Post Views: 1
Пазарот на криптовалути расте утрово, сите криптовалути се во „зелено“.
Вредноста на најпознатата криптовалута Биткоин порасна за 5,27 проценти за дваесет и четири часа и во моментов се тргува по цена од 49,148.63 долари.
Од друга страна, Етереум скокна за 2.55% проценти и неговата цена утрово изнесува 3,264.22 долари, пишува на веб -страницата „Коиндеск“.
Помалку познати криптовалути се претставуваат различно. Рипл порасна за 2.31% на 1,25 долари, додека Кардано за 0.74% проценти на 2,43 долари.
Во претходните денови, инвеститорите беа повеќе од загрижени. Покрај падот...
Post Views: 0
Министерството за внатрешни работи ги известува државјаните на Република Северна Македонија дека согласно Законот за изменување и дополнување на Законот за патните исправи на државјаните на Република Северна Македонија објавен во „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 122/2021 на 03.06.2021 кој стапи на сила на 11.06.2021, а ќе отпочне со примена од 01.07.2021, важноста на пасошот, дипломатскиот пасош и службениот пасош, чиј рок на важење е истечен, односно истекува по 31 јули 2020 година, се продолжува до 31 декември 2021 година.
Имено, измената на Законот...
Post Views: 7
Градежната механизација на Општина Дебрца и јавното комунално претпријатие продолжуваат со чистење на одводните канали во Општина Дебрца, а истовремено привршува и обемната активност за чистиење на дивите депонии во неколку селски средини.
Изминативе неколку дена во селото Белчишта беше исчистен одводен канал во место викано “Чунејнца”, во должина од околу 400 метри, се спроведе чистење на речното корито на Голема Река, на делниците: Манастир “Св.Атанасије” – Д.Средорече ( околу 400 метри ) и Манастир “Св.Атанасије”-селска воденица ( 500 метри ), во село Оровник, чистење...
Post Views: 7
СВР Охрид поднесе кривична пријава против П.Ј. (60) од селото Белчишта, општина Дебрца, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување”.
Пријавениот, во својство на службено лице во ЈПСДШ „Национални шуми” – подружница ШПС „Галичица” – Охрид, изготвил испратница со лажни податоци за превоз на 2,8 метри кубни огревно дрво, иако знаел дека биле натоварени 6,3 метри кубни огревно дрво. Со тоа, му овозможил на Д.Л., противправно да присвои за себе 3,5 метри кубни дабово огревно дрво,...
Post Views: 10
На 06.12.2021 во 15.00 часот во селото Горенци, општина Дебрца, полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал при СВР Охрид, го лишија од слобода Ф.Ч.(34) од Република Албанија, поради сомнение дека сторил кривично дело „незаконит лов” по член 228 од Кривичниот законик.
Тој е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР Охрид.
Post Views: 1
Објавата освен што дезинформира, таа е и опасна по здравјето на луѓето, затоа што доготрајниот пост на вода не смее да се практикува без медицински надзор, особено не 40 дена! Научни студиии поажуваат дека долгорочните пости на вода се поврзани со нездраво слабеење, губење мускулна маса, постојан замор и може да му наштетат на имуниот систем. Што се однесува до вакцината, не е потребно никакво детоксифицирање од неа, затоа што во случај на мРНК вакцина, телото ја распаѓа мРНК и ја чисти од него.
Рецензираме пост на Фејсбук, во кој се вели дека сите што примиле мРНК...
Post Views: 4
Моменталните податоци не покажуваат дека е потребна трета доза вакцина против ковид19, рече денеска главната научничка на Светската здравствена организација (СЗО) Соумуа Сваминатан.
Зборувајќи за дополнителните вакцини кои се даваат во богатите земји советникот во светската организација Брус Ајлвард рече дека на светот има доволно вакцини, но тие не се на вистинското место и по вистинскиот редослед. Тој додаде дека две дози треба да им се дадат на најзагрозените низ светот пред да се тргне во давање на трета доза на они кои се потполно вакцинирани.
Од СЗО истотака нагласија...
Post Views: 0
Пријавувањето и запишувањето на учениците ќе се врши согласно распореди подготвени од училиштата. Во јунскиот уписен рок има три пријавувања и запишувања – првото е на 14 јуни од 12 до 19 часот, на 15 и 16 јуни училиштата ќе примаат пријави од 7 до 19 часот и на 17 јуни – од 7 до 15 часот. Ранг-листите со резултатите од запишувањето и слободните места ќе бидат објавени на 17 јуни по 16 часот. Квалификациското тестирање ќе се организира во училиштата на 21 јуни 2021 година и тој ден ќе бидат објавени конечните ранг-листи со резултатите. Второто пријавување овој месец...
Post Views: 6
Стружани ќе добијат нова рекреативна патека која ќе води се до селското училиште во Калишта. Патеката ќе се гради покрај езерскиот брег и е во должина од еден и пол километар и ширина од 2 до 2,2 метри, информира Мирјана Лозаноска директорот на Центарот за развој на Југозападниот плански регион.
„Во моментов се чисти теренот и операторот почна со работа. Ќе се постави тампон од 20 цм, бетонска подлога, мрежа и природен, автентичен камен, еколошки бидејќи се наоѓа во заштитеното подрачје“, кажува Лозаноска.
Градежните зафати на патеката ќе чинат 4 и пол милиони денари....
Post Views: 1
Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори”, СВР Охрид поднесе кривична пријава против И.М.(28) од Охрид.
При претрес во неговиот дом, извршен по судска наредба на 22.01.2021 година, полициските службеници пронајдоа и одзедоа марихуана – информираат од СВР Охрид.
Post Views: 4
На 06.12.2021 година при преземени сообраќајни контроли, полициските службеници од полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Охрид, контролирале и во станица за технички преглед упатиле 22 автобуси што вршат јавен превоз на патници.
Притоа, кај еден автобус констатиран бил неисправен уред за сопирање поради што, возилото е исклучено од сообраќај, а кон правното и одговорното лице поднесени се соодветна пријава. Во Струга, поради неправилно паркирани и оставени возила на коловоз, со специјално возило „пајак”, подигнати се пет моторни возила, а во...
Post Views: 2
Ниту еден од производителите на вакцини не тврди дека жените после вакцинација треба да почекаат одреден период пред да се обидат да зачнат бебе. Ниту еден официјален извор на информации не препорачува да се чека помеѓу шест месеци и две години пред да се планира бременост, како што дезинформира овој пост на Фејсбук. Такво нешто не е наведено ниту во препораките на Светската здравствена организација (СЗО), ни во препораките на Американскиот центар за контрола и спречување на болести (ЦДЦ). Овој податок не е добиен ниту со некое истражување направено од релевантна медицинска...