Post Views: 0
Основното јавно обвинителство Струга отвори предмет по објавување на снимките и фотографиите на социјалните мрежи, а во врска со масовното присуство на граѓани на Литијата одржана на 7 мај 2020 година, по повод верскиот празник Св. Ѓорѓија.
Постапувањето на обвинителството е заради присуството на граѓани на Литијата во услови на пандемија, кога не се почитувани Одлуките на Владата на Република Северна Македонија за задолжително придржување на здравствените прописи и тоа во однос на забраната за групирање во групи поголеми од две лица, потребното растојание од најмалку...
Post Views: 14
По повод 2 февруари – Светскиот ден на водните живеалишта, „ЕКОТУРИЗАМ 2016“ Охрид како организатор и Општина Дебрца како домаќин, заеднички ќе го одбележат настанот „КОН ПОДОБРО УПРАВУВАЊЕ СО ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО, СТУДЕНЧИШКО БЛАТО И БЕЛЧИШКО БЛАТО“.
Во агендата за овој еколошки важен датум се предвидени презентации за студиите за валоризација на овие важни екосистеми, прикажување на едукативно-документарен филм „Белчишко Блато – синиот бисер од Дебрца“, како и јавна дискусија и дегустација на традиционални специјалитети. Во одбележувањето ќе се придружат Министерството...
Post Views: 3
Охридската гимназија го одбележа својот патронен празник Св. Климент Охридски. Од оваа образовна установа порачаа дека ќе чекорат по неговиот пат и доследно ќе продолжат да ги пренесуваат неговите вистински вредности оставени во завет. Oваа година патронатот, денот на светиот учител го посветуваме на 30 години од независноста на македонската држава, истакна Весна Цветкоска, директорка на ОСУ „Св Климент Охридски“, а истовремено им упати и порака на гимназијалците.
Можеби сме млада држава 30 години независност, но благодарение на нашиот учител Св Климент Охридски ги...
Post Views: 9
Од три извори добивме потврда дека во Македонија не постои лекар што зема 250 евра плата. Платите се многу повисоки.
Рецензираме објава на Фејсбук во кој е споделен текст со наслов ,,Само во Македонија: Пекар со плата од 600 евра, а лекар со 250 евра”.
Во самата содржина на текстот лекарите не се споменати ниту еднаш, односно на ниеден начин не е поткрепена информацијата дадена во насловот на текстот дека има такви меѓу нив што земаат плата од 250 евра. Таа информација е само дадена во насловот и спомената е еднаш.
„Вистиномер“ се обрати до првиот човек на Министерството...
Post Views: 4
Невремето што синоќа ја зафати Црна Гора предизвика огромни штети во автокампот „Бова“ во Шупа во Тиват, а три лица се полесно повредени.
Силен ветер, дожд и град што одеднаш го зафатија Тиват, корнеа дрвја од корен и кршеа гранки , пренесува Вијести. Паднатите дрвја уништија три камп приколки во Бова и оштетија автомобили. Водоводните и електричните инсталации се оштетени, па кампот остана без електрична енергија и вода.
Сопственикот на кампот Ненад Вуковиќ ја повредил раката додека се обидувал да им помогне на своите гости. За среќа, сите навреме биле евакуирани во...
Post Views: 6
Министерот за здравство Венко Филипче денеска изјави дека ситуацијата е многу мирна, нема ниту еден знак дека е можно да има влошување на епидемиолошката слика и повеќе денови по ред нема притисок по болниците.
„Нема пријавување, нема наплив на пациенти ниту во амбулантите, што ни укажува и потврдува дека ситуацијата е прилично мирна. Ја пратиме ситуацијата и во околните земји. Насекаде во регионот е мирно. И во Србија и во Албанија. Ги следиме и земјите каде нашите граѓани заминуваат за летните одмори. Има лесно зголемување на бројката на позитивни случаи во Грција,...
Post Views: 6
Струга бара кратење на полицискиот час, отворање на угостителските и хотелските објекти. Општинскиот кризен штаб денеска поднесе барање до централниот, да се преземат мерки за што поскоро враќање на животот во нормала. Се бара отворање на граничниот премин Ќафасан, влез на туристи од Албанија и враќање на редовните возни линии со селата
„Уште денеска ќе пуштиме барање до Влада за што поскоро да се ослободи народот Ние сме туристички град мора да дозволиме да се отвораат рестораните и хотлеите, мора да функциониаат кафетериит. Да се скрати полицискиот час...
Post Views: 3
Припадниците на специјалната единица на полицијата „Тигар“, во соработка со Хеликоптерската единица при МВР спасија изнемоштено лице од Галичник.
Како што соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР), по упатен повик до Центарот за управување со кризи (ЦУК) за евакуација на болно изнемоштено лице, жител на село Галичник, Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ и Хеликоптерската единица на МВР бргу се подготвиле и ја почнале мисијата.
Имено, во периодот од 7 до 10 часот денеска е евакуиран жителот на Галичник, кој поради снежните навеви на патиштата кон селото,...
Post Views: 1
На 30-ти јануари 2022 година во 05.45 часот, во СВР Охрид, приведен е 35-годишниот К.Б. од Охрид.
При контрола на патнички автомобил „Пежо Партнер” со охридски регистарски ознаки, што тој го управувал, извршена кај Ново село, општина Дебрца, полициските службеници пронајдоа две ловни пушки, за кои немал соодветна дозвола за поседување. По целосно документирање, против него ќе биде поднесена пријава – информираше Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.
Post Views: 5
Младите се носители на позитивните промени, како на државно ниво, така и во Локалната самоуправа. Тие се ресурс за иновации и идна движечка сила на социјалниот и економскиот развој.
Општина Охрид ја почитува оваа значајна улога на младите и токму затоа од исклучителна важност е постојано и систематски да се вложува во нивниот развој, но и во воспоставување на механизми за нивно активно учество во општествените процеси. Само со градење на вистинско партнерство помеѓу институциите и младите ќе знаеме дека политиките се инклузивни, ги одразуваат и адресираат вистинските...
Post Views: 6
За жал на тие што го споделуваат и гледаат видеото, од август 2021 година, вакцината на Фајзер повеќе нема дозвола за употреба во итна состојба, како што имаше дотогаш, туку стана првата вакцина во светот, која доби целосна дозвола за употреба од Американската агенција за храна и лекови.
Рецензираме пост на Фејсбук во кој се вели дека биологот Фернандо Лопес Миронес, објаснува на кратко што прочитал во документите на компанијата Фајзер. Во рамките на постот споделено е видео од обраќањето на Лопез Миронес. во кое што тој изнесува низа сомневања и наративи дека вакцината...
Post Views: 7
Во текот на фудбалскиот натпревар во село Лесичово во Бугарија се случи голема несреќа, кога гром го погоди и уби тренерот Иван Ранчев.
Тоа се случило за време на пријателски меч меѓу Лесичово и Ботев, кога најпрво почнал силен дожд, а потоа и грмотевици. Еден од нив погодил и фудбалер, но тој преживеал со лесни повреди.
Во моментот на несреќата на теренот немало доктор затоа што станувало збор за пријателски меч, а итната помош по доаѓањето констатирала смрт кај тренерот.