туристички центар во Македонија. Од ЈП „Комуналец“ ветија дека просторот кој меѓу охриѓани е познат како кај петљата ќе биде уреден, ќе биде засадено зеленило, дрвца и цвеќиња, ќе бидат поставени и некои други содржини, а старите ќе бидат отстранети. Но еве и оваа сезона пристигна, а тоа...

Continue reading

Се воведува најдолгиот лет на светот

Post Views: 0 Индиската авио-компанија Air India во декември воведува лет кој ќе биде најдолг во светот – од Њу Делхи до Сан Франциско кој ќе трае скоро 16 часа кон САД и 17 часа назад кон Индија. Авионот во еден потег ќе прелета 12.379 километри што претставува една третина од кругот околу Земјата. Овој рекорд би требало да трае до февруари идната година за кога Обединетите Арапски Емирати ќе воведат лет од Дубаи до Панама Сити кој е долг 13.821 километар и кој ќе има времетраење 17 часа и 30 минути.

Continue reading

Фотовалтна централа ќе гради ЈП „Градски Гробишта“

Post Views: 0 Изградба на фотовалтична централа најавува директорот на ЈП „Градски Гробишта“, Ванчо Костоски. Дирекоторт смета дека со реализација на еден ваков проект ќе се подобри финансиската состојба на ова Јавно претпријатие, кое го затекнал во минусна состојба од 3 милиони денари. „Со донесување на новиот закон за енергетика планираме да изградиме една фотовалтична централа од 300 – 400 киловати, на просторот од паркингот, чекаме да помини законот за енергетика во Собрание и мислам дека први од ЈП ќе поденесеме барање за изградба на таква централа која ќе биде дополнителен и...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top