logo

За генерален секретар на НАТО во трка двајца кандидати

Post Views: 1 НАТО синоќа не успеја да постигне договор за новиот генерален секретар на Алијансата, откако Турција стави забелешки за кандидатурата на данскиот премиер Андрес Фог Расмунсен, наведоа дипломатски извори. Расмунсен ја доби поддршката на водечките европски сили и САД во настојувањето да стане наследник на Холанѓанецот Јап де Хоп Шефер на позицијата генерален секретар на НАТО. Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган вчера го критикуваше Расмунсен поради начинот на кој реагираше на објавувањето на карикатурите на пророкот Мохамед во еден дански дневен весник во 2006 година...

Continue reading

Нов предлог закон за дополнително да се финансира проектот за изградба на Автопат – делница Кичево – Охрид

Post Views: 9 Владата на РСМ на редовната 161 седница, го утврди новиот Предлог на Закон за гаранција на Република Северна Македонија на обврските по Договорот за заем за дополнително финансирање на Проектот за изградба на Автопат – делница Кичево – Охрид кој ќе се склучи меѓу Експорт – импорт банката на Кина и Јавното претпријатие за државни патишта, по скратена постапка и донесе заклучок тој да биде доставен до Собранието на Република Северна Македонија согласно член 170 од Деловникот на Собранието. Целта на Предлогот на Закон за гаранција е да се повлечат неопходните средства...

Continue reading

Калиштани 30 години чекаат асфалт

Post Views: 0 Само со добра патна инфраструктура, може да развиваме туризам. Жителите на Калишта струшко години наназад на надлежните укажувале дека патната инфраструктура која води до нивното село е во очајна состојба, како што изјави Урим Јусуфи потпретседателот на МЗ. Тој вели дека од страна на премиерот уште пред две години им било ветено дека ќе се направи но од тоа ништо. „Овој пат Струга – Калишта е изграден кога е изграден хотел Бисер, во 1975 година и оттогаш не е направено ништо. Вие како што знаете овој пат требаше да се асфалтира до Радожда бидејќи овој пат е регионален...

Continue reading

samit

„Роденденски“ самит на НАТО

Post Views: 0 Во германското монденско одморалиште Баден-Баден, под исклучително зајакнати мерки за безбедност денеска почнува „роденденскиот“ самит на НАТО, на кој ќе се одбележи 60 годишнината од постоењето на Алијансата.   Шефовите на државите или владите на 28-те членки на Алијансата ќе дискутираат за иднината, реформите и новата стратегија на НАТО, за Авганистан, односите со Русија, Балканот и други актуелни прашања. Самитот, на кој ќе учествуваат лидерите на 28-те земји-членки, меѓу кои и двете новопримени, Хрватска и Албанија, за прв пат во својата историја ќе биде одржан во...

Continue reading

Ученичката Софија Алачкоска-прва на општинскиот натпревар „Млади библиотекари“

Post Views: 4 Во НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид денеска на пригодна свеченост жирито ги соопшти резултатите од неодамна одржаниот Општински натпревар „Млади библиотекари”. Првото место во силна конкуренција од уште 18 ученици од основните училишта, го освои деветтоодделенката Софија Алачкоска под менторство на наставничката Фила Веровска – Стојковска. Ментори на останатите ученици–натпреварувачи беа: Валентина Рубаноска,Мери Крстеска, Санта Миткова, Наташа Митреска и Ана Пупиноска–Стојкоска. НУ Библиотека „Григор Прличев“ сите учесници и ментори ги награди со благодарници...

Continue reading

novinar

За три месеци во светот се убиени 35 новинари

Post Views: 4 Оваа година можно е да биде поопасна за новинарите од минатата година, објави Организацијата за заштита на новинарите во зони на конфликти Press Emblem Campaign. Во првите три месеци од оваа година загинале 35 новинари од кои 8 во март – двајца во Авганистан, двајца во Ирак и по еден во Индија, Пакистан, Русија и Хондурас. Во истиот период во 2008 година биле убиени 20 репортери. Вкупно 91 новинар е убиен во 2008 година додека извршувалезадолженија. Од организацијата посочуваат дека расте заканата за киднапирање новинари. Организацијата повика Советот за права...

Continue reading

Украина почна со регрутирање резервисти

Post Views: 1 Украина на 23 февруари почна да регрутира воени резервисти на возраст од 18 до 60 години по указот издаден од претседателот Володимир Зеленски бидејќи земјата се соочува со закана од целосна инвазија од Русија.  Зеленски, во телевизиско обраќање на 22 февруари, рече дека ќе спроведе регрутирање на резервисти, но дека во овој момент не наредува општа мобилизација на војската. Мораме да ја зголемиме подготвеноста на украинската армија за сите можни промени на оперативната ситуација – рече тој. Зеленски додаде дека сè уште бара дипломатски излез од сегашната криза,...

Continue reading

Неколкучасовен прекин на сообраќајот на патниот правец Кичево – Охрид поради минирање

Post Views: 5 Поради изведување градежни работи, денес во периодот од 11:00 до 15:00 часот на патниот правец Кичево-Охрид ќе има прекин во сообраќајот. На магистралниот пат А2 Кичево – Охрид на потегот од Пресека до село Врбјани ќе се врши минирање, поради што сообраќајот ќе биде во прекин 10 до 15 минути.

Continue reading

logo

Можно решение само со две посебни држави

Post Views: 3 Администрацијата на американскиот претседател Барак Обама остана посветена на решение за две држави во израелско-палестинскиот конфликт. “Остануваме на ставот за две држави. Во наш интерес и во интерес на целиот регион е Израелците и Палестинците да живеат едни покрај други во мир и безбедност“, изјави анонимен претставник на САД, кој е во делегацијата на Обама во Лондон, каде ќе учествува на Самитот Г-20. Светските агенции синоќа пренесоа дека новиот шеф на израелската дипломатија, ултранационалистот Авигдор Либерман изјавил оти Израел не е врзан со договорите од Анаполис...

Continue reading

20-годишен охриѓанец поседувал марихуана за продажба

Post Views: 3 На 14-ти октомври 2021 година, во СВР Охрид бил приведен 20-годишниот К.Ч. од Охрид, кај кого, при извршен преглед во охридското село Велгошти, пронајдена и одземена е опојна дрога марихуана, наменета за натамошна продажба. Против него, СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава – информираат од СВР Охрид.

Continue reading

„Охрид трчаТ“ учествуваше на маратонот во Љубљана

Post Views: 4 Најмладите се забавуваа на трката од 3 километри, а вистински предизвик за охриѓани и екипата беше полумаратонот од 21 километар. За потсетување, „Охрид трчаТ“ од следната година ќе биде побогат со полумаратон (21 километар) кој на уште едно ниво ќе ја подигне спортската манифестација број еден во Македонија. Круна на успешната презентација и настап на „Охрид трчаТ“ на Маратонот во Љубљана беше приемот во Амбасадата на нашата земја во Словенија. Експедицијата од Охрид трчаТ разговараше со амбасадорката Сузана Зеленковска која изрази голема благодарност за учеството под...

Continue reading

logo

Албанија и Хрватска и официјално станаа членки на НАТО

Post Views: 1 Двете балкански државиги предадоа ратификационите документи во американскиот Стејт департмент. На свеченоста во Вашингтон, заменикот американски државен секретар Џејмс Стејнберг ги прифати инструментите за приемот на Албанија и Хрватска во Алијансата, за кој депозитар е американската Влада. Во моментот на прифаќањето на ратификационите документи, Албанија и Хрватска станаа дел од НАТО.   {loadposition content9}

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top