СЕ ОТСТРАНУВА НЕЛЕГАЛНО ПОСТАВЕНАТА УРБАНА ОПРЕМА ВО ОХРИД

Post Views: 0 Одделението за инспекциски надзор-Инспекторат при Општина Охрид заедно со службите на ЈП „Охридски комуналец” и СВР Охрид, започнаа координирана акција за отстранување на нелегално поставената урбана опрема пред угостителските објекти во Охрид. Акцијата се спроведува врз основа на реализираните инспекциски контроли, со кои биле утврдени локациите и угостителските објекти, каде има поставување на маси, столови и друга опрема, без одобрение и надвор од Програмата за поставување на урбана опрема. Ваквите акции и контроли на општинските инспекциски служби ќе продолжат во...

Continue reading

ЗАПОЧНА САНАЦИЈАТА НА ДЕЛ ОД ОХРИДСКОТО ПРИСТАНИШТЕ

Post Views: 1 Екипите на Ј.П.„Охридски Комуналец“ започнаа со санациони активности на пристанишниот дел пред капетанијата. Со специјална механизација се вадат камените блокови од езерските води кои претрпеле оштетувања и откорнати се од шеталиштето заради големи бранови под налети на силен јужен ветар. После оваа фаза, во соработка со Ј.П.„Градски гробишта„ ќе се продолжи со санирање на шеталиштето на овој потег.

Continue reading

Општа болница Охрид: Кај починатата родилка дојде до компликации од основната болест

Post Views: 4 Од охридската Општа болница денеска се огласија со соопштение во врска со починатата 29-годишна родилка која по породувањето со „царски рез“ во охридската болница, во петокот почина на скопските клиники.  Од општа болница Охрид објаснувајќи го текот на настаните откако жената била примена во Гинеколошкото одделение наведуваат дека пациентката првородка била примена на  11 ти јуни. во 4:00 со прснат воденик во термин за породување. Објаснуваат дека пациентката имала хронична системска болест LUPUS и од детска возраст била со имуносупресивна терапија. „ Направен е итен...

Continue reading

Турската полиција уапси десетици осомничени за терористичкиот акт

Post Views: 2 Турската полиција превзеде акција во Адана, јужна Турција и во Истанбул, при што се приведени десетици лица под сомнение дека се борци на Курдската работничка партија (ПКК). Според дел од турските медиуми во Адана се приведени најмалку 36 осомничени членови на ПКК, а во Истанбул 15.Операцијата во Истанбул била насочена кон младинската структура на ПКК – Револуционерно патриотско младинско движење. Во исто време биле извршени претреси на 25 места, а меѓу приведените деветмина биле под 18 години. Претходно во округот Ескишехир, западна Турција во операција против...

Continue reading

Дали гломазна судска администрација значи ефикасно судство?

Post Views: 1 Во помалите судови во нашата земја , често се случува еден од вработените административни работници да ги работи работните обврски на три или четири работни места, што во голема мерка го оптоварува функционирањето на судовите од една страна, а од друга пак, го намалува и квалитетот на услугите кои странките треба да ги добијат. Оваа година бројот на барани вработувања само во судската администрација не е мал, вели Борче Мирчески – претседател на Здружение на судска администрација. „Па јас сега не можам да кажам точна бројка, со оглед на тоа што секој суд за себе...

Continue reading

Опозицијата ќе остане пред владата и по протестот

Post Views: 0 На прес конференцијата на која ја објави 32-та бомба, лидерот на СДСМ, Зоран Заев, најави дека се подготвени да останат пред владата и по завршување на протестот закажан за 17 мај, сѐ додека премиерот Никола Груевски не даде оставка.„Околу 4.600 активисти самоиницијативно одлучија да ја информираат опозицијата дека сакаат да спијат пред владата и во континуитет да продолжи протестот. Знаејќи дека не сме единствени организатори на овој протест, одлуката е остануваме до крај, додека Груевски не даде оставка. Ќе ги обезбедиме потребни ресурси согласно нашите можности и...

Continue reading

Во петок на репертоарот „Каде е пиштолот?“ од унгарскиот автор Габор Ѓоргеј

Post Views: 0 „Каде е пиштолот?“ е модерен сатиричен текст со силна егзистенцијалистичка позадина, создаден во седумдесеттите години од минатиот век. Во својата срж текстот се занимава со човековата дуална природа, играјќи помеѓу позициите на опресор и потчинет низ петте ликови кои го носат дејствието. Зборот „пиштол“ предложен уште во насловот не е ништо друго туку театарски знак, систем на апстракции, симбол на моќта на насилство – кого ликовите го користат за да ги тероризираат останатите. Местото на дејство е затворен простор , во кој гледаме четири луѓе што седат и петтиот како...

Continue reading

Igor Trajkoski

Наскоро повеќенаменско спортско игралиште во село Оровник

Post Views: 1 Градоначалникот на Општина Дебрца Игор Трајкоски беше во посета на село Оровник каде се изведуваат градежни работи за изградба на повеќенаменско спортско игралиште во дворот на основното училиште во селото. Изведувач на работите е АД ,,Илинден,, Струга. Исто така се планира и  изградба на асвалтен полигон заграден со метална конструкција и мрежа. Во тек е првата фаза од изградбата асвалтирање на полигонот. {loadposition content9}

Continue reading

Кривична заработија возачи вработени во „М-НАВ“, си точеле гориво со службени картички

Post Views: 3 Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против Р.И.(49), од струшкото село Горно Татеши, Ј.З.(53) од селото Делогожда и Б.В.(45) од селото Велешта. Пријавените во текот на 2017 година, како службени лица вработени во правен субјект во државна сопственост на М-НАВ АД Скопје-АКЛ Охрид, во вршењето на службените должности на работни места возачи, користејќи ги задолжените безготовински картички за дополнување на гориво, истото, покрај во службените,...

Continue reading

Писмо со закани од терористичка организација добил Јовески

Post Views: 4 Закани по живот добил јавниот обвинител Љубомир Јовески поради кривичен предмет кој бил завршен во декември 2021 година. Заканата, која била испратена преку препорачана пратка била од „терористичка организација која се бори и убива за неправда“. Заканата била напишана на два јазика, македонски и англиски јазик. Заканата се однесува на конкретен кривичен предмет по кој постапката е завршена во декември 2021 година, со тоа што во предметот е донесена Резолуција со која постапката е запрена, бидејќи е утврдено дека нема место за јавнообвинителско постапување. Заканата,...

Continue reading

Јубилејно издание на Меѓународната ликовна колонија „Вевчански видувања“

Post Views: 12 По десетти пат, во прекрасниот амбиент на Вевчани, се одржува Меѓународната ликовна колонија „Вевчански видувања“, што традиционално ја организира познатиот ресторан „Виа Игнација“. На јубилејното издание на колонијата учествуваат 35 уметници од сите страни на светот и 12 млади талентирани уметници, кои што ќе творат со своите поискусни колеги во Вевчани.Ефимија Угриновска Кукоска, од организациониот одбор на Меѓународната колонија „Вевчански видувања“, кажа дека Вевчани од секогаш било инспирација за уметниците да творат во оваа прекрасна природа, а до сега, на оваа...

Continue reading

Георгиески денес го најави концептот 365 дена ДЕСТИНАЦИЈА

Post Views: 4 Нашата визија за Охрид е 365 ДЕНА ДЕСТИНАЦИЈА, 365 дена можности за сите, порача на денешната прес конференција Константин Георгиески, кандидатот за градоначалник од СДСМ и Коалицијата „Најдоброто за мојата општина“. Овој развоен концепт со огромен потенцијал, за охриѓани ќе значи поттик на економската активност од најмалите до најголемите бизниси, а за гостите задоволство од содржините што им стојат на располагање 365 дена во годината, кажа Георгиески. Создавањето на вакви можности несомнено ќе донесе развој, поттикнување на постојната и креирање на нова понуда, развој...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top