Земјотрес од 6,2 степени во Тајван

Post Views: 3 Земјотрес со интензитет од 6,2 степени според Рихтерова скала го погоди денеска Тајван, потресувајќи згради во главниот град Тајпеј и северниот дел на островот. Засега нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета. Американскиот геолошки институт соопшти дека епицентарот на потресот се наоѓал на длабочина од 27,7 километри под океанот источно од градот Хуалиен на источниот брег од островот. Во Тајпеј се тресеа деловните згради, се нишаа светилките, а од ѕидовите паѓале слики. Американскиот институт соопшти дека економските загуби од земјотресот се...

Continue reading

Задоцнето е замрзнувањето на цените

Post Views: 8 Во трговијата на големо и мало се замрзнуваат цените на основните прехранбени производи со одлука на Владата. Нема да се менуваат цените на лебот, шеќерот, брашното – тип 400, сончогледово масло за јадење, трајното млеко со масленост од 2,8, 3,2 и 3,5 проценти, свежото месо и сувомесните производи, сирењето и урдата во текот на два месеци почнувајќи од први декември до крајот на јануари. Ги прашавме охриѓани како  оваа одлука ќе се одрази на семејниот буџет и дали може порелаксирано да ги дочекаат престојните празници. Охриѓани не се многу воодушевени од владината одлука...

Continue reading

На Инфективна се хоспитализирани 159 пациенти, а паркинзите на комплексот клиники „Мајка Тереза“ полни

Post Views: 1 Во постот се прикажани фотографии од комплексот клиники „Мајка Тереза“, направени на 22 август неработен ден, недела. На нив се гледа дека на паркингот и пред ковид амбулантата е празно. Но, врз основа на овие снимки не може да се извлече заклучок дека на клиниките „Мајка Тереза“ нема пациенти. Во работен ден, како што и самите се уверивме, состојбата е дијаметрално спротивна. Во овој пост е испуштен контекстот. Вистинта, за жал е таква што ковид центарот во комплексот клиники „Мајка Тереза“ е преполн со пациенти. Според министерот Филипче, на 24 август, целосниот капацитет...

Continue reading

Нов пожар на Евија-Уапсени десетина лица

Post Views: 2 Грчката противпожарна служба денеска хеликоптери и пожарникари на островот Евија, вториот по големина остров во таа земја, додека крајбрежната стража подготвуваше чамци во случај да е неопходна евакуација на луѓето, бидејќи поради силен ветер избувна уште еден шумски пожар. Пожарот избувна во близина на западниот брег на островот, пренесува агенцијата АП. Пожарот го гаснеа 64 пожарникари со 26 возила, девет хеликоптери и еден авион, а наводно пожарот бил изгаснат по неколку часа. Во претходниот пожар во северна Евија, стотици луѓе беа евакуирани по море од плажите и...

Continue reading

ССМ: Работниците да не работат на отворено кога е најжешко

Post Views: 2 Во соопштението од Сојузот се дополнува дека во насока на справување со најавените високи температури, ССМ бара од работодавците да ги почитуваат марките за безбедност и здравје при работа, да го намалат и исклучат работењето на отворено за работниците во најтоплите делови од денот, како и да ги обезбедат сите средства и мерки за заштита на животот и здравјето на работниците во овие услови. Нагласуваат дека од особено значење е да се утврдат соодветни мерки за заштита на здравјето и животот на возрасните, хронично болните и бремените работнички а доколку тоа право не...

Continue reading

Буџетски форум во Струга

Post Views: 2 Центарот на заедницата на Струга во соработка со општината организираат граѓански буџетски форум. Форумот ќе се одржи утре 13ти декември со почеток во 11 часот и 30 минути во хотел Дрим Струга.Целите на форумот се зголемување на учеството на граѓаните во процесот на носење на буџетот на општината и зголемување на транспарентноста на општината. Во текот на буџетскиот форум ќе бидат презентирани општински програми за наредната година и средствата предвидени за реализирање на прокети и услуги од страна на општината  Граѓаните ќе имаат можност да достават свои предлози за...

Continue reading

ИПА Охрид донираше пакети на 33 социјално загрозени семејства

Post Views: 2 Интернационалната полициска асоцијација регион Охрид, денеска на 33 социјално загрозени семејства од Охрид, им донираше социјални пакети со прехрамбени производи. Хуманитарната акција како дел од програмските цели и определби на Интернационалната полициска асоцијација, беше реализирана со помош на Општинската организација на Црвениот крст од Охрид. На овој начин, членовите на Интернационалната полициска асоцијација Охрид, ја покажаа својата хуманост, што ќе биде постојана во натамошното работење и ќе се реализира и во Струга, Кичево и Дебар, како подрегиони на Интернационалната...

Continue reading

Две лица тешко повредени во сообраќајка на патот Струга-Дебар

Post Views: 12 Вчера во 10.10 часот во СВР Охрид било пријавено дека на регионалниот пат Струга-Дебар, кај место викано „Лабунишки ливади“, се случила сообрaќајна несреќа помеѓу патничко возило „алфа ромео“, со дебарски регистарски ознаки, управувано од С.Б.(66) од Дебар и патничко возило „фолксваген голф“, со швајцарски национални ознаки, управувано од Д.Т.(45) од Струга. Притоа, со тешки телесни повреди се здобиле возачот Д.Т. и Ш.Б.(60) од Дебар, сопатник во возилото „алфа ромео“, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид. Увид на местото извршила екипа од СВР Охрид.

Continue reading

маркица општина охрид

ЈАВНА РАСПРАВА ЗА НАЦРТ ПРОГРАМИТЕ И НАЦРТ БУЏЕТОТ ЗА 2022 ГОДИНА

Post Views: 10 Советот на Општина Охрид на Седница одржана на 06.12 2021 година ги донесе Нацрт програмите и Нацрт буџетот за 2022 година. Од Локалната Самоуправа информираат дека се отвора јавна расправа по однос на донесените нацрт документи. Се повикуваат сите буџетски корисници, сите невладини организации и здруженија на граѓани, како и сите заинтересирани физички и правни лица своите предлози и забелешки по нацрт документите да ги доставуваат до стручните служби на Општина Охрид. Јавниот увид трае 15 дена почнувајќи од 07.12 2021 година. Повеќе информации на следниот линк

Continue reading

Не е точно дека нема корона

Post Views: 2 Не е вистина дека коронавирусот не постои. СЗО уште минатата година прогласи пандемија заради високиот број на новозаразаени и починати од компликации предизвикани од вирусот. Научната фела уште на почетокот на 2020 потврди дека станува за вирусот Сарс Ков 2 заради што сите земји во светот применуваат антиковид мерки за да се спречи неговото ширење. ПЦР тестовите за ковид-19 се прецизни и детектираат генетски материјал на Сарс Ков 2 вирусот, но не и вируси кои се причинители за настинка или грип, иако сиптомите во одреден дел може да бидат слични. Рецензираме пост на Фејсбук со видео од...

Continue reading

Внимавајте: Дрогата за силување дојде на Балканот

Post Views: 5 Дрогата „GHB“ која се нарекува дрога за силување пристигна во Србија и во Хрватска. Станува збор за дрога која масовно се користи кај младите и е многу распространета на забави. „GHB“ е во течна состојба, евтина е да се набави и се става во пијалок. Предизвикува добро расположение и сексуална желба. Следниот ден конзументот речиси на ништо не се сеќава, а наркотикот брзо исчезнува од организмот. Се добива од хемикалијата за чистење на фелни, а една капка може да направи многу проблеми по здравјето. Се користи како мамец за девојки, дрогата е без вкус и мирис. Лесна...

Continue reading

Дерматолозите предупредуваат: Немојте да заспивате на плажа

Post Views: 1 Иако звучи безопасно, спиењето директно на сонце не е добра идеја бидејќи може да има сериозни здравствени последици. „Дремнувањето на сонце всушност може да предизвика оштетувања на кожата. Да се ​​наслоните на кремот за сончање, како единствена одбрана е погрешна тактика. Тоа нема да ве заштити, а особено ќе изгорите во области каде што сте го пропуштиле местото или сте нанесле многу тенок слој од кремата за сончање“, тврди Хариет Далвуд од британското здружение за дерматолози. „Кремата за сончање може да се отстрани и со потење, и треба да се нанесува најмалку на...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top