Post Views: 6
Македонците ја препознаваат корупцијата дури и во посложени форми но не се решаваат да ја пријават. Граѓаните се сретнале со корупција во работата на локалните власти, лекарите, полицијата. Но сепак корупцијата во земјата не е на врвот на листат проблеми со кои се соочуваат граѓаните. Ова го покажува извештајот за проценка на корупцијата во Република Македонија изработен од МЦМС.
„Извештајот покажува дека корупцијата македонските граѓани ја сместуваат на петтото место како клучни проблеми со кој се соочува државата, после сиромаштијата невработеноста, ниските приходи,...
Post Views: 3
Британската Влада својата прва седница по годишните одмори ќе ја одржи денеска во Бирмингем, а не во Даунинг стрит 10 во Лондон или во летната резиденција на британските премиери во Чекерс, што е прв ваков случај по 1921 година.
Пред 87 години, Владата на тогашниот премиер Џорџ Лојд одржала седница во шкотскиот град Инвернес во зградата на локалниот градски Совет во време кога таму на одмор се наоѓал претседателот на Владата. Со своите министри премиерот Лојд тогаш расправал за мошне актуелното прашање од тоа време, ирското напуштање на британската монархија. Нема посебно...
Post Views: 7
Утврдени цените со кои ЈП Билјанини извори ќе наплаќа за паркирање на пловните објекти во Студенчишкиот канал. Има место за прифаќање на 147 пловни објекти и се бара место повеќе за паркирање на пловните објекти. Засега се потпишани преддоговори и се исполнети сите обележани паркинг места во каналот. На листа на чекање се десетина сопственици на глисери, информира Гордана Јованоска, директор на ЈП Билјанини Извори.
„Ние потпишваме 145 преддоговори со глсиери и катамарани и кајчиња. 25 преддоговори има со едрлици кои се на почетокот на каналот пред мостот. Средивме и...
Post Views: 5
Глобалното затоплување не е причина за појавата на овие три тропски бури, ако може да им се верува на метеоролозите.
И покрај развојот на овие три бури, кои се движат кон југозападот на САД, метеоролозите велат дека, оваа канонада на урагани, не е посебно необична во историјата на овој регион.
„Се наоѓаме во врвот на ураганскиот циклус и ова е еден од резултатите од тој врв“,истакнаа од Националниот центар за следење на урагани во Мајами.
Тие исто така изјавија дека досега имало случаи од канонада од дури пет последователни бури. Првата од тропските бури, Хана, се очекуваше...
Post Views: 0
На 10.10.2021 година околу 02 часот, на улицата „Мирче Ацев” во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир со физички напад извршен од Н.С. врз Н.Ѓ.(34), двајцата од Охрид.
Против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР Охрид.
Post Views: 0
“ОХРИДСКИ БРАНОВИ 2008” најавува спортски пливачки викенд во Охрид. Утре во водите на Охридското Езеро ќе се одржи третиот по ред Олимписки пливачки маратон на 10 км и за прв пат, Македонскиот куп во далечинско пливање на 2,5 и 5 км.
„ Во име на федерацијата можам да кажам дека Олимпискиот маратон на 10 км е влезен во календарот на федерацијата. Покрај тоа формиран е куп во далеченско пливање кој годинава се одржува втор пат , а за прв пат во Охрид, благодарение на “ОХРИДСКИ БРАНОВИ 2008” со кој имаме одлична соработка и се надеваме ќе помине во одлични услови.“...
Post Views: 1
Според анализа објавена од Balkan Insight, хрватскиот прстедател Стјепан Месиќ прима најголема претседателска плата на Балканот додека македонскиот претседател Бранко Црвенковски е меѓу „најслабо“ платените во регионот.
Според порталот, Месиќ има плата од 3.600 евра додека косовскиот претседател Фатмир Сејдиу прима 3.400 евра. Со таа плата Сејдиу е меѓу најдобро платените балкански претседатели иако Косово е најсиромашната држава во регионот со годишен буџет помалку од една милијарда евра.Месечната плата на романскиот претседател Трајан Басеску е 2.500 евра иако БДП...
Post Views: 1
Народниот театар од Истанбул ќе ја игра култната театарска претстава „Буре Барут“ на македонскиот драматург Дејан Дуковски. Режисер на претставата е Јилдирај Шахинлер. „Буре Барут“ е претстава која се прикажувала во многу европски земји и во светот. Ремек-делото е составено од 11 различни приказни поврзани во форма на една целина.
Режисерот Јилдирај Шахинлер , е директор на Народниот театар Истанбул и е дел од актерската екипа . Шахинлер е почестен што е дел од фестивалот „Охридско лето. Како режисер практикувам импровизација, но се разбира, со дозвола на драматургот...
Post Views: 5
Бројот на загинатите од тропската бура Хана на Хаити достигна 137 лица, покажуваат најновите податоци на властите.
Повеќето од жртвите, околу 80, загинале во поплавениот пристанишен град Гонаивес. Други 22 смртни случаи има во околината на градот.Гонаивес практично е откинат од светот и властите се обидуваат на жителите да им достават вода и храна.
Според претходните податоци, бројот загинатите како последица на преминувањето на бурата Хана над островот изнесуваше 61 лице.
Post Views: 0
Реконструкција на постојната и изведба на нова патна мрежа, подготовка на техничка документација за локални и регионални патишта за 2019, најавуваат од Центaрот за развој на Југозападниот плански регион. 8 -те одобрени регионални проекти тежат околу 1 милион евра, а се наменети за повеќе општини од планскиот регион, од повеќе извори на финансирање, вели директорот на Центарот Мирјана Лозаноска. Извори за финансирање на одобрените проекти се Швајцарската агенција за развој и соработка, Министерството за Локална самоуправа и Бирото за регионален развој за 2019, како и...
Post Views: 4
Ураганот Ајк премина во четврта категорија според скалата Сафир-Симпсон со придружни ветрови со брзина од 214 километри на час, соопшти американскиот Национален центар за урагани во Мајами.
Ајк се придвижува кон запад-северозапад, и се наоѓа во областа на Малите Антилски острови во Атлантскиот Океан. Според експерти од Мајами, засега е рано да се каже каде точно ќе се насочи после тоа. Над десет илјади луѓе во Доминиканската република во меѓувреме беа евакуирани поради поројните дождови и поплавите, причинети од преминувањето на тропската бура Хана.
Хана преминува над...
Post Views: 6
Во пресрет Интернационалниот ден на млади, 12 август, Унијата на Млади Сили на ВМРО-ДПМНЕ организира денови на млади кои ќе бидат исполнети со низа активности, денови во кои младите ќе може да се едуцираат, да ги надградат своите капацитети и да се забавуваат.
„Во таа насока во периодот од 9-11 август организираме летна школа на УНМС на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица во која ќе земат учество над 100 млади лица при што ќе ги изградат своите капацитети, ќе научат повеќе за дипломатијата за ЕУ и организирањето. Во таа насока ќе има и проекција на филм, а традиционално ќе биде организиран...