Post Views: 0
Градскиот хор Вокс Лихнидос интензивно се подготвува за својот годишен концерт. Четириесеттината членови од најразлична возраст двапати неделно интензивно вежбаат за на публиката да и приредат едно незаборавно доживување. Ќе бидат изведени дванаесет композиции и тоа од најразлични жанрови, ќе има духовни песни, песни од класичната музика, но и модерни нумери. Диригентот Бурим Хидри вели дека кога го одбира репертоарот секогаш се труди да биде шаренолик и да има за сите по нешто.
Уште кога станав диригент на хорот јас направив избор на репертоарот со кој ќе настапува...
Post Views: 5
Тим на Меѓународниот монетарен фонд(ММФ) предводен од Ивана Владкова Хопар од денеска па сè до 19 мај ќе престојува во посета на Република Македонија со цел да ги анализираат економските параметри за надворешната одржливост на земјата, и можноста за навремено сервисирање на обврските.
Консултациите по членот 4 од оваа програма се редовна проверка која се врши кај сите земји членки што се приклучуваат на ММФ.Процесот на Пост-програм мониторинг (ППМ) е наменет за земји членки кои имаат значителна преостаната обврска кон Фондот по истекот на нивните аранжмани.
По двонеделните...
Post Views: 6
Театар на отворено. Денес и утре охриѓани ќе имаат можност да ги проследат атрактивните баскер артисти, како и музичарите кои што се дел од годинешниот „Баскерфест“. Артисти има речиси од секаде во светов. Ќе има циркус, фрлање со ножеви, жонглирање со оган. А најзгодниот магионичар на светот кој доаѓа од Бразил ќе го изведе своето шоу со илузии и магични трикови на кое никој не останува рамнодушен.
Најпрво благодарност до општина Охрид за нејзината поддршка. Баскерфест се одржува по четврти пат а задоволство ни е што годинава го отвараме во Охрид, бидејќи нашите артисти...
Post Views: 18
Во струшката гимназија „Ибраим Темо“ одбележан Летник. За таа цел учениците од разни верски етникуми со заедничка активност ишараа јајца, сервираа пченка и направија мартинка за сите. Овој празник е добар повод за обединување велат учениците.
„По повод Летник се собравме сите без разлика на албанска или од македонска национална припадност со цел да го прославиме бидејќи тој не обединува. Нашето училиште презеде иницијатива да го прославиме празникот Летник и за таа цел ставаме мартинки, собравме јајца, пченка и го честитаме празникот Летник“.
Урим Крека, првиот човек...
Post Views: 0
Растот на цената на нафтата на светските пазари може да предизвика ценовен шок во електрична енергија. Токму затоа новиот закон за либерализација на пазарот , чија примена започнува за девет месеци , нуди решенија за амортизација на ценовните шокови и заштита на крајните потрошувачи, истакна вицепремиерот Кочо Анѓушев на денешниот Форум за енергетика, што денес се одржа во Струга.
Законот за енергетика во кои се имплементирани директивите на ЕУ е на функција од вчера„Она што основно ќе реши законот треба да ја реши можноста да секој кој што сака да биде учесник во...
Post Views: 3
Германскиот хемичар Андреас Ноак не открил дека во вакцините има графен оксид, затоа што вакцините не содржат такво соединение, а тоа го потврдуваат многу светски медицински експерти, за што „Вистиномер“ досега има пишувано во неколку наврати. Докторот не бил убиен од страна на полицијата затоа што „ја зборувал вистината за вакцините“, туку починал како последица на срцев удар. На 29 ноември 2021 година, неговата девојка Ана објави видео во кое појасни дека Ноак не бил нападнат, туку починал од срцев удар во болница.
Пост на Фејсбук пласира дезинформација дека германскиот...
Post Views: 0
ОУ „Братство и единство“ ќе добие нова зграда. Постојниот објект ќе се руши и ќе се изгради комплетно нова училишна зграда и спортска сала. Проектот е донација на турската агенција за соработка и координација ТИКА. За оваа цел градоначалникот Јован Стојаноски и претседателот на „ТИКА“ за Балканот и Југо источна Европа, Махмуд Чевик потпишаа меморандум. Понатаму ќе следува потпишување на договор, проектирање, изведување на градежни работи и опремување на новата училишна зграда со што учениците и наставниот кадар ќе добијат современи услови за одвивање на образовниот...
Post Views: 3
Театарската претстава „КРИК ЗА ЉУБОВ” – Жозиен Басалко во режија Љупчо Ѓоргиевски закажана за четврток 16.09.2021 година се одложува, поради подготовка на нов проект со режисерот Сашо Миленковски, информираат од НУ Центар за култура „Григор Прличев“.
Оттаму додаваат дека за точниот термин на одржување на претставата јавноста ќе биде дополнително информирана. Картите ќе важат, но истите и ќе може да се заменат на билетара.
Post Views: 2
Зголемување на мерките за поддршка на млади лица до 29 години и младите да се стимулираат што повеќе да се залагаат да работат и дообразуваат во нашата Македонија, бараат од Партијата за општествен и економски напредок ПОЕН. Ги охрабруваме Владата на Република Македонија, министерството за труд и социјална политика и агенцијата за млади и спорт, да започнат постапка за спроведување на процесот на младинска гаранција и на територијата на град Охрид, како општина со највисок процент на иселеност на млади луѓе во државата, кажа денеска на прес конференција, Вахид Мемед...
Post Views: 2
Во период кога туристичката сезона е започната ЈП „Билјанини извори“ носи скандалозна одлука во врска со наплатата на паркинг на улиците, обвинија денеска од ОК на ВМРО ДПМНЕ. Кирил Пецаков изнесе детали за тоа како се проширува зоната А со што индирекно поскапува цената за паркинг простор а во зона Б нелогично се вметнуваат улици каде што таква услуга никогаш немало.
„Дури се дрзнуваат Булевар Туристичка којшто е магистрален пат да го узурпираат за наплатување паркинг. Во Стариот дел на градот којшто е репрезентативен дел наместо зона без возила сега и трите најпосетувани...
Post Views: 0
Министри на Македонија, Црна Гора и на Албанија учествуваа на денешната средба на која се дискутираше за спроведувањето на акциите и мерките кои произлегуваат од одлуката на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО, а кои се однесуваат на Охридскиот регион и на црногорскиот град Котор. Неодамна реактивната мониторинг мисија на УНЕСКО и Комитетот за светско наследство на УНЕСКО побараа Македонија да воведе мораториум на сите крајбрежни и урбани трансформации во Охридскиот регион се додека не бидат донесени урбанистичките планови за 19 региони во старото градско јадро.
Тоа...
Post Views: 1
Најголемиот заемодавач во светот, Deutsche Bank (DB), случајно на еден свој клиент му дозначил шест милијарди долари по впишување на погрешни бројки, објавија медиумите.
Таа грешка во јуни ја направил помлад член на тимот на DB за продажба на девизи, објави Bloomberg. Шест милијарди долари се пратени на клиент во американскиот Hedge фонд, а парите се вратени еден ден подоцна. Тоа се случило бидејќи вработениот користел бруто наместо нето бројки, се наведува во соопштението.
Инцидентот се надоврзува на низата скандали во таа инвестициска банка со седиште во Франкфурт...