Post Views: 4
Италијанскиот премиер Силвио Берлускони, денеска престојува во официјална посета на Вашингтон, каде ќе оствари средба со неговиот американски колега Барак Обама.
Главна тема на средбата се очекува да биде претстојната средба на членките на Г8 во Рим, како и актуелната економска ситуација во земјите.
Средбата се очекува да влијае на подобрување на имиџот на Берлускони, по низата скандали кои во последно време се поврзуваат со неговото име.
{loadposition content9}
Post Views: 3
Имавме позитивна кампања, мирна пред се. Охриѓани имаа можност да ги видат нашите програми и визија за иднината на Охрид. – истакна кандидатот за Градоначалник на Охрид од СДСМ и Коалицијата, Константин Георгиески.
Лошите власти се избираат од луѓе ко на денот на изборите седат дома и не гласаат. Ги повикувам охриѓани да излезат на гласачките места, да си го остварат своето гласачко право, да го изберат вистинскиот пат за нашиот град да продолжи да се развива во посакуваната насока како еден туристички центар којшто ќе биде најубав каков и што е – изјави...
Post Views: 6
Со организацијата на саемот насловен „Дарувај од срце“ во гимназијата „Св. Климент Охридски“, се заокружуваат активностите посветени на одбележувањето на патрониот празник на ова средно училиште. Овој настан се одржа во спортската сала на гимназијата и истиот пред се има хуманитарна цел, вели директорката Весна Цветкоска.
„Средствата коишто ќе се соберат на саемот ќе бидатнаменети за хуманитарни цели, значи ќе бидат наменети за помош на Тачо и Ана, исто како и другите хуманитарни активности кои доесга ги имало, па затоа и самиот саем се вика „Дарувај од срце“. Нашите...
Post Views: 1
Американската вселенска агенција НАСА за најмалку 24 часа го одложи предвиденото лансирање на вселенскиот шатл “Ендевор” заради протекување на водород при полнењето на надворешниот резервоар, пренесоа светските агенции.
Истиот проблем ја принуди НАСА да го одложи и лансирањето на шатлот “Дискавери” во март. Течењето на водород е откриено во надворешниот механизам за полнење на резервоарот.
{loadposition content9}
Post Views: 6
Во присуство на Министрите за здравство на Македонија и Бугарија, Венко Филипче и Кирил Ананиев и првата дама во нашата земја Елизабета Георгиевска Пендаровска, денеска, во Општата болница во Охрид беше пуштен во употреба регионалниот центар за третман на деца со аутизам.
„Ова е центар којшто во себе ги содржи сите делови кои се потребни во смисла на инфраструктура, опрема но и кадар поради тоа што тука работат логопеди, дефектолози и детски психијатри коишто ќе работат со децата коишто имаат вакви проблеми. Станува збор за најсовремена опрема која ги покрива сите потреби...
Post Views: 6
Махмуд Ахмадинеџад е реизбран за претседател на Иран, пренесоа светските агенции, повикувајќи се на резултати од пребројувањето на гласачките ливчиња. И покрај фактот дека пребројувањеро на гласачкиот материјал не е завршено.
Ахмадинеџад веќе има 18,3 милиони гласови, а неговиот главен соперник – поранешниот умерен премиер Мир Хосеин Мусави има 8,9 милиони гласа. Во проценти тоа значи 65,24 отсто наспроти 31,83 отсто од преброените 77,13 проценти од гласачките ливчиња. Според официјални податоци, излезноста беше околу 75 до 80 проценти од лицата со право на глас,...
Post Views: 10
Во пресрет на премиерата на филмот „Дедо и внук“ на режисерот Илија Пиперкоски, а поради преголемата заинтересираност за билети, донесена е одлука да се одржи и втора проекција на филмот.
Истиот ќе се прикаже по втор пат во вечерниот термин од 22:00 часот, а сите заинтересирани ќе можат да купат билети на билетарата во Центарот на Култура „Григор Прличев“ во Охрид.
Премиерата на новиот филм „Дедо и внук“ на охридскиот режисер Илија Пиперкоски ќе се одржи на 6-ти декември во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид.Филмот започна да се снима кон средината на април...
Post Views: 0
Во големите париски музеи сместени на двете страни од реката се води трка со времето за да се евакуираат збирките на уметнички дела кои се собираат со години. Лувр ќе остане затворен за превентивно евакуирање на делата кои се чуваат во складовите.
Во Париз Сена достигна 5,37 метри на референтната скала и би требало својот максимум да го достигне денес со ниво од 5,9 метри, известија властите.
Тоа ниво сепак останува далеку од оние 8,62 метри за време на поплавата од 1910 година која е референтна точка за Парижаните. Брегот е поплавен на неколку места така што автомобилите...
Post Views: 7
Швајцарската фармацевстка компанија „Новарис“ соопшти дека ја произведе првата серија вакцини против новиот грип од типот А, неколку недели порано отколку што се очекуваше.Првата серија вакцини ќе биде искористена за предклиничка оцена и испитувања, а потоа и за клинички испитувања. Според
Светската здравствена организација (СЗО) фармацевстките компании најверојатно ќе добијат одобрение за продажба на вакцините по септември.Вакцината е произведена во фабриката на „Новарис“ во Марбург, Германија, која има капацитет за производство на милиони дози вакцини неделно. Втората...
Post Views: 1
Охридската библиотека со низа настани ќе го одбележи празникот посветен на заштитникот на Охрид, Св. Климент Охридски.
-Пригодна реч за Св. Климент Охридски: проф. Татјана Дурнева -Фото презентација: „Св. Климент Охридски и Охрид“-Изложба на книги посветени на словенската писменост: „Од Светите браќа Кирил и Методиј до Св. Климент и Св. Наум Охридски“.
-Промоција на трилогијата за Охрид ( книги со фотографии од градот од минатото до денес ) со осврт на последната: „Охрид, враќање во минатото“ од Академик Миле Миќуновиќ. -Прогласување на писателот Коста Фортомар од Охрид...
Post Views: 0
Два нови проекта, еден за студентите и уште еден за средношколците, најави премиерот Никола Груевски во обраќањето на свечената академија по повод празникот Свети Климент Охридски.
Како што рече Груевски, двата проекта ќе стартуваат од 1-ви јануари 2016 година. Со првиот е предвидено обезбедување бесплатен превоз за сите редовни студенти на државните универзитети, додека со вториот т.н. средношколска среда, на сите средношколци од државата секоја среда ќе им биде обезбеден бесплатен железнички превоз, бесплатен билет за жичницата на Водно, како и бесплатни карти за во...
Post Views: 0
Светската здравствена организација го дигна шестото ниво на предупредување за зараза од новиот вирус од типот А (Х1Н1), што подразбира глобална пандемија на грип.
По донесувањето на ова одлука СЗО ги информира државите членки за одлуката да прогласат пандемија на новиот грип.Генералниот директор Маргарет Чан во седиштето во Женева рече дека натамошното ширење е неизбежно но дека има добри причини да се верува оти во првите денови пандемијата ќе има умерени последици. Според податоци на СЗО, 74 држави во светот информирале за 27.737 случаи на заболени од новиот грип,...