litija

Еордија во Струга за Св.Георгиј Победоносец

Post Views: 2 Во четврток, на 7-ми мај во црквата „Св. Георгиј“ во Струга ќе се одржи Вечерна богослужба со која ќе чиночалствува митрополитот Дебарско-кичевски, г-дин Тимотеј. Потоа ќе следи еордија – литија со светите мошти од Св Георгиј и неговата чудотворна икона. – Ве покануваме да земете учество во оваа древна струшка духовна традиција, која пред неколку години беше обновена и збогатена со присуството на моштите на Св. Георгиј Победоносец. Дојдете почувствувајте ја радоста и благодетта на овој торжествен настан и примете го благословот на славниот Победоносец Георгиј,...

Continue reading

logo UN

УНИЦЕФ бара милијарда долари за да се справи со хуманитарната криза

Post Views: 0 Агенцијата на ОН за заштита на правата на децата УНИЦЕФ денеска побара една милијарда долари за да може да се справи со кризата, која предизвикува ширење на гладта, болести и сиромаштија, особено во Африка. УНИЦЕФ соопшти дека оваа година е потребно 17 отсто повеќе пари отколку минатата поради зголемените потреби во источниот и јужниот дел на Африка, вклучувајќи го Зимбабве, кој е погоден од епидемија на колера и економска криза. Повеќето од бараните пари се наменети за исполнување на хуманитарните потреби во пет земји: ДР Конго, Сомалија, Судан, Уганда и Зимбабве.      {loadposition...

Continue reading

Успех на охридската тенисерка Стојаноска

Post Views: 1 Ана Стојановска од Тениски клуб Охрид го освои првото место на Отвореното првенство на Северна Македонија за јуниорки до 14 години кое се одржа на терените на ТК Југ во Скопје од 28 – 30 Септември. По освојувањето на Државното првенство на Северна Македонија за јуниорки до 12 години и претходните Отворени првенства до 12 години годинава без изгубен сет, 12-годишната Ана Стојановска успеа да триумфира и да ја потврди добрата форма викендов и во конкуренција на 2 години постари тенисерки, победувајќи ја во финалето Нина Маринковиќ од ТК Југ со 6:1 6:1.

Continue reading

karikatura

Израел и Палестинците треба да ги обноват мировните преговори

Post Views: 0 Американскиот претседател Барак Обама изјави дека Израел и Палестинците треба да ги обноват мировните преговори, притоа давајќи им поддршка на напорите на саудискиот крал Абдула да го активира арапскиот план за мир на Блискиот Исток. Во интервју за арапската телевизија „Ал Арабија“, Обама истакна дека неговата администрација ќе направи целосно приближување во односите со муслиманскиот свет.Обама смета дека неговата администрација почнува да ги исполнува ветувањата од предизборната кампања со назначувањето на поранешниот сенатор Џорџ Мичел за пратеник на Блискиот Исток. Тој...

Continue reading

Јованоски : Да избереме Совет кој ќе ги става интересите на градот над сите други интереси

Post Views: 0 Да избереме Совет кој ќе ги става интересите на градот над сите други интереси. Во минатото сведоци сме на изгласани точки кои биле од корист само на поединци. Вистинските одлуки значат просперитет, а погрешните уназадување, порача Науме Јовансоки Чакар, носител на советничката листа од редовите на СДСМ и коалицијата Најдоброто за мојата општина. Гласот за најдобриот градоначалник мора да оди заедно со гласот за најдобрата советничка листа. Не давајте глас за советници кои се подготвени да блокираат. Не им дозволувајте за пуста партиска превласт да го кочат развојот...

Continue reading

КОШАРКАРСКИ ТУРНИР „3 Х 3“

Post Views: 2 Јавното претпријатие „Билјанини Извори“, под покровителство на општина Охрид, по втор пат го организира турнирот во баскет „3 х 3“. Пријавувањето за учество на турнирот, кој се организира по повод чествувањето на 7 – ми Ноември -Денот на ослободувањето на Охрид, ќе трае до 10. октомври. Како и минатата година сите заинтересирани за пријавување на тим треба да состават своја екипа 3+1 (играч ) и да пополнат апликација за учество во дирекцијата на ЈП „Билјанини Извори“. Натпреварите ќе се играат за време на викендите, а финалето е планирано за 7-ми Ноември.

Continue reading

market

70.000 работни места се укинуваат

Post Views: 0 Размерот на глобалната економска криза продолжува да се шири, откако американските и европските компании објавија планови за намалување на вкупно 70 илјади работни места. Прва на списокот е американската компанија „Катерпилар“ која соопшти дека укинува речиси 20 илјади работни места. Најголемиот светски производител на градежна и рударска опрема предвидува оваа година да биде најлоша од Втората Светска Војна и објави дека ќе отпушти 17 илјади вработени и уште на 2.500 ќе им плати да си заминат. Компанијата соопшти дека ќе ги замрзне платите на најголемиот дел од вработените...

Continue reading

Посебни мерки во сообраќајот во Охрид, доаѓа државниот секретар на САД

Post Views: 6 Министерството за внатрешни работи jа информира jавноста дека во петок (4.10.2019) во Охрид ќе престојува делегација предводена од државниот секретар на САД, Мајк Помпео, Поради тоа, Секторот за внатрешни работи Охрид ќе преземе соодветни активности, особено во делот на одвивањето на сообраќајот. Во таа насока, остварени се контакти со одговорните лица на правните лица одговорни за одржување на патиштата и улиците во градот, со Фондот за комунални дејности, сообраќај и улици при општина Охрид како и со други релевантни субјекти. Полициската станица за безбедност во патниот...

Continue reading

Portland

Крвав пир во Портланд

Post Views: 0 Напаѓач отвори оган пред танцувачки клуб за малолетници во градот Портланд, во американската држава Орегон, убивајќи две девојчиња и ранувајќи осум лица, по што самиот си пукал во глава, соопшти полицијата. Мотивите за нападот засега не се познати. Портпаролката на полицијата Мери Вит посочи дека нема информации дека напаѓачот ги познавал луѓето по кои пукал. Во моментов органите на редот се обидуваат да го утврдат идентитетот на 24-годишниот напаѓач, кој се наоѓа во критична состоба. Една од жртвите на нападот е 16-годишна Американка, а другата најверојатно е 17-годишна...

Continue reading

Македонскиот литературен јазик го снемува

Post Views: 0 Јазикот е нашата татковина, рекол големиот Блаже Конески. Но, за жал полека ама сигурно стандардниот Македонски литературен јазик го снемува, заменет од некои извитоперени кованици и примеси од странските јазици. Годинава само неколку средношколци се запишале на Филозофскиот факултет во Скопје за да го изучуваат Македонскиот јазик и да можат да ги учат наредните генерации како правилно да говорат и пишуваат. Причини за тоа има многу. Најголем проблем е вработувањето, затоа младите тешко се одлучуваат да студираат на Филозофскиот факултет. Друга причина е непочитувањето...

Continue reading

Gаza

Почитување на примирјето во Газа

Post Views: 2 Палестинското исламистичко движење Хамас засега планира да го почитува примирјето со Израел, но е подготвено да ги обнови борбените дејствија ако не биде симната блокадата на појасот Газа, изјави во интервју за јапонскиот весник „Асахи“ заменик претседателот на Политбирото на Хамас Муса Абу Марзук. „Наша делегација во моментов се наоѓа во Каиро и води преговори за продолжување на примирјето. Ние настојуваме за се повлечат сите израелски контролни пунктови околу појасот Газа“, изјави Марзук. „Подготвени сме да ги обновиме борбените дејствија доколку блокадата не биде...

Continue reading

Со нови методи ќе се следи квалитетот на воздухот во Охрид

Post Views: 0 Со нови методи ќе се следи квалитетот на воздухот во Охрид. Градот доби седумдесет илјади евра во опрема за поставување на 11 сензори и 15 филтри на јавни и приватни објекти. Тоа се средства од проектот Балкан нет програма од ИПА фондовите на ЕУ, за меѓугранична соработка на 5 земји, Македонија, Албанија, Грција, Бугарија и Кипар. Охрид не спаѓа во критичните градови со енормно аерозагадување и нема мерна станица за квалитетот на воздухот. Со овој проект, сега добива можност да го следи квалитетот на амбиенталниот воздух, вели Дарко Блинков од Државниот инспекторат за...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top