Post Views: 0
Од денеска, во Албанија стапија во сила новите мерки против коронавирусот, кои предвидуваат дека ниту еден странски или албански државјанин не може да влезе во земјата без потврда за негативен тест за коронавирус или доказ за вакцинација.
При влегување, потребно е да се покаже тнр. пасош за вакцинација, со поминати најмалку две недели од целосната вакцинација, негативен ПЦР тест не постар од 72 часа или антигенски не постар од 48 часа, или да се покаже потврда за прележан коронавирус.
Овие правила важат и за патниците што транзитираат низ Албанија, додека само децата...
Post Views: 10
Дваесет и пет годишното момче вчера на локалитетот „Баргала”, а утринава и неговата 21 годишна девојка од селото Аргулица.
Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова потврдува дека утринава во 9.20 часот полицијата добила повик од Итната медицинска помош за пронајдено женско тело во семејна плевна во селото Аргулица. Извршен е увид на местото, а јавен обвинител наредил и обдукција на починатата девојка.
Мештаните во селото Аргулица се во шок, велат дека ова што се случи е двојна трагедија, за девојката потенцираат дека била мирна и вредна, а постојано им помагала...
Post Views: 2
Здравствените работници причината ја гледаат во задоцнетотот барање на лекарска помош и коморбидитетите на пациентите. Од почетокот на пандемијата до изминатиот викенд во Струга како последица на компликации од ковид 19 починаа 85 , а во Охрид 49 лица.
Струга се уште прва по морталитет од корона вирусот. Охрид е на шесто место по смртност во земјава.
Една од причините е задоцнето барање лекарска помош, но и возраста и хроничните заболувања кај починатите пациенти. Во првиот пролетен бран во струшко имаше поголема смртност, луѓето не пријавуваа симптоми и не сакаа да...
Post Views: 0
Епидемиологот и член на Кризниот штаб во Србија Бранислав Тиодоровиќ најави нова седница на Кризниот штаб, при што изјави дека досегашниот начин на примена на Ковид пропусниците ја изгубил смислата и дека поддржува единствено целодневна важност на пропусниците.
Тиодоровиќ рече дека непочитувањето на сегашниот систем на ковид пропусници за е главната причина зошто тие го изгубиле значењето.
Најверојатно неделава ќе има седница на Кризниот штаб. Јас сум на мислење дека ковид пропусниците со примена од 20 часот изгубија секакво значење бидејќи генерално не се почитуваат....
Post Views: 3
На 31.01.2022 во 19.55 часот на булеварот „Туристичка” во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода Ј.Д.(28) од Охрид затоа што кај него пронајдоа и одзедоа марихуана.
По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР Охрид.
Post Views: 5
Градоначалникот Кирил Пецаков во придружба на Претседателот на Советот на Општина Охрид, Сашо Донев и Секретарот на Општина Охрид, Александар Китески оствари посета на Планинската спасителна служба.
Градоначалникот Пецаков се запозна со целокупната опрема и стручниот кадар со кои располага службата за спасување. На средбата со членовите на службата беше разговарано за тековните проекти, како и за подготвеноста за делување на непристапен планински терен. Заеднички беше заклучено дека Службата за спасување на планина е од исклучително значење за подигнување на нивото...
Post Views: 7
Вакцинацијата не е услов за влез во болница, туку медицинската индикација. Во болниците не се прави разлика дали некој пациент е вакциниран или невакциниран, за да може тој се лекува. Исто така, во Северна Македонија нема вакцини со истечен рок, како што неточно се тврди во постот.
Рецензираме пост на Фејсбук во кој е изнесена дезинформација дека не се примаат на болничко лекување, односно за хоспитализација пациенти кои не се вакцинирани против ковид.
Во постот се тврди:
Дел од репресивните мерки од проектот за да се принуди населението да се вакцинира, е и да НЕ...
Post Views: 2
Светот може да се соочи со финансиска катастрофа слична како онаа во периодот од 2008 и 2009 година. Причина се насобраните проблеми во последните 18 месеци кои се производ од мерките спроведени од владите ширум светот за борба против Ковид-19.
Според извештајот на Централната банка на Русија, светската економија може да влезе во кризно сценарио поради зголемување на глобалниот долг на државите и зголемувањето на бројот на компании со слаби финансиски резултати.
Банката развила четири различни сценарија кои можат да се случат во блиската иднина до 2024 година. Според...
Post Views: 3
Собраниската Законодавно-правна комисија денеска на седница ќе расправа по Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за лична карта, во прво читање.
Како што стои во образложението на предлог-текстот, донесувањето на законот ќе имплицира ревидирање на подзаконскиот акт со кој се уредува образецот на барањето за издавање на личната карта, образецот на потврдата за поднесено барање за издавање на личната карта, образецот на личната карта, постапката за издавање и замена на личната карта, како и за начинот на водење евиденција за издадените лични карти, во...
Post Views: 18
ЈП Комунално-Струга почна со поставување на новонабавените метални корпи наменети за одлагање на ситни отпадоци.
Новите корпи за отпадоци се поставени на ул Маршал Тито-пред зградата на Оштина Струга се до кружниот тек на раскрсницата со ул Маркс Енгелс. Во наредните неколку дена поставувањето на новите корпи ќе продолжи по шеталиштето на кејот на реката Црн Дрим.
Со поставувањето на нови корпи се очекува во голема мера да се придонесе за подобрување на нивото на чистотата во град Струга.
Post Views: 9
Обновени се летовите на редовната авионска линија Софија- Скопје- Софија. Првиот лет на бугарската авиокомпанија ГуливЕр ќе биде на 26 март 2022 година. Авиокомпанијата ќе има редовни летови на релација двапати неделно, во сабота и во понеделник.
Обновувањето на летовите меѓу Бугарија и Северна Македонија е важен чекор за подобрување на транспортната поврзаност меѓу двете земји. Оваа заложба беше преземена од бугарската влада и веќе е реализирана благодарение на нашето добро партнерство со мојот македонски колега Благој Бочварски, коментира министерот Николај Шабев,...
Post Views: 10
На 01.02.2022 година во 06:20 часот на потегот Маврово-Дебар и обратно, поради обилни врнежи на снег, воведена е забрана за движење на ТМВ.
Од 7:45 часот се воведува забрана за сообраќај на ТМВ на патниот правец Струга-Ќафасан, a поради обилни врнежи од снегод 08.30 воведена е забрана за тешки моторни возила и на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот превој Стража.