УТРЕ ВОНРЕДНА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД

Post Views: 0 По повод ненадејната смрт на градоначалникот на Општина Охрид, проф.д-р Јован Стојаноски, Советот на Оштина Охрид, на 16.12.2018 (недела), со почеток во 10 часот, ќе одржи вонредна седница на која треба да биде изгласана одлука, понеделник, 17 декември да биде прогласен за ден на жалост. ПОСМРТНИТЕ ОСТАНКИ НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА ОХРИД, ПРОФ. Д-Р  ЈОВАН СТОЈАНОСКИ ЌЕ БИДАТ ИЗЛОЖЕНИ НА 17.12.2018Г. (ПОНЕДЕЛНИК), ОД 12 ДО 14 ЧАСОТ, ВО КАПЕЛАТА НА ГРАДСКИТЕ ГРОБИШТА ВО ОХРИД. Во понеделник 17.12. 2018 г.(понеделник), со почеток во 10 часот, во големата сала на општинската...

Continue reading

Од понеделник трета доза вакцина против Ковид-19

Post Views: 8 Од понеделник трета доза на вакцина ќе може да примат сите граѓани на возраст над 60 години и сите здравствени работници и пациенти кои имаат имунокомпромитирана состојба, без оглед на возраста. Се најавува и скрининг на генералната здравствена состојба на населението, како и брзи антигенски тестови тестови за учениците во основните и средните училишта во државата. Согласно сознанијата кои ги посочи министерот за здравство, Венко Филипче, на вчерашната прес-конференција, третата доза вакцина треба да биде од производителот „Фајзер“, а дополнително ќе следат препораки...

Continue reading

КОМЕМОРАЦИЈА ЗА СМРТТА НА ГРАДОНАЧАЛИКОТ

Post Views: 2 ВОНРЕДНА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД ПО ПОВОД НЕНАДЕЈНАТА СМРТ НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ЈОВАН СТОЈАНОСКИ   По повод ненадејната смрт на градоначалникот на Охрид, проф. д-р Јован Стојаноски, Советот на Општина Охрид, денес одржа вонредна седница. Седницата започна со едноминутно молчење, а советниците донесоа одлука, утрешниот ден да биде ден на жалост на подрачјето на Општина Охрид. Сите културни, спортски, забавни и други настани и манифестации закажани за 17.12 2018 година (понеделник) се отакажуваат.          

Continue reading

Премиерот Заев упати телеграма со сочувство за смртта на градоначалникот на Охрид, проф. д-р Стојаноски: Загубивме колега, пријател и голем професионалец посветен на својата визија за Охрид

Post Views: 2 Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев упати телеграма со сочувство за смртта на градоначалникот на Охрид, проф. д-р Јован Стојаноски, до неговото семејство, најблиските и пријателите. Во телеграмата, премиерот Заев пишува дека смртта на проф. д-р Јован Стојаноски, е огромна загуба за академската заедница, за Охрид, локалната заедница и за партијата СДСМ, за кои низ годините даде огромен придонес со своето посветено работење. „Јован беше колега, пријател и голем професионалец посветен на својата визија Охрид да биде вистинска европска, културна...

Continue reading

Запленети рибарски мрежи

Post Views: 1 Полициските службеници од СВР Охрид во езерска акција и со нов „плен“. На 14/15.12.2018 година при вршење на патролна дејност во водите на Охридското Езеро, од  страна на полициски службеници во 00,10 часот спроти  плажата “Лагадин” и спроти плажата Елешец на околу 300 метри од брегот  на езерото, пронајдени се рибарски мрежи. Се работи на расчистување на случајот.

Continue reading

BMW казнет за возилата кои не поминале “crash” тест

Post Views: 3 Американските регулатори за безбедност во сообраќајот изрекоа казна од 40 милиони долари на германскиот производител на автомобили BMW поради пропусти во повлекувањето на возилата кои не го поминале таканаречениот “crash” тест, односно тестирање на возилата при судир. Националната агенција за безбедност на патиштата (NHTSA) наведува дека компанијата признала дека не ги почитувала американските стандарди за навремено повлекување на возилата кога се работи за отповикување на моделот Mini Cooper Hardtop со две врати, кој паднал на тестовите во 2014 и 2015 година, пренесува...

Continue reading

Добри вести од Германија, извршена е трансплатанцијата кај Сара, таа се чувствува добро

Post Views: 7 Неколку месечната акција и вистинска мобилизација на охриѓани, но и на целата држава и сите добри луѓе ширум светот, на 12-ти овој месец беше крунисана со зафатот кој беше извршен врз 15-годишната Сара Настеска од Охрид. – Пред два дена, на 12-ти декември се изведе трансплантацијата која се одвиваше во две фази. Прво од братот на Сара, Виктор беше земен потребниот примерок односно коскена срцевина, врз кој потоа беа извршени медицинските процедури и прилагодувања на истиот, а потоа истиот беше трансплатиран врз Сара. Во моментов таа е добра и позитивна. Сега, следува...

Continue reading

minister za zdravstvo

Штрајкот на матичните лекари засега во мирување

Post Views: 1 Матичните лекари засега го ставаат протестот во мирување по вчерашната средба со министерот за здравство Никола Тодоров, иако не се убедени дека нивните проблеми ќе бидат решени. Тие на средбата, на маса ги ставиле сите нивни барања, тврдејќи дека околу 1.500 матични лекари повеќе така не можат да издржат. – Треба да дадеме предлог за здравствените системи во другите земји. Се што сметавме дека е проблем вчера му кажавме на министерот. Мора да се смени нешто. Имаме мали плати, а постојано имаме нови давачки. Нели, треба да ги платиме вработените. А, тука се медицински...

Continue reading

Почина охридскиот градоначалник Јован Стојаноски

Post Views: 0 Јован Стојаноски е роден на 7-ми август 1970 година во Охрид. Високото образование го стекнува на Економскиот факултет при Универзитетот „Кирил и Методи“ во Скопје. Од 1999 година е Магистер по Маркетинг, а во 2003 година Доктор по Меѓународен туризам и Маркетинг менаџмент. Стојаноски беше долгогодишен професор на факултетот за туризам и угостителство во Охрид и член на СДСМ. Исто така беше носител на советничката листа на последните локални избори во 2013-та година и координатор на советничата група на здружената опозиција во периодот 2013-2017, а во 2017 година беше...

Continue reading

flaer

Секоја четврта жена во Македонија е жртва на семејно насилство

Post Views: 28 Според последните истражувања, една од четири жени во Македонија е жртва на насилство. Министерството за внатрешни работи на земјата регистрираше 147 случаи на домашно насилство врз жени во 2013 година, што е за 33,6 отсто повеќе од претходната година. Зачестеноста на случаите на домашно насилство ги загрижува бранителите на правата на жените, кои им помагаат на жртвите на насилство да се вратат на нормалниот живот. Македонското здружение за развој и интеграција нуди бесплатни психолошки консултации за жени. Претседателот на здружението, Наде Качакова, рече дека организацијата...

Continue reading

Предновогодишна еуфорија во игротека ВАЊА

Post Views: 0 Празници се ближат. Децата во Игротека Вања се радуваа и забавуваа  китејќи ја големата новогодишна елка со рачно изработени лампиони. Пријателите на Игротека Вања од Детски маски Охрид дадоа свој придонес на овој настан. Лампионите, честитките и новогодишните украси кои ја разубавија елката беа изработени од вредните детски раце на работилниците кои игротеката ги организираше изминатиов период. Следува наградната игра во која учествува секоја фискална сметка. Главното извлекување ќе биде на крај на месец Декември. Истовремено ќе се организира продажна изложба на најкреативните...

Continue reading

Земјотрес со јачина од 5,4 степени ја погоди Грција

Post Views: 0 Земјотрес со магнитуда од 5,4 степени според Рихтеровата скала, го погоди утрово јужниот дел на Грција. Епицентарот на потресот бил меѓу Пелапонез и Крит. Грчкиот институт за геодинамика соопшти дека центарот на потресот бил на длабочина од 58 километри. Грчките медиуми јавуваат дека земјотресот се почувствувал од Атина до Крит. Нема информации за повредени и за материјална штета.

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top