Post Views: 5
Под мотото „Пешачи со нас“ и Охрид со бројни низа активности се приклучува кон одбележување на Европската недела на мобилност од 16-ти до 22-ри септември.
В понеделник, 16-ти септември, од 10:00 до 11:30 часот ќе биде упатена порака од најмладите „Рака за рака“, со прошетка на деца од предшколска возраст, при што ќе биде затворен за сообраќај дел од улицата „Македонски Просветители“ од пресек со „ Партизанска“ до пресек со „Коста Абраш“. Вторник од 10:30 до 12:00 часот ќе има промоција на проектот кој е во соработка со ЗЕЛС и ГИЗ „Паркинзи за велосипеди“, при што на...
Post Views: 0
Еуропол објави соопштение во кое наведува дека е забележан пораст на malware во банкоматите кои се често мета на напади. Имено, во светот постојат околу 3 милиони банкомати кои нудат подигнување на пари. Во просек корисниците подигаат околу 8,6 милијарди евра годишно, што е интересно за напаѓачите кои бараат нови начини како да дојдат до парите на корисниците.
Ова е прво документирано соопштение кое длабоко задира во проблематиката на банкоматите и зголеменото софистицирање на сајбер криминалот, а начинот на кој тие напади се планирани е со нови методи и техники од оние...
Post Views: 0
Хрватска, која е непостојана членка на Советот за безбедност на ОН, денеска го презема едномесечното претседавање со најзначајното тело на Светската организација.
На 9 декември Хрватска ќе биде домаќин на дискусијата на тема „Светската безбедност и меѓународниот тероризам“. Хрватска е претседател на Антитерористичкиот комитет при СБ на ОН од неговото создавање.
Со Програмата за работа за декември, меѓу другото, е предвидено во средината на месецот до Советот за безбедност да се обратат пртседателот и главниот обвинител на Хашкиот трибунал Патрик Робинсон и Серж Брамерц....
Post Views: 4
Здружението за борба против мозочен удар „Мозочен Удар“ како дел од проектот КВАЛИТЕТНО ЗДРАВСТВО „Подобрување на квалитетот и пристапноста на здравствената заштита и социјалните услуги во пограничните региони – Квалитетно Здравство“ на ден 15.09.2019- недела во Центарто за култура „Григор Прличев“ со почеток во 09.00 часот ќе организира јавна активност со цел одредување на ризикот од мозочен удар кај населението во Охрид.
Ќе се вршат прегледи на шеќер и холестерол во крвта ЕКГ, крвен притисок . Акцијата ќе започне со кратка едукација на тема справување со ризикот од...
Post Views: 8
Во договорите со Фондот за здравство, матичните лекари од општа пракса имаат обврска да спроведат мерки и активности за превенција и рано откривање на кардиоваскуларни болести, дијабетес и нефролошки заболувања, кои се трите најчести незаразни заболувања во Република Македонија.
Овие превентивни мерки се спроведуваат на 1.3 милиони осигуреници на возраст од 14-65 години.
„Целта на воведување на превенција на овие три најчести заболувања е да придонесе кон намалување на бројот на идни пациенти заболени од овие болести, односно да се преземат сите превентивни активности...
Post Views: 0
Првиот американски амбасадор во Либија после три децении ќе стапи на должност кон средината на декември, што ја потврдува целосната нормализација на односите меѓу двете земји, потврди Стејт департментот.
Новиот амбасадор на САД во Триполи ќе биде дипломатот Гене Крец кој претходно работел во Тел Авив, Дамаск, Каиро, Исламабад, Њу Делхи и Пекинг.
Либија и САД нагло ги подобрија односите после одлуката на Триполи да се откаже од плановите за оружје за масовно уништување. Последната голема пречка меѓу двете земји беше отстранета минатиот месец, кога Либија се согласи да...
Post Views: 3
Црвен крст Охрид како едно од своите приоритетни залагања го има ширењето на знаењата и вештините за укажување на прва помош со цел тие да бидат достапни за сите како хуманитарен акт кој ги овластува луѓето да спасуваат животи и да помогнат во закрепнување од нагло настанати заболувања или повреди. Поседувањето на вештини за укажување на прва помош ги зголемува индивидуалните капацитите на секој човек за преземеање на брза акција за намалување или стабилизирање на сериозни повреди и ги зголемува шансите за преживување на повредениот.
И оваа година со посебно внимание...
Post Views: 0
Април, мај, јуни, септември и октомври традиционални месеци за организирање на конгреси и семинари. Конгресниот туризам според хотелиерите, нуди одлична можност за продолжување на летната туристичка сезона. Менаџерот на хотелот „Дрим“ од Струга, Ана Јанчева-Дудановска, вели дека се задоволни од резултатите кои се остваруваат преку организирањето на големи конгреси и семинари, но додава дека најголем бенефит од конгресниот туризам би се почувствувал доколку истиот би се практикувал во текот на зимските месеци кога според неа ретко и да има било каков туризам на охридско-струшкото...
Post Views: 8
Броjот на жртвите во трагедијата во Мумбај достигна 195, а повредени се 295 лица, соопштија локалните власти откако се пронајдени уште тела во хотелот „Таџ Махал“.
Шантарам Џадав од службата за контрола на катастрофи предупреди дека бројот на жртвите може да се зголеми затоа што има тела кои се на пат кон болница.
Индиските командоси утрово ги убија последните вооружени мажи кои го опседнаа луксузниот хотел, со што заврши 60-часовата опсада во финансискиот центар на Индија, за која се претпоставува дека е дело на исламски екстремисти.
„Таџ Махал“ е под наша контрола“,...
Post Views: 1
Од ОК на ВМРО ДПМНЕ со обвинувања за недомаќинско работење до локалната власт и директорот на МЈП „Проаква“ – РЕ „Водовод“, Владимир Алексијоски. Дали е во ред да потрошат преку 100.000 евра пари на граѓаните за да поделат К-15 на вработените додека охриѓани мака мачат со основните потреби за живот? – праша денеска на прес конференција Лидија Петкоска, градски советник и претседателка на УЖ ОК Охрид. Парите се потрошија, а проблемите на граѓаните со водоснабдувањето останаа нерешени, кажа Петкоска.
„Зошто им го ускративте тоа на жителите на улиците „Абас...
Post Views: 1
Најголемите светски компании најавија отпуштање на повеќе од 170.000 вработени, како последица на глобалната финансиска криза.
Само производителот на челик Арселор Митал најави дека ќе отпушти 9.000 работници.
Во Европа, најголеми отпуштања најави британската телекомуникациона компанија Бритиш телеком, која неодамна соопшти дека ќе укине 10,000 работни места.
Најмногу работни места во Северна Америка ќе укине Хјулит пакард,а во Азиско – пацифичкиот регион, компанијата Нисан.
{loadposition content9}
Post Views: 6
Поранешниот шеф на бугарската државна разузнавачка агенција Димо Ѓауров, во интервју за ТВ Нова, коментира дека една од целите на рускиот претседател Владимир Путин со ескалацијата на конфликтот со Украина е да ги принуди Европа и САД да го отворат гасоводот „Северен тек 2“ (“Nord Stream 2”). Во меѓувреме, партнерот на ЕУРАКТИВ Europe Elects, оценува дека друга причина е истражувањето на јавното мислење, пишува Еурактив, пренесува Порталб.мк.
„Дури и при ограничен конфликт, првото нешто што Русија ќе го направи е да го затвори гасоводот низ Украина. Со ова ќе се...