Etau

Тајфунот Етау ја погоди Јапонија

Post Views: 0 Најмалку девет лица ги загубија животите и 10 се сметаат за исчезнати откако тајфунот Етау ја погоди Јапонија. Како што објавија локални медиуми, поради поројните дождови, поплавите и лизгањето на земјиште во западните префектури Хиого и Окајама загинаа пет луѓе. Во тие префектури десет луѓе се водат како исчезнати. Жителите од источните делови на државата се предупредени за опасност од поплави и лизгање на земјиште. {loadposition content9}

Continue reading

Жители на Чекоштина бараат решавање на проблемите за населбата да заживее

Post Views: 16 Наместо елитна населба, охридската Чекоштина  не постои. Нема  уличен систем, адреси, водовод и канализација.Денес има околу стотина викендици и куќи,  но населбата не  е евидентирана како населено место. Иако има легални куќи постојани и викенд жители,  нема ни адреси, нема ни улици. Еден дел од населбата е урбанизиран,  но само на хартија, во реалноста нема никаква инфраструктура.  Пред неколку години жителите поднеле петиција до општина Охрид да определи уличен систем за да добијат легални адреси, но без никаков успех. Жителите се жалат, бараат општината да ја среди...

Continue reading

zemjodelci

Еднодневна обука за регистрација и паушално оданочување на земјоделци

Post Views: 11 Обуки за регистрација и паушално оданочување за охридските земјоделци ќе се одржат утре во даночното одделение на Управата за јавни приходи. Организатор е Управата за јавни приходи – Даночна академија. Обуките се без финансиски надоместок. Станува збор за еднодневна обука за регистрација и паушално оданочување на земјоделци.

Continue reading

Morakot

„Моракот“ тајфунот се приближува кон Кина

Post Views: 2 Тајфунот „Моракот“ се приближува кон Кина откако помина преку северниот дел на Тајван каде однесе два човечки живота, четворица се сметаат за исчезнати, а 10 луѓе се повредени, соопштија локалните власти. Тајфунот, чија сила вчера се намали, денеска продолжи да се движи над Тајван кон Кина, со ветер кој достигна 119 километри на час, соопшти Централната метеоролошка служба на Тајван. „Моракот“ е најсилен тајфун кој оваа година го погоди Тајван предизвикувајќи откажување на авионските летови и затворање на пристаништата поради ветрот кој дуваше и со 180 километри на...

Continue reading

Јавнатa хигиена секојдневно се нарушува од несовесни граѓани

Post Views: 3 Граѓани поединци сеуште се со ниска комунална свест. По улиците се фрлаат разни видови ситен отпад почнувајќи од догорчиња на цигари па се до хартиени паковки од чоколадо или пециво. Службите на комуналец се трудат да ја одржуваат хигиената на улиците и тротоарите и секојдневно метат големи количини на расфрлан ситен отпад, вели Љупчо Граданоски директор на ЈП Охридски Комуналец. „Улиците и тротоарите се метат од 5 часот наутро од единиците за јавна хигиена. Има потреба од чистење, има  секојдневна собирање  на поголеми  количини ситен отпад. Не можам да споредам како...

Continue reading

Превенирај го хепатитот-од тебе зависи

Post Views: 1   Сеуште во земјава нема, или оскудни се статистичките податоци за заболени од хепатитис. Досега во 2013 година дијагностициран е еден смртен случај од хепатитис Ц, во 2012, 2013 и 2014 по еден од хепатит Б, информираат од Асоцијацијата за здравствена едукација, превенција и подобар третман, Хепта. Во организација на општинската организација на Црвениот крст, а во партнерство со здружението „Хепта“, денес во Струга и Охрид со низа активности се одбележува 28 – јули Светскиот ден за борба против хепатитисот. Како што појасна Билјана Мирчевска од невладината ХЕПТА,...

Continue reading

Silvio Berlusconi

Берлускони останува доследен

Post Views: 1 Шефот на италијанската Влада Силвио Берлускони, со месеци вмешан во скандали со млади девојки, изјави дека никому не му должи извинување, па ниту на членовите на неговото семејство. Во врска со неодамнешното интервју на својата ќерка Барбара(25), Берлускони на вчерашната конференција за новинарите во Рим заклучил дека ќерката многу го сака. „Мојата ќерка многу ме сака. Ми изрази почитување и љубов“, рече Берлускони. „Во секој случај, нејзиниот татко нема за што да си приговара во врска со приватниот живот. Никому за ништо не треба да му се извинува, ниту на членовите...

Continue reading

ЈП „Билјанини Извори“ ќе ги заменува блокаторите со платни налози за неплаќачите на јавниот паркинг

Post Views: 12 ЈП „Билјанини Извори“ ќе ги заменува блокаторите со платни налози за неплаќачите на јавниот паркинг. Оваа мерка ќе се применува од 20 јануари за неплаќање на користен јавен паркинг во А и Б зоните, информира Гордана Јованоска директор на ЈП Билјанини извори кое стопанисува со јавниот паркинг простор во градот. Недиспциплинираните возачи ќе имат можност казната да ја платат веднаш или за 8 дена, а по истекот на овој рок се активира преку извршител. „Охриѓани се дисциплинирани плаќачи, но има луѓе кои се инаетат и не сакаат платат. Има проблеми, расправии со вработените...

Continue reading

pusac

По Турција исто и Ирак ќе ја следи забраната за пушење на јавни места

Post Views: 2 Ирачката Влада го разгледува донесувањето на закон со кој би се забранило пушење на јавни места. Тоа ќе биде прв законски проект во земјата каде што палењето цигара е ритуал на иницијација за момчињата. Владиниот портпарол Али Ал-Дабаг вчера изјави дека целта на овој закон е да се намали бројот на луѓето што почнуваат да пушат и да се зголеми свеста за штетноста од пушењето. Ал-Дабаг рече и дека ќе биде забранета продажбата на цигари на малолетниците. Ако законот биде усвоен, пушењето ќе биде забрането на јавни места како државните установи, училиштата, кината и аеродромите....

Continue reading

„Охридско лето“ донираше 95 илјади денари за Општата болница во Охрид

Post Views: 7 Националната установа „Охридско лето“ во знак на солидарност и хуман гест на Општата болница од Охрид и додели 95 илјади денари, средства собрани од продажбата на влезници од хуманитарниот концерт „Танец и Ладо под ѕвездите“ одржан во рамките на годинашната фестивалска програма. Целта на хуманитарната помош е полесно справување во борбата против Ковид-19 а средствата ќе бидат искористени за набавка на скафандери, маски и средства за хигиена. Во овие тешки времиња кога се соочуваме со најголемата здравствена криза секоја помош е неопходна. Изразуваме огромна благодарност...

Continue reading

Забрането паркирање кај кружниот тек и капетанија за празничниот викенд

Post Views: 5 Поради непречено одвивање на сите активности во делот на организизацијата на големиот црквно-народен собир по повод големиот христијански празник Богојавление Водици од сабота, 18-ти јануари од 23:00 часот до понеделник, 20-ти јануари до 16:00 часот нема да биде дозволено паркирање на потегот во близина на објектот на Капетанијата на пристаништата и паркингот во потегот на кружниот тек во центарот на Охрид. Од локалната упатуваат апел до сите сопственици навреме да ги отстранат своите моторни возила од овој потег. Во спротивно, возилата ќе бидат отстранети со помош на...

Continue reading

Sotomajor i Obama

Соња Сотомајор врховен судија на САД

Post Views: 2 Американскиот Сенат го потврди изборот на Соња Сотомајор за судија на Врховниот суд, со што постана прва особа од латиноамериканско потекло во највисокото судско тело на САД. Сотомајор (55) потекнува од Порторико, а беше номинирана лично од претседателот Брак Обама. Дебатата за потврдување на изборот на Сотомајор, трае од 13 јули и беше одбележана со долга расправија помеѓу Демократите и Републиканците. Додека Демократите сметаат дека Сотомајор е умерена, Републиканците мислат дека таа е пристрасна и ќе протежира многу либерални ставови. Судиите во Врховниот суд се бираат...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top