Post Views: 3
Во Канада денеска се одржуваат предвремени парламентарни избори, кои претставуваат тест за владејачките конзервативци по судирот со последиците од светската финансиска криза.
Канадскиот премиер Стивен Харпер, чија Влада нема мнозинство во Долниот дом на Парламентот, ги закажа изборите со цел да го обезбеди мнозинството, имајќи ја предвид потребната предноста која ја има неговата Конзервативна партија на Канада во испитувањата на јавното мислење.
Институтот „Харис/Десима“, кој на почетокот на предизборната кампања им одредуваше на конзервативците 41 отсто од гласовите,...
Post Views: 0
„Сино белите“ утре ги започнуваат натпреварите во Втората македонска фудбалска лига-запад. За противник ќе ја имаат екипата на фудбалскиот клуб „Влазрими“ од Кичево, екипа составена од од искусни и квалитетни играчи, истакна капитенот на охридските фудбалери, Александар Бакулески. Тој додаде дека тимската хемија и поддршката од навивачите им даваат предност.
„Се работи за противник кој веќе играл во втората лига, не смееме никого да го потцениме, сите натпревари кои ќе ги играме во оваа лига за нас ќе се како финале, знаеме колку ќе биде тежок и опстанокот и се надеваме...
Post Views: 0
Помошникот државен секретар на САД доаѓа во Македонија во време кога политичката криза влезе во драматична фаза, со оглед дека се прекинати преговорите за излез од неа, откако СДСМ ги прогласи за неуспешни.
Според дипломатски извори, Нуланд ќе се обиде подеднакво да ги убеди двете страни во потребата од компромис и неопходноста од продолжување на разговорите. Двете страни во случајов се СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ кои презентираа ненадминливи разлики, додека ДПА и ДУИ засега ја имаат улогата на „конструктивни соговорници“.
По Нуланд, утре во Скопје пристигнува и еврокомесарот...
Post Views: 0
Лидерот на опозицијата во Зимбабве Морган Цвангираи се закани дека ќе ја напушти Владата на национално единство ако партијата на претседателот Роберт Мугабе ги добие сите клучни министерства.
Цвангираи изрази надеж дека претседателот на Република Јужна Африка Табо Мбеки кој пристига утре во Хараре, ќе се обиде да изврши притисок врз Мугабе за да се почитува договорот за поделба на власта.
Официјалниот весник Хералд публикуваше вчера список на министерствата кои ќе ги предводат лица од Африканскиот национален сојуз на Зимбабве – Патриотски фронт, и според првиот...
Post Views: 7
Портпаролот на ОК на ВМРО_ДПМНЕ, Перчо Божиновски на денешната прес конференција со обвинувања до Градоначалникот Георгиески и директорката на ЈП „Градски пазар“, Кристина Крлеска-Деспотоска дека наместо да се зафатат со доизградба на објектот на затворениот пазар и ова лето граѓаните и пазарџиите ги оставиле без основни и елементарни услови за функцинирање.
„Зошто не е завршена градбата на затворениот пазар иако истата досега требаше да биде завршена?Свеченото отворање веќе неколку пати се пролонгира, па беше најавено во март од кое нема ни трага, а за скоро ќе помине...
Post Views: 4
Оваа сабота 21-ви март во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга, драмското студио „Миладин“ премиерно ќе ја изведе претставата „Пепелашка“.
Драматизацјата и режијата на претставата се на Ристе Миладин, a во претставата играат актерите: Вероника Димоска, Сара Стефановиќ, Анастасија Тотовска, Сара Наумоска, Јована Беќароска, Моника Коруноска, Ристе Миладин, Бојан Крстески и Илија Ќосески.
Претставата ќе започне во 19 часот, а влезниците чинат 70 денари.
{loadposition content9}
Post Views: 2
Истекување на плутониум, класифицирано како инцидент од релативно низок прв степен, е регистрирано во заштитена зона во фабриката за преработување на нукларно гориво во Ла Аг, во западна Франција, соопшти денеска енергетската компанија „Арева“.
Инцидентот, како што се наведува во соопштението на компанијата, нема последици по здравјето на вработените и животната средина.Француската Агенција за нуклеарна безбедност го класифицираше истекувањето, кое се случи на 24 септември, како инцидент од прв степен според осумстепената скала (од 0 до 7) за нуклеарни хаварии.
Ова...
Post Views: 4
Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести ( Сл. весник на РМ 66/2004, 139/2008 и 99/2009, 149/2014 и 150/2015), а врз основа на одлуката на Советот на Општина Охрид за спроведување на превентивна систематска дезинсекција на територијата на општина како општа противепидемиска мерка Општина Охрид го издава следното соопштение:
Се известуваат граѓаните кои одгледуваат пчели на подрачјето на општина Охрид дека на ден 26.08.2019 год. (понеделник) ќе се спроведе теристичка (од земја) дезинсекција против комарци. Запрашувањето ќе се врши во период од 21...
Post Views: 4
Признавањето на Косово како независна држава од неговите соседи Македонија и Црна Гора претставува значаен психолошки момент за Приштина, кое во исто време носи и практична корист за новата држава на Балканот.
Прифаќањето на косовската независоност од уште две земји од просторот на поранешна СФРЈ, може да го елиминира застојот во процесот на признавање, по отцепувањето на поранешната покраина на Србија, во февруари оваа година.Сега само уште Босна и Херцеговина од поранешните југословенски републики го нема признаено Косово како независна држава и дел од новата балканска...
Post Views: 12
Започна и теренското спроведување на анкетата со која охриѓани ќе може да го дадат својот придонес во изработката на Планот за одржлива урбана мобилност. Од неодамна, анкетниот прашалник беше поставен за пополнување на електронски на општинската веб страница, а веќе од денес службите на општината, поставија и штандови на две локации во градот,каде граѓаните лично можеа да го пополнат анкетниот прашалник и да ги достават своите мислења, предлози и идеи во изработката на планот, пред раководителите на општинските сектори.
„Да видиме што сакаат повеќе, дали сакаат повеќе...
Post Views: 4
Ураганот „Норберт“ вчера над Тихиот океан ја достигна крајно опасната четврта категорија и се насочи кон полуостровот Долна Калифорнија во Мексиканскиот залив.
„Норберт“ се наоѓа на околу 175 километри северозападно од крајбрежието на Мексико, а брзината на ветровите му изнесуваат 215 километри на час, со најави за уште посилни турбуленции, соопшти американскиот Национален центар за урагани.
Ова е втората силна бура која во последните денови му се заканува на Мексико, по тропската бура „Марко“, која пред некој ден се сруши врз атлантскиот брег на земјата, предизвикувајќи...
Post Views: 7
ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид и кандидатот за градоначалник на Охрид, Кирил Пецаков упатија искрени честитки по повод големиот празник 11-ти октомври – Ден на народното востание на македонскиот народ.
11-ти октомври – ден кога слободата победи и македонскиот народ се вброи меѓу предводниците на Антифашистичката борба. Охрид и Македонија имаат колективна заслуга во борбата против фашизмот. Да го сочуваме тоа што сме го наледиле од нашите предци, да се избориме за среќа и радост за ова парче земја и да создаваме светла иднина за сите. Нека се паметат вечно хеорите од...