Post Views: 5
По успешно завршените два циклуси од програмата „Млади лидери создаваат иднина“, Црвен крст Охрид започнува со нов циклус на спроведување на оваа програма за млади.
Програмата „Млади лидери создаваат иднина“ е наменета за ученици од деветто одделение до трета година средно образование. Црвен крст Охрид ја нуди оваа програма со цел да им овозможи на младите охриѓани да ги зајакнат своите лидерски вештини и како лидери да земат учество во живеењето на заедницата, како и да стекнат вештини и ресурси потребни за да се стремат кон компетитивни работни кариери.
Во текот на...
Post Views: 3
На почетокот од судскиот процес за кумановските настани во „Диво насеље“ адвокатите на обвинетите побараа негово одложување, пренесува „Телма“.
Тие бараа Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева да го преземе случајот, а исто така побараа и психијатриско вештачење за своите клиенти.
Судот ги отфрли барањата на адвокатите, со образложение дека Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева досега не доставила барање за преземање на овој случај, ниту пак пројавила интерес за него.За барањето за психијатриското вештачење, судот образложи дека од ниту еден од затворите...
Post Views: 7
Рускиот нафтен гигант Лукоил и неговиот американски партнер Коконо Филипс изразија подготвеност да работат на развој на наоѓалиште на нафта во Ирак.
Според руските медиуми, за ова станало збор за време на неодамнешната посета на првиот човек на Лукоил Вагит Алекперов на Ирак.
Притоа, тој ги информирал ирачките државници дека руската компанија е заинтересирана за наоѓалиштето на нафта „Западна Курна 1“, на кое би работела согласно локалните закони
Руските претпријатија, вклучувајќи го и „Лукоил“, беа многу активни во Ирак во времето на Садам Хусеин.
{loadposition...
Post Views: 15
Охридски средношколци ќе дебатираат за климатските промени во Брисел. Охридското средното стручно училиште „Св.Кирил и Методиј“ е избрано како претставник на РС Македонија во извлекувањето кое се одржа на 27 ноември 2019 во Брисел. Во посета на училиштето СОСУ„Св.Кирил и Методија“-Охрид, беше Г-дин Роман Хакен, член на Европскиот економски и социјален комитет, за да подготви делегација на студенти на трибината „Твоја Европа, Твој збор“ (Your Europe Your Say), за Европската младина која ќе се одржи подоцна во Брисел во март 2020 год . Г-дин Хакен ќе работи со нашите...
Post Views: 3
Коалиционите партнери ВМРО – ДПМНЕ, ДУИ и ЕВН и оваа година исто како и минатата, се обидуваат да го блокираат образовниот процес во Струга, од причини кои им се познати само нив, обвини градоначалникот Зијадин Села. Општината подготвена е да го плати долгот за електрична енергија доколку ЕВН тоа им го овозможи на рати, истакна градоначалникот. Тој нагласи дека минатата година како Локална самоуправа презеле одговорност да го платат долгот кој изнесувал 6 300 000 денари заклучно со месец ноември 2014, кој се исплатувал на рати како што тврди Села. Но во меѓувреме бидејќи...
Post Views: 12
Терористичката мрежа „Ал Каеда“ ги повика муслиманите на света војна против кинеските „освојувачи“ одговорни за колежот на Ујгурите во покраина во западна Кина.
„Атеистите криминалци, долго време се користеа со зли и брутални средства против муслиманите во Туркистан“, рече Абу Јахја ал Либи, кој што понекогаш го претставуваат како командант на Ал Каеда во Авганистан.
„Илјадници муслимани се убиени, а за тоа никој не знае“, рече ал Либи во 20 – минутната порака посветена на Ујгурите во Кина.
Ујгурите, историски и јазично поврзани со туркофоните народи во централна...
Post Views: 6
Од почетокот на годинава е отворен шелтерот за згрижување на жртви од семејно насилство во Охрид. Во него моментално е сместена една мајка со четири деца. Специлијазираниот сервис е опремен по сите стандарди и има капацитет за згрижување на вкупно 12 лица. Во него привремено ќе се сместуваат жртви од регионот Охрид, Струга, Кичево и Дебар. Тие се под постојан надзор на стручни лица, придружени одат на лекар и во школо. Во близина на центарот, кој заради безбедноста на жртвите се држи во потполна тајност е отворено и Советувалиште за ресоцијализација на жртвите....
Post Views: 1
Европскиот парламент(ЕП) денеска ќе расправа за загрозувањето на слободата на медиумите во Италија.Одлуката на ЕП беше донесена и покрај противењето на пратениците на десницата, а две политички групи побараа усвојување на европски закон со кој би се заштитил плурализмот на медиумите.
Пратениците на десницата, кои ја сочинуваат најголемата група во Европскиот парламент, вчера претрпеа два пораза.
Најпрво, европарламентарците го отфрлија барањето на десницата да не се одржи расправа за слободата на медиумите во Италија планирана за денеска. Потоа, пратениците од редовите...
Post Views: 8
Финализирана е конзервацијата и реставрацијата на куполата и на кровните покривачи од црквата св. Богородица Захумска која датира од 1361 година. Со конзервацијата на покривната конструкција и со замената на транзените се обезбедуваат основните предуслови за заштита од атмосферските влијанија и појава на влага во самата црква која делува деструктивно на архитектурата и на ѕидното сликарство.
Во тек се подготвителните работи за отпочнување на активностите за статичко зајакнување на црквата, со што ќе се обезбеди целосна заштита на овој средновековен архитектонски бисер.
Проектот...
Post Views: 1
Слаба е посетеноста на Инфо центарот кој постои во рамките на НУ НП Галичица. Прекрасно уредениот простор за едукација и за купување сувенири не е доволно искористен. Идејата за неговото постоење е да се подигнува јавната свест за еколошките вредности кои ги има овој национален парк, напоменува Андон Бојаџи од НУ НП Галичица. Од десетината општински училиша во Охридско и од регионот досега нема интерес за едукативни посети, напоменува Бојаџи.
„Досега немало организирани посети. Тоа најчесто биле случајни и не биле системски. Тоа се должи и на слабиот персонален капацитет...
Post Views: 3
Австриската авиокомпанија Флај Ники, доби привремена дозвола од 1 февруари идната година да извршува летови на релација Белград-Виена, објави денеска Политика.
Најевтиниот билет во чија цена е вкалкулирана и аеродромската такса ќе чини 29 евра. Таа компанија која е во сопственост на поранешниот возач на Формула еден, Ники Лауда, подолго време се обидуваше да отвори авионска линија од Белград до Виена.
Според очекувањата, до крајот на годината Флај Ники ќе превезе 2,6 милиони патници и ќе оствари обрт од 275 милиони евра. Следната година австриската нискобуџетна компанија...
Post Views: 0
ОСУ „Свети Климент Охридски“ деновиве доби нов училишен инвентар. Во сите училници, старите зелени табли за пишување се заменети со нови училишни бели табли.
Исто така набавени се 120 столчиња, 100 училишни клупи и спортска опрема која е наменета за спортските активности во рамки на наставата.
Вкупната инвестиција за набавка на училишната опрема изнесува 300.000 денари, а средствата се обезбедени од буџетот на Општина Охрид.