Post Views: 1
Напаѓачот кој синоќа во англискиот град Плимут застрела и уби пет лица, меѓу кои и петгодишно дете, е Џејк Дејвисон, млад човек 20-на години.
Полицијата објави дека напаѓачот бил пронајден мртов на лице место и дека имал прострелна рана, но неговиот идентитетот сеуште не е официјално потврден.
Иако живеел во Плимут, на неговата Фејсбук страница било наведено дека потекнува од американскиот град Феникс. Тој го поддржувал поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп на социјалните мрежи и споделил бројни статуси за истражување на вселената. Наводно, тој работел за компанија...
Post Views: 1
– Сакам да изразам голема благодарност до Турција и претседателот Реџеп Таип Ердоган за поддршката, но пред сѐ, за експресната испорака на ветената количина која е многу значајна за нас. Вакцините во најкраток рок ќе бидат дистрибуирани до вакциналните пунктови ширум државата, напиша Филипче.
Министерот и премиерот Зоран Заев изминатата беа во работна посета во Истанбул и имаа средба со Ердоган.
Според последните информации од Министерството за здравство, заклучно со вчера вакцинирани се 250.813 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 1.455 граѓани, а вчера вкупно...
Post Views: 9
Текстот што го рецензираме со наслов ,,СДСМ е вирусот кој треба Македонија да го победи”, иако е сместен во рубриката вести, демонстрира прекршување на членот 14 од Кодексот на новинарите.
Проблемот со презентираната информација, е тоа што партиско соопштение е претставено без атрибуција, без наведување на извор, без елементарна редактура и оградување од политичкиот субјект што ги изнесува ставовите. На ваков начин, новинарот го сообразил жанрот вест, со партиското соопштение, доведувајќи го читателот во можна заблуда и учествувајќи во пропаганда односно навивање. Членот...
Post Views: 9
Полека се санира состојбата на болничкиот оддел во ЈЗУ Завод за нефрологија Струга по синоќешното прокиснување на таваните. При вчерашниот пороен дожд неколку соби на овој оддел беа поплавени. Медицинскиот персонал ги преместил десеттината пациенти од одделението и била исклучена струјата за да не се случи поголема хаварија. Пациентите велат дека се задоволни од медицинскиот персонал но не и од условите во оваа јавна здравсвена установа.
„На некој начин ова е рак рана на болницата, кровот. А другите услови се како што треба. “
„ Грмеше , врнеше , но ние не сме таму...
Post Views: 1
Театарскиот репертоар на народниот театар од Охрид започнува со претстава “Сопружници” – Вуди Ален, режија Драгана Таневска, во петок, 04.02.2022 година со почеток во 20.00 часот, во малата сала на Центарот за култура „Григор Прличев“.
“Сопружници” претставува песимистичко гледиште за романтичната љубов и бракот. Хуморот во претствата произлегува од реалноста на ситуациите. Ликовите не можат да ги надвладеат своите слабости и желби и затоа влегувааат во апсурдни ситуации кои се комични. Тоа пак, од друга страна е и специфичноста на хуморот на Вуди Ален, кој многу...
Post Views: 0
Детскиот филм „Брат ми брка диносауруси“ повторно ќе се прикажува во Центарот за култура „Григор Прличев“. Кино проекцијата е закажана за четврток со почеток во 18 часот.
„Брат ми брка диносауруси“ е најдобар филм за млада публика на Европската филмска академија во 2020 година. Филмот е снимен според бестселерот на Џакомо Мацариол. Станува збор за италијанска продукција во режија на Стефано Ципани, а во филмот игра и шпанската актерка Роси де Палма, муза на славниот режисер Педро Алмодовар.
Во него главен лик е Џек, кој отсекогаш посакувал да има помал брат со кого...
Post Views: 8
Од Министерството за здравство велат дека се невистинити информациите оти од септември се подготвува тајна вакцинација на децата во училиштата. Оттаму нагласуваат дека лица постари од 18 години се имунизираат по сопствена волја, а деца од 12-18 годишна возраст исклучиво со согласност од родител. Малолетните лица во земјава се вакцинираат со вакцината од производителот „Фајзер“.
Пост на Фејсбук шири невистини дека од септември се планира тајна вакцинација на децата против ковид-19 во училиштата, како и дека вакцините содржат отров. Двете инфромации не се точни.
19.08.2021...
Post Views: 2
Русија регистрира 808 смртни случаи поврзани со коронавирусот за еден ден, соопштија денеска властите.
И покрај намалувањето на бројот на нови инфекции, Русија со недели бележи висока стапка на смртност кај болните.
Речиси 22.000 нови случаи на инфекција денеска се пријавени на национално ниво, а варијантата делта брзо се шири меѓу населението.Според најновите податоци, нешто помалку од 27 проценти од 146 милиони жители примиле барем една доза од вакцината.
Досега, околу 168.000 луѓе починале од Ковид-19 во Русија.
Post Views: 0
Освен за капитални инвестции, во буџетот ќе има повеќе пари и за јавната администрација. Иако од лани во март до пред неколку недели поголем дел од нив не одеа на работа поради мерките за заштита од пандемијата, сега сите ќе добијат пари и за регрес за годишен одмор, или т.н. К-15. За оваа намена ќе се потрошат дополнителни 4 милиони евра. Од владата велат дека ова било ветено уште за лани, но поради кризата имало одложување. Од синдикатот велат дека овие пари нема да ги добијат сите во јавниот сектор, туку само оние кои се опфатени со гранскиот колективен договор:
„Во...
Post Views: 0
Неодамна во општина Дебрца од страна на преставници на консултаљнтската фирма „Maneko Solutions“ од Скопје беше презентирана нацрт верзијата од Локалниот еколошки план за општина Дебрца 2019-2025 година.
Овае втор ЛЕАП за општина Дебрца, по оној за периодот 2006-2012 и истиот претставува стратешки документ со кој се врши идентификација и изнаоѓање на решенија за аспектите на животната средина во Општина Дебрца.
Локалниот еколошки акционен план се изработува во рамки на Проектот „Унапредување на општинското владеење“, финансиран од Европската Унија, спроведуван од страна...
Post Views: 13
Регионална телевизија ТВМ одбележува 30 години постоење. На 26-ти јануари 1992 година започна да зрачи во етер сигналот на една од првите приватни ТВ станици во Македонија. Од простории на старото училиште Св. Сава, со скромна техника, група ентузијасти започнаа со реализација на првата емисија во живо од контактно забавен карактер. Од тој ден, до денес, над 100-на новинари, техничари, сниматели и друг кадар вградија дел од себеси во медиумот, вложувајќи труд, знаење и љубов. Години на обуки на кадарот и зајакнување на техничкиот капацитет во услови на ограничени ресурси,...
Post Views: 3
Владата утре ќе одлучува по која цена ЕСМ ќе ја продава електричната енергија на ЕВН Хоум. Директорот на државните електрани Васко Ковачевски вели дека конечно успеале да ги склопат финансиските планови за домашното производство, но и колку пари ќе им требаат за реализирање на предвидените јавни набавки за 2022 година. Ковачевски уверува дека наместо законски предвидените 60 отсто од потребната струја за домаќинствата, ЕСМ ќе ја обезбеди целата потребна енергија и нема да има потреба од увоз на скапа електрична енергија од берзите.
Ковачевски вели дека на Владата и понудиле...