Владата на Боливија прогласи воена состојба

Post Views: 6 Владата на Боливија синоќа прогласи воена состојба во една од петте области на земјата, каде со денови се случуваат крвави протести. Властите соопштија дека досега има десетици убиени во немирите во северната област Пандо. Судирите се меѓу првирзаници на претседателот Ево Моралес и приврзаници на конзервативните локални гувернери кои се против социјалистичките реформи на Моралес. Во указот за воената состојба се вели дека е забрането собирање на повеќе од три лица на едно место и оти сите кои носат оружје ќе бидат уапсени.

Continue reading

Донесен Мораториум за градење и во Струга

Post Views: 0 Струшките советници едногласно дадоа зелено светло за Мораториумот за градење и за Акцискиот план во кој се опфатени сите постапки и активнсоти со кои ќе се исполнат препораките на Комитетот на светско културно наследство. И покрај тоа, дел од советниците се песимисти дека ќе се имплементира Акцискиот план во пракса. „Тие се одлуки од Унеско и нема отстапки. Дали ќе се реализираат од Владата и општината јас сум песимист. Немаат капацитет да го решат проблемот“, рече Имер Имери од Алијанса за Албанците. Ален Деребан, советник од Вмро Дпмне, вели дека тие како советници...

Continue reading

fotografija ram

Македонка во ЛУВР

Post Views: 6 Фотографијата на рам меморија на македонката Анита Палческа дел од дигиталната изложба на фотографии во Лувр на 13ти јули. Нејзината фотографија беше избрана од жири комисија помеѓу илјадници други фотографии од професионалци и аматери фотографи од 191 земја од светот. Рам меморијата на Палческа воедно се натпреварува и за наградата „Експозиција“ организирана од интернет организацијата Си.Ми од Њу Јорк. Палческа на овој натпревар се пријавила со своето портфолио на тек фотографии. „Фотографијата ми е хоби. Ова мое дело, макро тек фотографијата,  не им е позната на многу...

Continue reading

Тунелот под Ла Манш и денеска затворен за сообраќај

Post Views: 3 Тунелот под каналот Ламанш, што ги поврзува Британија и европскиот континент и денеска останува затворен, откако вчера попладнето беше зафатен од голем пожар, соопшти претставник на компанијата која стопанисува со тунелот. „Нема да има ниту транспортни, ниту патнички минувања низ тунелот“, изјави претставник на компанијата за британските медиуми, не соопштувајќи кога оваа подводна транспортна врска ќе биде повторно пуштена за сообраќај. Пожарот избувна вчера на француската страна од тунелот во еден камион, кој превезувал лесно запаллив материјал. Спасувачките екипи...

Continue reading

Од ОК на Вмро Дпмне на прес конференција упатија обвинувања на адреса на директорката на ЈП Билјанини извори

Post Views: 9 Сашо Донев претседателот на ОК на Вмро Дпмне на прес конференција упати обвинувања на адреса на директорката на ЈП „Билјанини извори“, Гордана Јованоска. Донев, при тоа кажа дека со уцени и притисоци врз вработените барала да излезат и да гласаат за кандидатот на СДСМ. „Од разговорите се гледа дека директорката Јованоска врши притисок врз вработен и неговата сопруга да излезат на гласање, замислете како што вели: ,,секој глас е битен”. Уште колку такви пораки се испратени на вработени во Јавните претпријатија во Охрид за време на локалните избори? Зошто градоначалникот...

Continue reading

poraka

Струшката „Порака Нова“ бара волонтери

Post Views: 1 Во пресрет на Меѓународниот ден на лицата со Даунов синдром невладината Порака Нова бара волонтери кои ќе работат со овие лица. Помагајќи им на лицата со Даунов синдром,  придонесуваме за нивна поголема социјализација. Порака Нова ги отвара вратите за хуманите луѓе кои  не ја вртат главата  пред луѓето кои се различни од нив. На тимот може да им се приклучат сите оние кои се подготвени дел од своето слободно време да го поминат во работа со овие лица. На овој начин ќе  внесат светлина и радост во животот на лицата со интелектуална попреченост. Заинтересираните можат...

Continue reading

САД го протераа боливискиот амбасадор

Post Views: 2 Владата на претседателот Џорџ Буш нареди амбасадорот на Боливија во САД да биде протеран откако латиноамериканската земја го протера амбасадорот на Вашингтон, пренесоа американските медиуми. Амбасадорот Густаво Гусман вчера беше повикан во Стејт департментот каде му беше соопштено дека треба да ја напушти земјата, како реципрочна мерка по протерувањето од Боливија на американскиот амбасадор Филип Голдберг, ден претходно. Боливискиот претседател Ево Моралес го обвини американскиот дипломат дека кова заговор со конзервативната опозиција во земјата.Портпаролот на Стејт...

Continue reading

Актуелните состојби во Националната установа Центар за култура „Григор Прличев“ тема на денешната пресс конференција

Post Views: 0 Актуелните состојби во Националната установа Центар за култура „Григор Прличев“ тема на денешната пресс конференција на општинската ВМРО ДПМНЕ. Од таму потенцираа дека иако власта на СДСМ досега променила тројца директори, резултатите се катастрофални, за разлика од периодот кога со оваа установа раководел стручен и професионален кадар, кога биле одиграни преку сто театарски претстави за време од година и шест месеци, а сегашната бројка изнесува околу триесет за време од две години. Наместо директорот Горан Симоновски преку соопштенија да ја известува јавноста за успехот...

Continue reading

САД одбележуваат седум години од терористичките напади на 11 септември

Post Views: 7 Соединетите Американски Држави денеска ја одбележуваат седумгодишнината од терористичките напади од 11 септември, во кои при уривањето на кулите близначки на Светскиот трговски центар во Њујорк и нападот врз зградата на Пентагон во Вашингтон, животот го загубија повеќе три илјади лица. Во Њујорк годишнината ќе се одбележи со нови повици за внимателност во однос на постојаната закана од терористички напади, а имињата на загинатите повторно ќе бидат прочитани.Претседателските кандидати на републиканците и демократите, Џон Мекејн и Барак Обама планираат да присуствуваат...

Continue reading

30-годишен охриѓанец со остар предмет повредил сограѓанин

Post Views: 2 На 10.10.2021 година во СВР Охрид приведен е Р.Ч.(30) од Охрид, кој претходно, во домот на З.С.(48) од Охрид, предизвикал вербална расправија и со остар предмет го повредил во левата натколеница. По целосно документирање на настанот, СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава – информираат од СВР Охрид.

Continue reading

Репертоарот на охридскиот театар ќе се збогати со уште една претстава

Post Views: 4 Репертоарот на охридскиот театар ќе се збогати со уште една претстава. Центарот за култура „Григор Прличев“ веќе е во преговори со режисерот Игор Ифковиќ од 1ви септември да започнат да подготвуваат нов проект, а тоа е претставата на Душан Ковачевиќ со наслов „Генерална проба за самоубиство“, која ќе биде финансирана од Министерството за култура. До средина на октомври треба да биде готова и Охриѓани да ја гледаат премиерата. Актерите во летниов период малку паузираа бидејќи во месец јуни заврши редовниот репертоар, а и голем дел од претставите на фестивалот Охридско...

Continue reading

Министерката за култура ќе се обрати пред Генералното собрание на ОН

Post Views: 0 Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска денеска во Њујорк ќе се обрати пред Генералното собрание на Организацијата на обединетите нации по повод завршувањето на претседавањето на Република Македонија со 62-то заседание на ОН. Министерката во говорот пред претставниците на 192 земји ќе се осврне на значењето на македонската култура во глобалните текови, како и за значењето на претседателството со Генералното собрание на ОН за Република Македонија. По обраќањето на Канческа-Милевска, во салата на Генералното собрание на ОН настап ќе има македонскиот пијанист...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top