Post Views: 1
Оваа вирална објава на Фејсбук пласира лажна информација дека починатата медицинска сестра претходно била вакцинирана со две дози „Фајзер“. Од Минитерството за здравство, од Инфективната клиника во Скопје и од Општата болница во Кичево информираа дека медицинската сестра воопшто не била вакцинирана. Постот намерно ја дезинформира јавноста, создава погрешна слика за ефикасноста на вакцините и ги наведува луѓето да не се вакцинираат.
Пост на Фејсбук шири невистини дека младата медицинска сестра од Општата болница во Кичево, која почина на Инфективанта клиника во Скопје...
Post Views: 7
Досега, потврдено е дека 541 туристи во Црна Гора се заразиле со коронавирус, вели Јована Вуковиќ, епидемиолог во Институтот за јавно здравје, за Радио Слободна Европа (РСЕ).
Според РСЕ, во последниот месец, Дирекцијата за инспекциски работи издала околу 380 решенија за самоизолација на туристите, повеќето од нив во Будва.
За време на контролите, немаше прекршувања на мерките за самоизолација, како меѓу граѓаните на Црна Гора, така и меѓу туристите“, изјавија од Управата.
Нивните 18 здравствени и санитарни инспектори ги контролираат пропишаните мерки за изолација на...
Post Views: 1
По неколку часа убедување од страна спасувачката екипа, успешно заврши акцијата за спасување на мажот кој сакаше да скокне од зграда во близина на Трговскиот центар (ТЦ) „Мавровка“.
На терен имаше екипи од полицијата, Противпожарната единица и Брзата помош. Преговорите траеја неколку часа, а спасувачите го разубедија да се откаже од намерите. Покрај зградата беше поставен и душек за спасување.
Post Views: 2
Минатата година, поаѓајќи од барањата на граѓаните Општина Дебрца отпочна со проектот “Изградба на бетонски пропусти на локални и полски патишта и улици во општина Дебрца”.
Проектот опфати повеќе активности : поставување на армирано бетонски цевки за премостување на водотеци, изградба на бетонски влезни и излезни шахти за пропусти, крилни ѕидови, изградба на бетонски канали за вода со или без метални решетки и друго.
Од проектот досега е реализирано:
-зафаќање и регулација на атмосферските води на две улици во село Мешеишта,-премостување со армирано бетонски цевки на...
Post Views: 31
На Охридската чаршија ќе и се враќа автентичниот изглед. Ова е зацртано во проектните планови на Секторот за туризам и локален економски развој при Локалната самоуправа. Се планира продавниците и угостителските објекти да го вратат традиционалниот изглед на излозите од дрво или имитација на дрво. Станува збор за објекти на потегот од Света Софија, градскиот плоштад, чаршијата па се до вториот Чинар, напоменува Ѓоко Апостолов од ТЛЕР.
Имаме направено целосна анализа во каква состојба е секој дуќан и објект во моментов, што е она што отскокнува од традиционалниот изглед,...
Post Views: 0
Хируршкото одделение при Општа болница Охрид ќе добие вредна донација од Јапонската влада. За потребите на болницата преку грант ќе се обезбеди мобилен дигитален рендген апарат. За таа цел се потпиша Договор за имплементација на проект од грант програмата за човекова безбедност на Јапонската влада со општина Охрид и Општа болница Охрид. Савада Хиронари, амбасадор на Јапонија во земјава, напомена дека со овој грант ќе и се помогне на болницата да ги подобри своите капацитети и ќе се зголеми безбедноста на операциите на хируршкото одделение.
Во рамките на иницијативата...
Post Views: 3
Постот ги извртува и фалсификува историските факти. Со Нирнбершкиот процес не се одлучило дека „давањето на лекови против волјата на субјектот ќе се третира како злосторство против човештвото“. Не постои паралела помеѓу Нирнбершкиот процес и пандемијата од коронавирусот, ниту со вакцинацијата против ковид-19. Оваа фабрикувана објава ја манипулира јавноста преку споредувањето на судењето на нацистите од Втората светска војна и сегашната борба против епидемијата на коронавирусот.
Колаж од шест фотографии се кристи во објава на социјалната мрежа Фејсбук за злоупотреба...
Post Views: 14
Повеќе лица загинаа при тешко слетување на хеликоптер на Далечниот Исток на Русија, во Камчатка, јави Тасс, повикувајќи се на извор од итни спасувачки служби, пренесе ДПА.
Според прелиминарните податоци, при тешкото слетување на хеликоптерот, осум лица загинаа, а останатите осум се спасени. Хеликоптерот потона, соопшти Тасс рано утринава, повикувајќи се на изворот.
Руската агенција подоцна ја цитираше Марина Волкова, заменик-министер за здравство на Камчатка, дека девет лица преживеале. Се верува дека во хеликоптерот Ми-8 имало 13 туристи и тројца членови на екипажот.
Се...
Post Views: 2
Дополнителни 12.870 дози од производителот „Фајзер“ обезбедени преку директните преговори со производителот и преку ЕУ која ги обезбедува како помош преку трилатерални договори во рамките на програмата „Тим Европа“ (Team Europe) пристигнаа денеска, објави министерот за здравство Венко Филипче на својот профил на Фејсбук.
„Овие вакцини се наменети за вакцинација на сите граѓани пријавени преку веб платформата vakcinacija.mk. Апелирам сите кои досега се немаат пријавено да го сторат тоа што поскоро“, напиша Филипче.
Министерот апелираше сите граѓани кои досега не се пријавиле...
Post Views: 3
Рамиз Мерко, струшкиот градоначалник, бега од одговорност и од проблемите кои сам ги создаде , вели Имет Имери советник од Алијансата за Албанците после писмото со кое Мерко се обрати до Владата.Ова доаѓа по информацијата дека струшкиот градоначалник се пожалил до владата дека бил мета на закани и притисоци па се саморазвласти од надлежностите во делот на урбанизмот. Односно, ги враќа ингеренциите од општината на централната власт. За ваквата постапка советникот Имери со порака до Мерко да си замине од функцијата или машки да ги реши проблемите до крај.
„ Мислам дека...
Post Views: 3
Во конкуренција од преку 25 илјади учесници од 75 земји од целиот свет, 59 ученици кои ја следат интернационалната Бреинобреин програма во Центарот за развивање на животни вештини БОБ-Црвен крст Охрид ќе учествуваат на 7-от Меѓународен Бреинобреин натпревар кој ќе се одржи на 29 јануари 2022 г. на онлајн платформа.
Како и на досегашните меѓународни Бреинобреин натпревари и сега очекуваме охридските бреинобреин генијалци да не израдуваат со значителен успех. Напоменуваме дека во тек се уписите за прием на нови ученици кои ќе ја следат Бреинобреин прорамата во Центарот...
Post Views: 0
Советот на Општина Охрид денеска ја усвои нацрт верзијата на Буџетот за 2022 година. Со тоа започна постапката за носење на општинскиот буџет за претстојната година при што ќе има јавна расправа и граѓаните и советниците ќе имаат можност да даваат свои забелешки и сугестии за кроењето на јавните финансии. Според драфт верзијата која денеска на седница ја разгледуваа советниците буџетот за следната година тежи нешто повеќе од 10,5 мил евра. Опозицијата реагираше на намалувањето кај капиталните расходи, а никаква промена кај непродуктивните трошења. Ставката Уредување...