Post Views: 5
Американското државно обвинителство покрена обвинение против службеник на Министерството за одбрана поради сомнение дека давал доверливи информации на Кина.
Обвинението е покренато против Џејмс Фондрен.
Обвинението наведува дека постои сомневање дека учествувал во заговор за оддавање на доверливи информации на странски агенти.
Обвинителството наведува дека Фондрен (62) давал информации на официјалните власти во Тајван, но потоа се докажало дека податоците се однесуваат на кинеските власти.
Фондрен работеше во Пентагон како заменик-директор на Канцеларијата за врски при...
Post Views: 2
Ј.П.„Охридски Комуналец„ постави информативни табли за забрането фрлање отпад на локации каде во изминатиов период е евидентирано недозволено одлагање и фрлање отпад од секаков вид (градежен шут, кабаст отпад, зелен отпад и друг комунален отпад).
Со цел развивање на еколошката култура и поголема совест на граѓаните поставени се 60 информативни табли на локации црни точки кои во многу наврати се темелно расчистени, но набрзо сликата од расфрлан отпад се повторуваше. Ги потсетуваме граѓаните дека заради обезбедување на јавна чистота и заштита на животната средина и природата...
Post Views: 7
Поглаварот на Римокатоличката црква Бенедикт Шеснаесетти, кој се наоѓа во посета на Израел, утринава пристигна во Витлеем, на Западниот Брег на реката Јордан.
На почетокот на еднодневната посета на палестинските територии тој повика на суверена палестинска држава.
„Светиот престол го поддржува правото на Вашиот народ да има суверена палестинска татковина, на земјата на вашите предци, безбедна и со меѓународно признати граници, и да живее во мир со своите соседи“, истакна папата Бенедикт Шеснаесетти во својот говор во Витлеем, каде беше пречекан од палестинскиот претседател...
Post Views: 1
На самиот старт на изборниот процес, проблеми со фингерпринт уредите.
Во Охрид и Струга утрово точно навреме се отворија сите избирачки места. И во двете општини регистрирани се проблеми со фингерпринт уредите.
Имаме ИТ поддршка, се обидуваме да ги надминеме проблемите – вели Антигона Сионов, претседател на ОИК Охрид.
За првпат, токму на овие локални избори, идентитетот на гласачите се утврдува со фингерпринт уреди.
Post Views: 0
Започнаа активностите за засадување на цветниот саден материјал кој ќе ги разубавува парковите во Охрид во зимскиот период, се` до летната цветна реколта.
Eкипите на „Паркови и зеленило„ го разубаваа паркот во близина на градскиот плоштад и покрај кејот, а ќе се оплеменат зелените градски површини во централното градско подрачје (градските парковски површини, кружните сообраќајници, патеката покрај каналот Студенчишта и пешачката патека до Парк) како и периферините делови од градот.
Предвидено е да се засадат вкупно 50.000 садници од видот viola (очиња) од сопствено...
Post Views: 2
НАТО денеска го именуваше американскиот адмирал Џејмс Ставридис на местото главен командант на сите сили во Европа, соопштено е во Брисел.
Ставридис, кој моментно е на чело на американската Јужна Команда, ќе го замени досегашниот командант на европските сили на НАТО, генерал Бенц Кредок.
Именувањето на Ставридис беше очекувано бидејќи американскиот претседател Барак Обама, во март, го именуваше адмиралот за високата функција во НАТО.
Традиционално, американските генерали се поставуваат за команданти на сили на НАТО, додека европските кадри на политичките места во оваа...
Post Views: 5
Делегација од градот Далиан, Народна Република Кина, предводена од заменик претседателот на Конгресот на општината, Лиу Вајму, оствари средба со градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески и претседателката на Советот на општина Охрид, Живка Ангелоска.
На средбата беше потенцирана добрата меѓусебна соработка што двете општини, Далиан и Охрид, ја негуваат. Посебен акцент беше ставен за можната соработка во зачувувањето и реставрацијата на старите објекти во Охрид, како и заштитата на животната средина.
Post Views: 0
Грција е подготвена за спроведување на изборите за Европскиот парламент, што треба да се одржат на 7. јуни, јавуваат грчките медиуми.
Рекламната кампања за изборите ќе започне во сабота, на 15. мај, ќе продолжи 21 ден и ќе заврши на 6. јуни во сабота, во предвечерието на изборите.
Според избирачките списоци, право на глас на евроизборите имаат 9. 866,913 лица, а за првпат со право на глас се стекнуваат 110.562 лица.
{loadposition content9}
Post Views: 5
Јавното претпријатие „Нискоградба“ преку Одделението за изградба, одржување и реконструкција на локални патишта и улици извршува градежни активности на ул. „Момчило Јорданоски“ (болнички комплекс).
Се изведува реконструкција на улицата при што се заменуваат цефки за одведување на фекална канализација при што се поставуваат нови со пречник Ф300 mm во должина од 90 метри и реконструкција на 9 собирни шахти и изведба на 6 нови. Со Ова се решава еден проблем кој граѓаните го имаа подолго време, а со тоа се подобрува и нфраструктурата и квалитетот на живеење на граѓаните...
Post Views: 5
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ќе престојува денеска во Египет каде ќе се обиде да оформи коалиција против Иран и да размени идеи за блискоисточниот мировен процес.
За време на првата посета на некоја арапска држава откако дојде на чело на израелската влада, Нетанјаху ќе се обиде да пронајде заеднички ставови со египетските лидери непосредно пред клучното патување во Вашингтон што треба да се реализира кон крајот на овој месец.
Одлуката на Нетанјаху да се состане со египетскиот претседател Хосни Мубарак пред состанокот со претседателот на САД; Барак Обама го...
Post Views: 6
Од Центарот за јавно здравје од Охрид, информраат дека од утре стартува вакцинацијата против сезонски грип, со комерцијална вакцина.
Денес на прес конференција јавноста ќе биде информирана за вакцината, терминот и целните групи кои ќе бидат опфатени со вакцинацијата со бесплатната вакцина, за вакцинацијата во домашни услови и сите останати поединости.
Post Views: 0
Бројни технолошки компании веќе долго време се обидуваат да најдат решение за лозинките кои на корисниците ќе им овозможат поедноставна, но и побезбедна пријава на бројни сервиси како што се електронската пошта, социјалните мрежи, банкарски апликации и слично. Впишувањето на класичната лозинка може да биде рискантно бидејќи луѓето често користат едноставни зборови кои лесно се помнат (и лесно се пробиваат) и истите ги користат на бројни сервиси, што ја зголемува можноста за пробивање во сметките, додека двократната аутентификација на многумина им е напорна бидејќи освен...